Коментари

Гледај чедо, дијаспората не нè дава, дијаспората нè брани!

gordana-dimovska

gordana-dimovska
Гордана Димовска

Не постои место во светот каде не живее Македонец, па многу јасно е да се виорат македонски знамиња и кога сакаат да го искажат својот револт за одредени ситуации, кризи, неправди во Македонија, земјата во која се родиле но и земјата за која им зборуваат на своите деца.

Без разлика каде и да е човек, во која земја живее, секогаш си го носи она своето куферче полно со култура, традиција, јазик, историја, менталитет, придобиени во родната земја за подоцна да бидат пренесувани на наредните поколенија.

Сите нации кои живеат во Австралија секогаш со гордост зборуваат за своите потекла, но не мора ни да зборуваат, доволно кажуваат нивните традиции изразени преку јадењето, носиите, музиката, јазиците кои ги зборуваат. И да се оддели детето од своите родители, врската е нераскинлива.

Многу коментари повторно на сметка на дијаспората? Зарем не ни се доволно делења на секоја основа, дали сме богати, сиромаси, високо или ниско образовани, селани или граѓани, партиски определени, ние сме Македонци. Доколку не се гледаме со почит туку со омраза, сами себе се уништуваме.

На кого му пречи дијаспората? Сигурно на оние кои растураат, сквернуваат споменици, прават шарени револуции, се сметаат подобри од другите и ставаат сопки на се друго што е напредно, плукаат против своето и каде и да се, исто функционират – против својот сонародник. Кој може да и го скрати правото да биде тоа што е, да се чувствува Македонец и да лобира за доброто на Македонија во земјата во која живее? Е па тие се токму ваши роднини, пријатели, сонародници, кои во најтешкото ви помогнале, влеваат девизи во македонските банки и јакнат економијата, тие се оние кои еден ден ќе сакаат пак да се вратат во родните огништа. Кога Јапонците играат и пеат македонски песни и ора, се восхитуваме и гордееме, зарем Македонците родени во Македонија не смеат да го прават тоа? Не смеат да изразат грижа за состојбата во родината? Каде и да одиш прво прашање е Од каде доаѓаш, кое е твоето потекло? Кој јазик зборуваш? Секому треба да е јасно ова и да си има расчистено досега дека треба со почит и љубов да гледа на иселениците, своите браќа и сестри. Доста и беа на Македонија окупации, немири, конфликти, негирања, сето тоа го чувствуваат и иселениците на своја кожа.

И никој да не се чуди зошто станале да демонстрираат, станале затоа што длабоко ги вознемирува неправдата низ вековите, и неспособноста на политичките лидери да го штитат она кое секому му е битно – зачувување на идентитетот како Македонци.

Кога бев дете, татко ми гледаше на телевизија демонстрации во Австралија од страна на македонската дијаспора и со солзи во очите ми рече: Гледај чедо, дијаспората не нè дава, дијаспората нè брани! Татко ми гледаше спас во дијаспората, денес и јас неговата ќерка сум дел од таа дијаспора, организатор и учесник во демонстрации кои мојот татко веќе не може да ги види но го чувам неговиот спомен и неговите зборови како завет дека каде и да сум, ќе работам за доброто на Македонија како Македонка.

Токму Македонците од иселеништво во деведесетите години ја почна борбата за самостојна Република Македонија. По 28 години, на 4 март, 2018, поторно се кренаа Македонците во целиот свет – Македонци во одбрана на својот идентитет. Пораките беа скоро идентични во секој град:Стоп на преговори, Името е наше право, стоп на грчкиот геноцид.

Овојпат протестите одекнаа најсилно и беа пренесувани на сите државни телевизиски канали о Австралија. Овојпат треба да го доиграме орото и да победиме во името на она што сите не обедини – Македонија. Со Македонија никој повеќе не смее да тргува.

Дијаспората е и треба да се гледа како битен политички субјект кој допринесува за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура, обичаи, традиции надвор од своите огништа.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top