Коментари

Доста со лигавење

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

При неодамнешната посета на Република Македонија, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас донесе непристојни предлози за нашето име, како на пример слеано име на македонски јазик и без превод и барање да се промени македонскиот Устав бидејќи според праксата на европските уставни судови националните устави се над европското и меѓународното право. Речиси истовремено грчкиот премиер Алексис Ципрас на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, рекол дека посакува следниот пат таа да се претстави како новинарка од Горна Македонија. Неразумни притисоци и уцени од страна на Грција!

Рекцијата по повод одговорот на Ципрас покажува дека кога се во прашање грчките интереси, грчките партии и новинари се единствени. Тие веднаш реагираат и при самото споменување на името Македонија. Грчката опозициона Нова демократија по повод одговорот на грчкиот премиер дека сака следниот пат дописникот на МИА да се претстави како новинарка од Горна Македонија, преку соопштение побара од Ципрас да стане сериозен и да ги разбере неговите национални одговорности.

Всушност, никој од преставниците на грчките власти воопшто не смее да го спомене името Македонија, бидејќи повеќе од половината Грци националистички задоени не прифаќаат терминот „Македонија“ да стои во конечното решение за името на нашата земја. Оттука и при посетата на главниот град на Македонија, грчкиот шеф на дипломатијата на прес конференција ниту еднаш не го спомна името Македонија.

Под маската на љубезност, шефот на грчката дипломатија Коѕиас како каубоец му го подметна документот на владата на Заев за да македонскиот народ одбере на кој и каков начин сака да се самоубие. Додека Коѕиас цинично се смешкаше, збунетите македонски преставници од власта и медиумите се лигавеа пред јавноста, наместо јавно да го избламираат за овој неморален уценувачки предлог. Шафот на македонската дипломатија дури јавно се праша како да му го каже на својот народ грчкиот предлог дека сложено име со некаква одредница, заедно со името Македонија, во еден збор е добро решение!?

За какви предлози се работи најдобро говори изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, изјави дека името Славомакедонија, слеано, не е прифатливо решение за спогодба.

Се прашуваме до кога со лигавње пред странците! Доста со молчење на македонските власти и медиуми! Доста е со држење на глава во песок пред нивните уцени и закани! Доста со изживувањето на Грција! Доста со двојните страндарди на ЕУ, НАТО и САД!

Македонските преставници треба отворено да им кажат на Грција, ЕУ и НАТО, дека нема менување на името и Уставот.

Македонскиот народ одамна се изјасни за евроатлански интеграции, а ЕУ и НАТО ако не’ сакаат во нивно друштво, треба да не прифатат онакви какви што сме, да не примат како Република Македонија држава на македонскиот народ и сите други етнички заедници кои живеат во неа, со права какви што немаат во ниту една друга земја.

Време е ЕУ и НАТО да престанат да го манипулираат македонскиот народ. Македонија одамна беше подготвена за отворање на преговори, но преговори сè уште нема.

Зарем Македонија, чии војници учествуваа во мировните мисии во Босна, Ирак, Авганистан и каде со своите животи ги бранеа своите сојузници заслужува да биде уценети од Грција, НАТО и ЕУ за да го смени името.

Не господа! Доста е! Доста ни е и од корумпирани политичари и од кординирани притисоци со Албанците, кои по надворешна команда ни подмнетнуваат кукавички јајца како што е Законот за употреба на јазиците.

Зарем го сметате македонскиот народ глуп? Ако многумина Европејци и Американци, не знаат каде е Македонија и кои се Македонците, која е нивната историја, македонскиот народ доволно е писмен и покрај сите обиди да му се наметне „африканско школство“, за да знае кој е, што е, како да преживее и како да го зачува своето име и идентитет!

Вие господа од Атина, Брисел и Вашингтон и со инсталирани марионети во земјата на сила се можете да направите. Можете да ни го смените името, да не прекрстите, но до кога? Ние со векови сме опстанале на овие простори и ќе опстаниме и сега, но вие кои се колнете во демократија ќе останете запаметени дури полошо и од фашистите.

Вие европска господо заборавате дела со бришење на македонското име се обидувате да извршите геноцид на цел еден народ, кој не живее само во матичната земја Македонија, туку и во соседството и насекаде во светот!

Да, токму овој чин ве плаши, па сакате да го скриете овој обид за геноцид, Се обидувате со помош на домашни јаничари по судски постапки да ги заплашите оние кои отворено зборуваат за вашите намери. Се обидувате да ги поткупите или застрашите медиумите во земјата за да не се пишува за вашите „недемократски методи“ на бришење на цел еден народ.

Бидете сигурни, не само што таа ќе ве запомни, туку голема цена ќе платите доколку се обидете тоа да го направите-да го спроведете чинот на бришење на македонскиот народ и неговата држава!

Проклеството насекаде ќе го следи секој кој ќе учествува во разнебитувањето на македонската држава на единственото парче слободна македонска земја!!!

Затоа пред да продолжите со своите намери, пред да го запалите регионот, поставете си го едноставното прашање.

Ако Македонците биле Грци, зошто Грците припадници на грчката патријаршија во Цариград при формирањето на својата нација не го зеле името Македонија и не се нарекле Македонци, туку се нарекуваат Грци, а својата држава ја нарекле Хеленска Република.

Ако не знаете, историјата ќе ви објасни дека ни Филип, ни Александар никогаш не биле Грци и говореле туѓ барбарски јазик, за кој многумина светски историчари сметаат дека е протојазик на венетскиот!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top