Коментари

Сите, па и Заев треба да знае дека без Македонија нема да има мир на Балканот!

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Пред нецела година поранешниот заменик шеф на ЦИА Стивен Мејер, ќе изјави за српски медиум дека на Балканот порано или подоцна ќе дојде до менување на границите. Според него новите граници прво ќе бидат повлечени во Македонија, но и на Косово. Како причина тој наведе дека ЕУ нема решение за Балканот, а пак интересите на САД се намелени за регионот. Исто така тој ќе посочи дека ако се случи промена на границите меѓу Албанија и Македонија дека најдобро за смалената Македонија би било да влезе во федерација со соседната држава Србија.

Година дена потоа сведоци сме како сегашното раководство на македонската држава предводено од Социјалдемократите ги растура институциите, ја растура државата. Актуелната власт во неможност да најде решение во спорот околу името со јужниот сосед, едноставно тргна во распродажба на државните интереси. Додека на соседите им го остапува името, идентитетот, историјата, се што е изградено во последните повеќе од седум децении, на својот коалиционен партнер ДУИ му овозможува да се стекне со подобри позиции во идната Голема Албанија.

Освен Законот за јазиците и федерализација на земјата, пропратена со уставни измени, за таа цел се потребни пари, па затоа сегашниот премиер Зоран Заев се бори на преставникот на ДУИ Фатмир Бесими да му го обезбеди гувернерското место на НБМ.

Под притисок на центрите на моќ кои скаат да го затворат македонското прашање, во оследната година, Заев на Грција и го продава името, на Албанците територијата. Така полека, столбовите на македонската држава се урнисуваат, а македонскиот народ се брише од картата на Европа.

Свесен дека и покрај сите заплашувања македонскиот народ може неконтролирано бурно да реагира, Заев советуван од центрите на моќ, се опкружува со поранешните борци на ОНА, со оние истите кои во 2001 година од Танушевци ја нападнаа земјата за да ја поделат. Деновиве Џезаир Шакири, алијас Командант Хоџа е именуван за надворешен советник на премиерот за безбедносни прашања и радикализам.

Според она што е познато, Џезаир Шаќири има средно образование, добро зборува француски, англиски и германски јазик и дека бил еден од првите команданти на ОНА, уште од времето кога бил убиен првиот припадник на македонската полиција, во 2000 година. Со започнувањето на конфликтот дејствувал во Куманово и Липково и во селото Арачиново.

Шаќири кој се смета за исламско-фундаменталистички фанатик, бил директен извршител на убиство на припадникот на МВР во трговскиот центар Чаирчанка во Скопје.

Во јули 2001 година Џезаир Шаќири бил ставен на македонската црна листа на граѓани, а исто така е ставен ѝ на листата на американскиот претседател Џорџ Буш.  По крајот на конфликтот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично.

Во декември 2001 година, врз него бил извршен атентат кај Витина, Косово. По ова бил пренесен во болница во американскиот воен камп Бондстил, од страна на УМНИК.

Се верува дека аентатот е поврзан со проневера на огромна количина пари од фондот „Татковината повикува“- од албанската дијаспора.

По војната, Џезаир Шаќири станал пратеник во македонското собрание. Се смета дека тој стои зад голем број на нелегални операции во Македонија, како шверц на оружје и дрога.

Во 2007 година објавил независност на селото во кое е роден, Танушевци, од Македонија, и негово припојување кон Косово.

Џезаир Шаќири е човек кој се посветил на албанската кауза за создавање на Голема Албанија и како таков е поставен за советник на премиерот на македонската влада за безбедносни прашања и радикализам.

Се поставува прашањето дали тој е поставен таму за да ја заштити земјата или што побезболно се подели? Дали е поставен на тоа место за да го штити премиерот или да го држи прстот на орозот за Заев да не забега од ветеното на албанската дијаспора?

Сепак, поставувањето командат Хоџа за советник за безбедност, потоа фотографиите на кој е снимен Зоран Заев со поддржувачи на групата која се судри со македонските безбедносни сили во Диво Насеље, во Куманово, на 9 и 10 мај 2015 година, во која загинаа македонски полицајци, како и постизборното прифаќање на Тиранската платформа, само укажува на правецот по кој овој нелегално избран премиер ја води земјата.

Причината за ова што се случува во земјата, секако е грчката непопустливост околу спорот околу името и попречување на Македонија во евроатланските интеграции. Меѓутоа, Грција и амбасадорите под чии диктат се случува сево ова и кои сега можеби задоволно ги тријат рацете, сепак забораат дека го потпалуваат огнот, кој доколку се разгори на Балканот и те како ќе ги опече и Европа, па и во светот.

Сите, па и Заев треба да знае дека без Македонија нема да има мир на Балканот!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top