Коментари

Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„ … Ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот. Од името на „Клетвата за верност на Албанија” ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ.“ – се вели во дел од Апелот на „Албанско-македонската револуционерна лига“ од 1887 година.

По повод обидот на албанските претставници и нивните македонски коалициони партнери во Собранието на Македонија, да го протнат протиуставниот Закон за употребата на јазиците, кој произлезе од Тиранската платвформа, а со кој на мала врата земјата се федерализира, време е уште еднаш да ги потсетиме Албанците и Македонците на текстот од документот „Албанско-македонската револуционерна лига“ од 1887 година.

Имено, меѓусебните и сродните интереси на Македонците и Албанците создале во минатото нужни и неопходни елементи за изнаоѓање поволни патишта за спас од османската тиранија и за канализирање на борбата за национално и социјално ослободување. Ова настојување прераснало во обидите да се определи заедничката платформа за поставување на основите на едно единствено македонско-албанско националноослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година со создавањето на Албанско-македонска револуцнонерна лига. Лигата има составено „Апел” и дејствувала преку свои емисари во Албанија и Македонија. „Апелот” е упатен кон жителите на Албанија.

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. – Гласник 1Х/2 (1965), стр. 117; (Ракописен оддел ИРЛИ, ф. 325, д. 202. 1.1/).

Во текстот на „Апелот” кој се објавува во целост се вели:

„Браќа,

По многу обиди што ги преземавме за да и помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заеднички акции со нив за ослободување на нашата древна и страдалничка татковина.

На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на тие што живеат во Македонија Господ им помогна праќајќи им го човекот по име Паница, кој се прослави како херој, слично на тоа како што некогаш беше познат нашиот голем херој (Скендербег) Георги Кастриоти. Овој човек е верен на своето дело и затоа сите војводи на Македонија се обединија околу него и едногласно го признаа за свој командант.

И ние, кога разбравме за тоа, се израдувавме и се здобивме со почит кон тој брат, вториот Скендербег, и под негово раководство го почнавме нашето свето дело. Господ му помага, неговото срце е преполно со благородни идеали и ние, обединувајќи се братски со Македонците, се зафативме со општа работа. Под командата на мајорот Паница ние ќе се бориме за ослободување на татковината на Македонците и нашата татковина без разлика на верата, затоа што сите ние сме браќа на една земја и сврзани сме со една идеја.

Заради нашата цел беше создадена овде „Албанско-македонска револуционерна лига”, беше составен и устав и програма. Ние ќе ви го испратиме уставот на лигата штом ќе добиеме поволен одговор на ова наше писмо.

Ако ја знаете географијата на Македонија и Албанија, нивната измината историја, нивната блискост, обичаите и нивните политички интереси и ако ни поверувате, тогаш одобрете ги нашите дела и во скоро време присоединете се кон нас и укажете ни ја својата помош.

Сметаме за потребно да ви кажеме дека создавањето на „Албанско-македонската револуционерна лига” под паролата „Слобода или смрт” е единствен пат за да се помогне нашето дело. Ние многу пати говоревме за тоа нo не го остварувавме, а сега конечно го остваривме тоа дело.

Нашето дело за ослободување ќе го остваруваат Албанците заедно со Македонците, дејствувајќи заедно, без разногласија, под еден устав, под едно знаме и ќе се бориме за утврдување на самоуправа во нашите две области. Покрај тоа, тука има многу благородни луѓе што се готови да ни помогнат во нашето свето дело и искрено да се грижат за самоуправувањето во нашата татковина.

Дејствувајќи во братско единство, ние ќе можеме брзо да го исплашиме големиот стамболски управувач и ќе постигнеме Европа да биде кон нас благонаклона и да ги признае нашите права. Затоа може да се верува дека нашата цивилизираност ќе стане позната и нам ќе ни помогнат и нема повеке да не задржуваат во ропство во кое се наогаме веке неколку векови. Во Бугарија постои девизата „Просветувањето го прави човека голем.” И ние ќе ја земеме таа девиза и со името на Господа ќе ги извојуваме нашите права.

Известувајќи ве за се, ние ве повикуваме да се присоедините кон нас и да застанете под гордото знаме на Албанија и Македонија.

Пред се ве известуваме дека не претендираме на многу: ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот.

Од името на „Клетвата за верност на Албанија” ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ. Бидете претпазливи и за сега не покажувајте им го овој документ на недоверливи лица, туку само на верните Албанци.

Ние очекуваме од вас љубов кон татковината и нашиот народ, кон нашетб свето дело, чекаме во најскоро време поволен одговор.

Ваши срдечни браќа по крв и клетва.“

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. – Гласник 1Х/2 (1965), стр. 113-118.)

Оваа клетва во која се колнат во точноста на се што е изложено во овој документ.се споменува и во едно свидетелство издадено на македонскиот деец Исаија Мажовски (наречен и Исак Р. Општи) од Лазарополе, кој се обидувал да крене македонско-албанско востание против Османлиите (И. Г. Сенкевич, Ор. cit., 114-117).

На чело на ова востание требало да биде Коста Паница (1855-1890) кој е бугарски вoен и политички деец. Во 1885 година учествувал во обединувањето на Источна Румелија со северна Бугарија, Учествувал во Српско-бугарската војна во 1885 година и командувал со 400 македонски доброволци и затоа бил наречен „Командант на сите македонски војводи”. Тој се мешал во македонските работи и учествувал во формирањето на оваа Лига. (И. Г. Сенкевич, Ор. сit. 114)].

(извор: „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Скопје, 1981, стр: 274 – 276)

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top