Коментари

За Македонците многу е поважно името од члентсвото во ЕУ и НАТО

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Доста не лажевте за ЕУ и НАТО!

На народот му е доста од лагите на оваа власт дека ако се реши проблемот што го има Грција со нашето име на земјата ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Исто така, на оваа власт треба да им стане јасно дека името на земјата за Македонците е многу поважно од члентсвото во ЕУ и НАТО.

Власта насекаде говори за својата транспаретност, но кога е во прашање процесот за надминување на разликите околу името со Грција, таа е затворена. Така, шретседателот Ѓорге Иванов не е информиран за исходот од последната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас со амбасадорот Метју Нимиц. Потоа. опозицијата на чело со ВМРО ДПМНЕ не е информирана за разговорите меѓу Скопје и Атина, а исто така и македонскиот народ не е информиран за текот на процесот за надминување на разликите околу името.

Тоа што актуелната власт одбегнува да ги запознае претседателот и опозицијата за разговорите меѓу Скопје и Атина дава впечаток дека таа нешто крие од македонската јавност!

Единствено поконкретни информации за текот на процесот за надминување на разликите околу името доаѓаат од јужниот сосед. Овие информации говорат дека преговорите не одат така лесно, дека се тензични и дека Зоран Заев ја лаже македонската јавност кога говори дека набргу Македонија ќе стане членка на НАТО и дека наскоро ќе добие зелено светло да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ.

Доколку пак Заев ја говори вистината тоа значи дека актуелната власт предводена од Заев е спремна да ги прифати понижувачките услови кои значат поништување на македонскиот идентитет од корен. Односно прифаќање на сложено име за севкупна употреба, што значи промена на уставното име со сите реперкусии кои произлегуваат од тоа.

Грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори, пишуваат дека „грчката влада преговара за името на ПЈРМ со единствен критерум, националниот интерес и со поставени два јасни услови за да ја обезбеди националната линија.

Сложено име и севкупна употреба.

Тоа значи промена на уставното име како предуслов за поддршка на Атина за влез на нашата земја во ЕУ и НАТО. Исто така, како пто пренесуваат грчките медиуми, дека двете земји ќе треба да потпишат меѓународен договор во кој ќе има клаузула за меѓународна одговорност, како гаранција за грчката влада.

Ваквите барања се спротивни на интересите на македонскиот народ.

Повеќе од 90 проценти од Македонците се противат на промената на уставното име. Меѓутоа, и покрај тоа, таа продолжува да прифаќа понижувачки и уценувачки предлози од јужниот сосед, а за разговорите на средбите да ја крие вистината и да ја манипулираат македонската јавност.

Не може само Зоран Заев и Никола Димитров да одлучуваат за името на земјата во името на цалиот македонски народ, а македонската влада нема мандат да преговара за името на земјата во името на мнозинството на македонскиот народ. Поради тоа донесувањето на било каква штетна одлука ќе предизвика тешки бранувања во државата.

Со оглед дека од оваа власт не се очекува ништо друго, освен ретроградни процеси. опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, согледувајќи дека оваа влада ја води државата во погрешна насока, се припрема да оддржи на 2 јуни голем народен митинг против актуелните владини политики.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став дека нема да поддржи уставни промени за да се смени уставното име на државата, а што е едно од клучните прашања на грчката страна во преговорите за името на земјата. Поради тоа, покрај членството, се очекува граѓанството масовно да се придружат за да го искажат својот револт кон оние кои се дрзнале да го менуваат уставното име на земјата, да ги погазат идеалите на Илинденци, АСНОМ – ци и оние кои го дале својот глас на референдумот за осамостојување на земјата во 1991 година.

На народот му е доста од лагите на сегашната власт дека ако се реши името земјата ќе стане членка на ЕУ и НАТО. На Заев и Димитров треба да им стане јасно дека името на земјата за Македонците многу е поважно името од члентсвото во ЕУ и НАТО.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top