Коментари

Заев со последните потези е за еднократна употреба

rubin jovanoski

rubin jovanoskiДипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Авторот на овој текст е новинар и довчерашенодбојкарски судија

Во текот на изминатата недела владејачкото мнозинство на чело со премиерот Зоран Заев во електронските и печатените медиуми помпезно најавуваше дека пред големиот христијански празник Вогојавление (Водици) ќе се случат два битни настани со кои се очекува придвижување во решавањето за спорот со нашиот Јужен сосед и нашите аспирации на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Првиот настан беше во јануари каде во Њујорк посредникот за името Метју Нимиц имаше средба со двајцата преговарачи и тоа Васко Наумоски и Адамантиос Василакис како што е познато помина на предлозите дадени од посредникот Метју Нимиц или жаргокски кажанотопло ладно за името на нашата земја.

Самата реакција по средбата на нашиот преговарач за името Васко Наумоски каде истиот во јавноста лиферуваше дека последниот предлог на посредникот во спорот за нашето Уставмо име е далеку од достоинствен.

Значи со еден збор кажано “бадијала“ беше празничката атмосфера по повод новата 2018 година на нашиот премиер Зоран Заев во Солун каде истата  ја пречека со тамошниот солунски градоначалник.

Законодавната и звршната власт кај нашиот јужен сосед не сакаат да чујат за зборот Македонија во нашето уставно име. Потврда за тоа се неделните големи протести во Солун каде доминантното грчко население кажа големо “не“ во врска со спорот со името на нашата земја.

Значи со спортски жаргон кажано Зоран Заев предводен со неговото владејачко мнозинство на чело со СДСМ доби гол со “5-та“, онаа истата на Амди Бајрам кога му ја даде на тогашниот лидер на плавите момчиња, мецената Бранко Црвенковски.

Наредниот ден, поточно на 18 јануари во посета на нашата земја беше генералниот секретар на Нато пактот, Столтенберг кој имаше средби со целиот македонски политички естаблишмент и на крајот се обрати пред народните избраници во Законодавниот дом.

Протоколот на премиерот Зоран Заев беше Столтенберг да се пречека со највисоки државнички почести.

Генералниот секретар на Нато Столтенберг, ја попали нашата земја дека истата има тргнато од мртва точка во сите сфери на општествено-политичкиот живот. Но, има еден според него мал проблем, а тоа е решавање на спорот со името со јужниот сосед. Во едни такви околности веднаш ќе добиеме сигнал за почеток на преговорите за влез во Нато пактот.

Повторно Зоран Заев со спортски жаркон кажано добро сервираше но доби струмичко одбојкарски кажано “кување“ од противничката екипа, во конкретниот случај од генералниот секретар на Нато пактот Столтенберг.

Со европско знаменце се “протурка“ и воедно, се изгласа Законот за употреба на јазиците во Републина Македонија. Законот помина во Законодавниот дом без учество на опозицијата на чело со ВМРО ДПМНЕ. Но, Претседателот Иванов не го потпиша Указот за законот за употреба на јазиците.

Господа обоени во плаво и со темни очила

Законот за употреба на јазиците не е во соогласност со амандаанот 5 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија.

Со донесувањето на Законот истиот се воведува во државни институции и меѓународни односи. Во Управни постапки.Од избрани и именувани функционери  исто така, употребата на албанскиот јазик ќе биде на највисоко ниво во Сообранието и Владата. Треба да се менуваат книжните и кованите пари, поштенските марки. Двојазичност на изгласаните закони и под законски акти. На крајот ако не се спроведува законот ќе има големи глоби.

Законот за јазиците ќе се донесе но владејачкото мнозинство треба да знае дека истиот ќе биде оспорен со жалба до Уставниот суд.

Исто така, во Законодавниот дом се ратуфикува Договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија каде што во одделни членови од договорот се негира македонскиот идентитет.

Владејачкото мнозинство треба да знае дека иако, по пат на ротација Бугарија до јуни ќе претседава со Европското семејство, самата како најсиромашна членка во Унијата има глас како “раштимана жица“.

До кога највисоките државни органи ќе глумат дека се демократи во сопствената земја а од друга страна прават во вистинска смисла на зборот продавање на македонските национални интереси.

Времето минува, ракометната Репрезентација на Македонија на Европскиот собир во Хрватска победуваше, а Заевата дружина на сопствен терен е катапултирана од своите губитнички потези со соседите.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top