Коментари

Протестите во Солун покажаа дека изминатите две и пол децении ништо не се сменило во менталитетот на Грците

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Неделните протести во Солун покажаа дека изминатите две и пол децении ништо не се сменило во менталитетот на Грците. Поттикнати од националистите и грчкото свештенство, околу стотина илјади протестанти, пред наводната опасност од Република Македонија, порачаа дека нема да дозволат Скопје да го монополизира името на Македонија и да им ја краде историјата, а исто така дека „Македонија која била татковина и лулка на Грците’ ќе остане грчка.

На протестите во Солун беше запалено македонското знаме, а ден потоа преку грчките медиуми беше пласирана карта на поделена Македонија, меѓу Грција, Бугарија, Србија и Албанија, што преставува дополнителен притисок врз нашата земја да прифати име со кое би се избришал македонскиот идентитет.

Овие протести се случуваат откако под притисок на меѓународната заедница се интензивираа напорите на Скопје и Атина да изнајдат взаемно приватливо решение за спорот за името за да може Македонија што поскоро да влезе во НАТО.

Во контекст на спорот околу името меѓу двете земји, треба јасно да се потенцира дека името на Македонија не преставува никаква закана за Грција. Едноставно кажано македонскиот народ нема територијални претензии кон грчката територија и не може воено да се носи со јужниот сосед, чија армија е далеку понадмоќна.

Всушност целиот спор со Грција не се води околу името на Македонија, туку околу идентитетот на македонскиот народ, бидејќи таа не сака да признае постоење на македонско малцинство во Егејскиот дел на Македонија и правата на македонските бегалци од граѓанската војна (1946 – 1949).

Историските фактите ја демантираат Грција, кога вели дека името Македонија подразбира територијални претензии.

Имено, самите грчки политичари и интелектуалци, пред и по Првата светска војна, кога е санкционирана поделбата на Македонија од 1913 г., во повеќе наврати го имаат признато постоењето на македонскпот народ, македонскиот јазик и правото да го користи географското име Македонија.

Уште во 1919 година, кога е основана Лигата на народите, Грција презеде низа обврски дека ќе ги почитува правата на македонското население како национално малцинство.

На Балканскиот конгрес во 1929 година, Е. Венизелос, како премиер на Грција, не само што го потврдува постоењето на македонското малцинство во Грција туку и ветува дека тој лично ќе се заложи за задоволување на правата на тоа малцинство. Во својот таен меморандум од 12.02.1934 година до тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Максимос, тој истакнува дека Македонците не се чувствуваат ниту како Грци, ниту како Бугари.

Грчки извори од овој период го потврдуваат постоењето на посебен македонски народ. Повеќе автори и луѓе од политиката зборуваат за значителен број граѓани во грчка Македонија, кои зборуваат на еден јазик што тие го нарекуваат македонски, а луѓето кои го зборуваат овој јазик ги именуваат како Македонци.

Грчката левица отворено го признаваше постоењето на македонското малцинство во Грција, а Комунистичката партија на Грција во еден период ја издигна паролата за независна Македонија и Тракија.

Лидерот на левите либерали во Грција, Јоанис Софијанопулос, и бивш министер за надворешни работи на Грција, во септември 1950 година, во грчкиот парламент  признава дека во Грција има македонско малцинство.

Во ноември 1959 година, кога грчкиот парламент го ратифицира Договорот за погранична соработка меѓу Грција и Југославија, тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Авероф во парламентот го спомна и македонскиот јазик.

Европскиот парламент во извештајот од 1977 година вели дека во Грција има пет малцинстава, меѓу кои и македонското, дека во таа земја се зборува освен на официјалниот уште на 4 други јазици: турски, албански, влашки и македонски.

Грција, на Третата конференција на ОН за типизација на географските имиња, која, се одржа во Атина во 1977 година, ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, според која се усвојуваат меѓународните системи за латинична транскрипција на српско-хрватските и на македонските географски имиња со констатација дека во Југославија веќе одамна се применува предавањето на латиница на српско-хрватското и на македонското кирилично писмо.

Во 1982 година, на Четвртата конференција на ОН, што беше одржана во Женева, Грција наведе дека им дава подршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на ОН за типизација на географските имиња и предложи почитување на националните топоними, така како што се тие типизирани од компетентните органи за географски имиња во секоја одделна земја, што значи, Грција во 1977 и 1982 година со овие одборувања, ги призна името Македонија и македонскиот јазик.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 година, во време на најголемиот притисок на Атина врз Македонија (протестот во Солун и Лисабонската декларација во 1992 г), на 28 март 1993 година на седница на Грчкиот парламент, премиерот К. Мицотакис истакна: „Сите влади во земјата, досега, го поддржуваа ставот дека Скопје има право во името да го употребува географскиот поим Македонија“. На оваа седница Мицотакис ја обнародил и изјавата од 4 мај 1986 г. на Андреас Папандреу, тогашен премиер на Грција, кој, пред грчките офицери во Алекдруполис рекол : „Ние не се обидуваме да извршиме притисок врз Југославија да не го употебува терминот Македонија. Нивно право е како независна земја да прават што сакаат“.

Ова се само еден дел од аргументите кои укажуваат дека никоја нема право да ја натера Македонија да го смени македонското име и идентитетот. Ако се има во предвид дека ниту еден друг народ освен ние не го носел или присвоил македонско име, како и сите погоре изнесени факти се поставува прашањето зошто Атина води спор за името со една соседна пријателска и христијанска земја и во чиј интерес го прави тоа!?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top