Коментари

НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

ПОТЕКЛОТО И ДРЖАВЈАНСТВОТО

Ќе направиме мала опсервација на темата за потеклото и државјанството за да дојдеме до поентата на идентитетот и името.

Живееме во свет на нации како држави. Не постои анационална држава во светот. Па и национализмот не е ерес, национализмот е љубов кон нацијата. Се разбира национализмот не како шовинизам, расизам, нацизам и фашизам. Нацијата го инкорпорира етносот кој е мнозинство во државата. Етносот е носителот на државноста, тој ја гарантира унитарноста и границите на територијата. Ние за “етнос” велиме “народ”, како луѓе од ист род и пород кои говорат ист јазик, имаат иста култура, традиции и обичаи, живеат компактно на определена територија која ја оградиле со граница како држава, во државата воспоставиле организирана власт на таа територија. Впрочем и “етнос” не е грчки збор, доаѓа од македонскиот збор “едно” коешто Грците го читаат како “ефно” оттаму и “етно”.

Во грчкиот толковен речник речиси за 90% од зборовите пишува “археа” што значи така затекнати, без објаснување за потеклото на зборот. Кога ќе ги избришете додавките “ас”, “ес”, “ос” на грчките зборови, ќе дојдете до македонските корени. Од “пат” “патос”, од “род” “родос”, од “сам” “самос”, од “друм” “друмос” итн. За разлика од македонскиот јазик, во кој зборовите се слоговни и мисловни со значење род, по-род, од-род, из-род, на-род, род-ител, род-ина, од еден се формира композиција од зборови со додавање на слогови, но секој збор со етимологија, со свое значење. Во грчкиот јазик ова правило не важи.

Македонија никогаш во својата историја не била грчка! Грција до Балканските војни 1912-1913 година била до Олимп. Грција за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Затоа и ден денешен Македонија под окупација на Грција е под духовна јурисдикција на Цариградската Патријаршија… Грчкиот крал Отон Први после Букурешкиот договор од 10 август 1913 година издава декрет на грчката Влада “да воспостави времена управа на окупираните територии во Македонија”. Со Балканските војни 1912-1913 година Атина започнува да врши геноцид врз Македонскиот народ во окупираниот дел од Македонија. Прави размена на население со Бугарија и Турција на верска основа, во куќите на насилно прогонетите Македонци доселува православни туркофони од азискиот дел под Турција, од планината Понд, врши промена на етничката карта на населението, со владин декрет се менуваат топонимите, оронимите и хидронимите, се менуваат личните имиња и презимиња на Македонците, ги рушат старите цркви заради бришење на трагите од културното наследство, индоктринацијата ја вршат преку клирот на Грчката Црква, вршат брутална денационализација и асимилација на преостанатите Македонци, со ликвидација или интернација…

Промената на имињата и’ е веќе добро испробан рецепт на Атина. Истото тоа то бара и прави денес и за државата Македонија со територија којашто остана ослободена после Втората Светска Војна, со цел легализација на грчката окупација врз Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ.

За наједноставно да се разбере: Атина денес пред светот врши замена на тези. Вели, името на државата Македонија мора да се промени бидејќи имплицира иредентизам кон истоимената северна провинција на Грција.

Всушност не станува збор за македонски иредентизам кон истоимената северна провинција на Грција, туку за грчка окупација врз Македонија и грчки геноцид врз Македонскиот народ.

По таа аналогија, зарем името на северната провинција на Грција не прејудицира грчки иредентизам кон државата Македонија? Зошто Атина не го менува името на нивната северна провинција која ја окупираа за првпат во својата историја во 1913 година? До распаѓањето на Југославија, Грција имаше Министерство за Северна Грција, отпосле го променија во Министерство за Македонија, Епир и Тракија, отпосле почнаа се’ да преименуваат во Македонија и македонско, дотогаш зборот Македонија кај нив не постоеше за да се заборави окупацијата и геноцидот.

За жал, домашните квислинзи во Македонија отворено работат за грчките интереси, тоа дури и не го кријат, што би рекол Фрчкоски.

Ниту една влада досега, ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ не ги отвори прашањата за окупацијата и геноцидот пред светот а во врска со односите со Грција. Веројатно грчката влада добро плаќа. Свежи се сеќавањата од мемоарите на Киро Глигоров за митото, милиони и подароци од Атина, преку Грилакис и Фрчкоски, Македонија да се откаже од името на државата.

Работата е: Бегајте, доаѓаат нашите, сега ќе ни ја расплакаат мајката… На обвинувањето од Атина за “скопски иредентизам” ниту една Македонска влада досега не возврати со грчката окупација врз Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година. Никако да му објасниме на светот кој од кого што украл и се’ уште краде.

И конечно, до поентата на насловот од коментаров.

Секоја промена на името на државата по автоматизам го менува идентитетот на нацијата, бидејќи по меѓународно право националноста (што значи државјанство а не етничко потекло) се определува од името на државата! Соодветно, во новите биометриски пасоши, лични карти и возачки дозволи, во графата националност на сите им пишува Macedonian, затоа што сите со пасош на државата Македонија за цел свет се Македонци! И натурализиран црнец од Африка, независно од неговото етничко потекло, кој поседува македонски пасош, за цел свет ќе биде Македонец и ништо друго освен Македонец! А, тоа го знаат и Албанците во Македонија: По потекло се Албанци ама за цел свет по државјанство се Македонци!

Заклучок: името на државата е идентитетот на нацијата! Промената на името на државата по автоматизам го менува името на националноста! Тоа е интересот на Атина, Македонија од етнологија да ја демонтираат во географија, за да го бетонираат непостоењето на Македонците во светот, во Републикава и кај нив во Грција.

Затоа, безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за името на државата и продолжување на членството во Обединетите Нации сега и веднаш под името МАКЕДОНИЈА!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! НЕ во ЕУ! НЕ во НАТО!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top