Коментари

Смешно е да се помисли дека името Македонија преставува закана за Грција!?

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

По повод одбележувањето на 105-годишнината од ослободувањето на градот Јанина од османлиското владеење, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој присуствуваше на церемонијата, упати заканувачки пораки до Македонија. Тој качен на тенк ќе рече дека: „Ние Грците … знаеме како да се браниме кога е потребно и против сите… Грција е мирна сила која ги почитува своите пријатели, но никогаш не се плашеше од своите непријатели, а нејзините вооружени сили се во позиција да го докажат тоа во секое време“, Упатувајќи ги заканите кон Македонија, Павлопулос вели: „Името што сакаат да го користат и кое е и во нивниот Устав е име што брутално ја фалсификува историјата и поради тоа зрачи со ирационалност, не е во согласност со меѓународното право, со Повелбата на НАТО и со европското законодавство“,

Не е првпат грчкиот претседател да обвини дека Македонија ја краде грчката историја и дека користењето на терминот Македонија преставува закана за грчките територии. Исто така не е првпат Грција да се заканува со воена сила доколку Македонија не го смени името.

Воените правокации започнаа уште по осамостојувањето на Македонија, кога грчките воени авиони повеќе пати го нарушуваа македонскиот воздушен простор, а во близината на грчко-македонската граница грчката армија вршеше воени вежби уништувајќи ги нивите на Македонците кои живеат во пограничниот дел на Егејска Македонија.

Иако помина речиси цела декада сеуште не се заборавени заканите на грчките војници кои на воените паради по повод Денот на независноста на Грција (2008, 2010 година) извикуваа антимакедонски, антитурски и антиалбански пароли.

На тогашните расистички и фашистички закани на грчките војници, кои пееја дека „Тие се Скопјани, тие се Албанци, ќе си направам облека од нивната кожа, ќе се лее крвта на албанските свињи“, никој не реагираше од меѓународната заедница, како што не реагира ни сега кога грчкиот претседател качен на тенк повторно и се заканува на Македонија.

Молчењето на ЕУ и НАТО во целиот овој период на грчките провокации не само против Македонците туку и против Албанците покажува дека тие се ставаат на страната на Грците.

За Атина „Македонија е грчка, а во вените на Македонците тече грчка крв“. Поради тоа, како што велат, Атина нема да дозволи името Македонија да го користи Скопје бидејќи го загрозувало територијалниот интегритет на Грција.

Се поставува прашање како една мала земја како Македонија, може да ја загрози Грција. Имено Грција има 11 милиони жители, наспроти 2 милиони жители на Македонија. Грчката армија располага со околу 160.000 припадници на активниот состав и над 250.000 резервисти, додела Македонија има 8.000 активни војници и 16.000 резервисти. Грчкото воено воздухопловство располага со 600 воздухоплови, од кои само 200 авиони ловци и 30 – тина борбени хеликоптери, наспроти 16 македонски. Македонија има 30 – тина тенкови и над 300 борбени возила, додека Грција само тенкови има повеќе од 1.300 и над 4.000 борбени возила.

Ако го погледенеме односот на силите на македонската и грчката армија, зачудувачки е стравот на Грција. Македонија сама или пак заедно со било која соседна балканска армија не може да и парира на декларираните воени сили на Грција, а не пак да размислува за воена агресија на јужниот сосед. Со оглед на борбената моќ на двете армии, денес е дури смешно да се помисли дека името Македонија преставува закана за Грција или дека македонската армија може да го поврати Егејскиот дел на Македонија.

Меѓутоа, иако нас и на многумина им изгледаат смешни тврдењата дека преставуваме закана по Грција, очигледна е последица грчката патолошка шизофрена параноја. По се изгледа дека таа останала во нивниот ген уште од времето на Филип и Александар Македонски, па затоа денес бараат да се острани во Македонија се што потсетува на нив. Името Македонија како да е тригер кој кај Грците предизвикува страв дека секој момент може повторно да оживее вионот на коњ на скопскиот плоштад, скулптурата на неговиот татко и македонската фаланга и дека со македонската флота закотвена на кејот на Вардар ќе тргнат повторно во освојување на грчките земји. Налудничаво, но можно кај генетски предизпоциониран страв. За жал, иако медицината од антиката до денес отишла многу далеку, тука изгледа лек за Грците нема.

Оттука, во овој ирационален спор околу името, наместо да се развива пријателство меѓу двете соседни земји, Грција повеќе од две и пол децении во спорот околу името, ги подгрева тензиите на овој дел од Балканскиот полуостров. Но, таа нема само проблем со Македонија, туку и со Турција (островите), Албанија (водената граница), а во поново време и со Бугарија!? Со својата непопустлива и непромислена надворешна политика, таа се повеќе станува фактор на нестабилност кој може секој момент да го запали фитилот на Балканското буре барут.

Се додека Грција не прими шокова терапаја за да свати дека Македонците нема да го сменат името и дека самото име не преставува никаква закана по грчкиот територијален интегритет, се додека наместо признавање и создавање на пријатели создава непријатели околу себе, се дотогаш Атина ризикува да ја доживее судбината на еден шизофрен пациент со суицидни идеи – летален крај.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top