Коментари

ПРОТЕСТ, НА 21-ЈАНУАРИ, НЕДЕЛА ОД 13:00 ПРЕД СОБРАНИЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА

2

2

ПРОТЕСТ, НА 21-ЈАНУАРИ, НЕДЕЛА ОД 13:00 ПРЕД СОБРАНИЕ НА Р.МАКЕДОНИЈА

Мили браќа и сестри македонци,

сите вие кои што си го милувате сопствениот македонски идентитет (име, јазик, нација, историја, култура, традиција, обичаи) татковина,слобода,сувереност,независност,унитарност,мир,правда, просперитет на македонскиот народ и држава,

Ве повикуваме на ПРОТЕСТ!

Протестот е против оваа насилна и недемократска, режимска, диктаторска власт,која што не ги почитува Уставот и законите на Р.Македонија, а владее со уцена и примена на сила, и на секој можен начин го поништува македонскиот идентитет потпишувајќи разни договори што се во апсолутна корист на сите наши соседи а на директна штета на Македонија и македонскиот народ.

Против оваа хунта што се откажува од македонскиот идентитет,прифаќа ново име и нов идентитет на нашата држава и народ, со што ја поништува македонската нација која живее со векови уште од пред нашата ера и е 33 пати запишана во Библијата.

Против оваа насилна власт што усвојува закони кои се дел од тиранската платформа, како што е закон за двојазичност и останати барања со што се менуваат Уставот и законите на Р.Македонија а тоа е чекор поблиску до уништување на Македонија, нејзина поделба и прекројување на границите. Чекор поблиску до уништување на Македонија и македонскиот идентитет а со цел создавање на нови големи држави – сонот на нашите соседи…

Ве повикуваме браќа и сестри на ПРОТЕСТ против оваа хунта што ослободува убијци и криминалци од затвор а врши терор врз македонскиот народ.

Против оваа хунта што ветуваше Живот,а донесе горчина, болка зголемени цени и сиромаштија.

Против оваа хунта која наместо нови вработувања, брка вработени со што и им ги уништува семејствата!

Против оваа хунта што работи за доброто на сите а на штета за Македонија и македонскиот народ!

Браќа и сестри,дојде време да го засилиме нашиот глас,да се зачуваме во единство, мир и слобода за сите,

ЗА СЛОБОДНА, СУВЕРЕНА, НЕЗАВИСНА, ДЕМОКРАТСКА, УНИТАРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top