Коментари

Ороспијата од Вавилон

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

По којзнае кој пат од Брисел ја слушаме истата песна кога е во прашање интеграцијата на Македонија во Унијата и во НАТО.

Не било само до реформите, не се доволни исполнетите критериуми врз основа на кои секоја земја кандидат станува полноправен член на заедницата. За нас важат други правила. Од нас не бараат компромис за името со Грција, иако тоа го преповторуваат постојано, туку промена на нашето име, по кое би следел и нов циклус на продор во идентитетот, јазикот, културата…

Европа е доволно зрела демократија и има високоцивилизациски вредности, но се уште не се ослободила од национал-социјализмот на неколку нејзини земји, кои се обидуваат тоа да го наметнат како правило на игра. Да чепкаш во туѓ идентитет, во туѓо име, традиција и историја и тоа во 21 век, претставува најблаго речено узурпаторство на слободата на еден народ, што е најстрого забрането во меѓународното право.

А, Европа директно учествува во тоа.

Од друга страна, во случајот со името не станува збор за никаков компромис меѓу Македонија и Грција, иако Европа шаблонски го преповторува тоа. Можно ли е Брисел да не го знае вистинското значење на поимот компромис? Компромисот претставува доаѓање до решение со обострани отстапки.

Што во случајот отстапува Грција и за каков компромис се бори? Нејзината „дозвола“ во нашето име да се најде зборот Македонија не е никаква отстапка. Тоа не е компромис. Тоа е вешта манипулација со земјите од ЕУ за прикажување на лажна конструктивност во спорот. Европа го знае тоа, но се солидаризира со Атина.

Грција би направила компромис кога би го признала постоењето на македонското малцинство во егејскиот дел од етничка Македонија и би ги унапредила основните човекови прави на Македонците таму. Тоа е компромис, ако сака Македонија да биде конструктивна во спорот и да прифати некаква географска модификација на името. Ако се има предвид дека Грција тоа нема никогаш да го стори, тогаш за компромис не може никако да се зборува.

Грција преку своите дипломати постојано ни укажува дека сака пријателски односи со нас и дека таа е земја пријател на Македонија. Никако не можам да ја сфатам оваа ораторска перверзија на Грците. Земја која секојдневно работи на моето уништување како земја, нација, јазик, историја, култура, традиција, вели дека ми била пријател?

Грција е непријател од најжесток вид.

Окупација во 1913 година на 51 % од територијата на македонската земја.

Уништување на се што е македонско во Егејска Македонија.

Еегзодус во 1948 година на илјадници Македонци кои се прогонети од своите родни огништа.

Студената војна во декадите кои следуваат против се што е македонско ширум светот.

Ембарго веднаш по прогласувањето на македонската независност во деведесетите години.

Обид за делба и на денешна Република Македонија (наводниот договор Милошевиќ–Мицотакис)…..

Да не редам уште.

Ова е земјата пријател на Македонија?

Простете. Јас во оваа земја гледам душман кој не бира средства за да не уништи.

Ако Европа ги застапува грчките погледи и ставови по прашањето на Македонија, реална е констатацијата дека таа Европа нам ни е неискрен пријател.

Се прашувам, дали треба веќе да ја доживуваме како таква?

Која е потребата да бидеме дел од едно друштво кое не не почитува вакви какви што сме?

Дали е корисно нашето присуство во такво друштво?

Знам, „проевропските„ сили кај нас на ова ќе речат дека ние, ваквите какви што Господ не дал, само си создаваме непријатели. За нив Европа е света работа и само за да имаат „пријатели„ и кичма ќе свиткаат и име и јазик ќе променат. Се за таа Европа.

Често во умот ми се навраќа познатата констатација на професорот Марјановиќ, кој постојано ја кажуваше за Европа. Ја нарекуваше ороспијата од Вавилон.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top