Коментари

ЕУ е замислена како заедничка татковина на европските народи

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Македонија треба  да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми

Европа каква не ја познаваме

Тргнувајќи од меѓуетничките односи, ако Македонија релативно успешно, врз основа на стекнатото искуство низ историјата, ги надминува сите меѓуетнички и меѓурелигиски проблеми, тогаш Македонија треба  да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми.

Сакаме да влеземе во Европа, да бидеме дел од европското семејство, да бидеме дел од единствениот европски простор без внатрешни граници и да бидеме еден од еднаквите народи. Така барем ни е прикажана и така ја замислуваме. Всушност тоа беше и целта на европјаните кои мечтаеа за заедничка татковина.

ЕУ е замислена како заедничка татковина на европските народи,

Евроската унија требаше да ги испегла разликите помеѓу луѓето од северот и југот, истокот и западот. Во вака замислената Европа секој требаше да ја добие еднаква шанса.

За жал, од самото формирање кога шест земји, Франција, Западна Германија, Белгија, Италија, Холандија и Луксембург ја создадоа Европска заедница, па до денес кога таа има 28 членки, поедини  малцинства  немаат никакви права или имаат помали права за разлика од мнозинските народи. Ваквите случаеви посебно дојдоа до узраз со проширувањето на ЕУ со државите од т.н источен блок. Се создаде  клима дека малцинствата кои заради економски или историските околности се нашле надвор од своите матични заедници, се криви за сите проблеми со кои соочуваше мнозинското население.

Типичен пример на дискриминаторски однос на европјаните кон малцинствата  е однос кон Ромите, „народот без држава“. Во некои европски држави се прават вистински бедеми, зидови со кои Ромите се држат понастрана од мнозинското население. Никој не ги праша како им е, а тогаш кога ќе побараа подобри услуви се испречува полицијата. Секој нивен обид да најдат подобри услови за живот во некоја од европските земји е спречен.

Но не се градат само зидови на раздвојување кон Ромите.

Се градат и према други етнички заедници, малцинства и верски заедници. Сепак треба да напомене дека не секаде се градат бетонски зидови за раздвојување но бариерите постојат во главите на европјаните. Создавањето на вакви бариери, враќањето на Ромите или на други припадници на етнички заедници, неминовно го наметнува прашањето за прекршување на еднаквоста и основното европско право за слободно движење на сите жители на Европската унија.

Проширувањето на ЕУ отвори многу горливи прашања на малцинските заедници, кои дотогаш беа пригушени. Се отворија териториторијални прашања, а аспирациите на поедини земји се зголемија.  На пример Унгарците кои се малцинство во Романија, Србија, Хрватска и Словачка, подржани од матичната земја, сметаат дека не ги уживаат доволно своите права и дека сето тоа ќе се надмине по соединувањето со матицата. Се поставија барања за истакнување на националните обележја, образование на мајчин јазик, сопствена религија, но сепак сето тоа се само почетни барања..

На ваквите барања, некои засегнати земји на пример Грција, се обидува да се најде начин како да се реши од Македонците и Албанците. Некои пак инсистираат да се воведат закони со кои сите жители на државата, без разлика на националната или етничката припадност мораат да го користат официјалниот јазик,  во спротивно би морале да платат драконски парични казни.  Балтичките земји пак сакаат да се решат од советското наследство, притоа заборавајќи на правата на етничките заедници.

ЕУ засега не успева да изнајде решение за соспствените проблеми, а не да решава нови.

Отука не треба да не чуди нејзиниот однос кон Македонија од која бара најпрво да го реши спорот со Грците пред да стане членка на ЕУ.. Но зачудува фактот што ЕУ своите забелешки ги насочува кон нас наместо кон Грција, која како нејзина членка ги крши сите договори и норми на меѓународното право.

Македонија не поставува зидови, со кои би ги двоела другите етнички заедници.  Ромите во Македонија имаат своја општина, со свој градоначалник, заменик министер и е единствен пример во светот. Правата на Албанците и другите малцинства се многу поголеми од било кои права што ги имаат другите етникуми во било која друга европска земја.

Тргнувајќи од меѓуетничките односи, ако Македонија релативно успешно, врз основа на стекнатото искуство низ историјата, ги надминува сите меѓуетнички и меѓурелигиски проблеми, тогаш Македонија треба  да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top