Коментари

Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денес мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство“ – ќе забележи во 1865 година свештеникот Димитрија од село Огут, во книгата „Житие светих“ во Кривопаланечката црква.

Антологиска е борбата меѓу Македонците и Елините (Грците), која според легендите започнува некаде во 13 и 12 век пред нашата ера со битката кај Илиј (Троада).

Ниту политиката на еднаквост меѓу народите, како и почитување на верската слобода, ниту пак привилегиите со кои се стекнуваат Грците за времето на владеењето на Александар Македонски не го искорени нивниот исконски страв и омразата која ја ширел Демостен кон Македонците. Смртта на Александар и внатрешните борби за македонскиот престол, беше прилика која Грците долго ја чекаа, па ги повикаа Римјаните да ја уништат македонската држава.

Во текот на владеењето на Римската империја, а потоа и на Византија, конфронтацијата меѓу двата народа не престанала. Не помогна ниту првиот апостол Павле, кој при своето прво патување надвор од Азија ја посетил Македонија.

Апостол Павле откако го виде ноќното видение, во кое некој Македонец застана пред него и му се молеше велејќи: „Дојди во Македонија – помогни ни!“, заклучи дека „Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, а на идниот ден во Неапол…“…

Додека во IV век, со империјата владее првиот христијански цар Константин, христијанството во Македонија брзо се шири и има воспоставена црковна хиерархија. Македонскиот император Јустинијан I кој смета дека единството на империјата подразбира и единство на верата ја признава Светата Столица во Рим како највисок црковен авторитет. Свесен дека на територијата на Македонија не живеат Грци, тој ја формира автокефалната црква Јустинијана Прима, а за да го уништи паганството ја укинува Неоплатоновата Академија во Атина.

По смртта на Јустинијан (527 – 565) настапува тешко време како за империјата, така и за населението во Македонија. Новата управа која е со грчко обележје се обидува преку Цариградската патријаршија со христинизацијата на населението да го истиснат латинскиот јазик и да го наметнат грчкиот јазик и култура. Се` до појавата на Св. Кирил и Методиј и создавањето на Самуиливото царство, ваквата политика имала тешки последици по населението во Македонија.

Оттука, свештеникот Димитрија од село Огут во 1865 година ќе забележи: „Ние сме си имале наши словенски учители и просветители Кирил и Методија, кои ни го оставија нашето славјанско писмо. Тие се родум Македонци од Солун, славната престолнина на Македонија. Тоа не ни го признава владиката Грк, па затоа ние не го сакаме да пастирува, туку да си имаме наш архипастир Славјан, во век и веков. Амин.“

Во време додека владее Самуил, кој постојано војува со Грците, Охридската патријаршија како наследничка на Јустинијана Прима, била изразито непријателски расположена према Грците. Воведувањето на славјанскиот јазик во богослужбата како рамноправен со латинскиот и грчкиот јазик за Грците бил тежок удар. Меѓутоа, се` додека владее Македонската династија со Византија, Охридската архиепископија била оставена на мир. По смртта на Василј II во 1025 година престанува и толерантната политика кон Охридската патријаршија. Доаѓањето на Гркот  Леон во 1037 година ќе предизвика и отпор против византиските власти. Во 1040 година се крева востанието на Петар Дељан, а во 1073 на Ѓорѓи Војтех. И двете востанија биле задушени, но тие биле отпор кон тројцата грчки владици кои во меѓувреме се на чело на Охридската архиепископија и кои се обидуваат преку неа да ја шират грчката култура и влијание меѓу Македонците и другите народи на Балканот кои биле во рамките на Охридската дијацеза.

Како се менуваат освојувачите на Македонија така се менуваат и границите на Охридската архиепископија, а за архиепископи доаѓаат и Македонци. По турското освојување на Балканот, Охридската архиепископија постојано осиромашува, но таа успева да ја сочува својата самостојност се` до 1767 година, кога Цариградскиот патријарх Самуило и` го задава последниот удар. Гркот ги уверува турските власти дека Охридската архиепископија е непријател на турските власти. Последниот Охридски архиепископ Арсениј бил заточен и под притисок морал да даде оставка на 17 јануари 1767 година, а Цариградскиот патријарх со помош на видни Грци и Турци издејствувал од Султанот ираде за укинување на архиепископијата.

Укинувањето на Охридската архиепископија значеше и уништување на огромен број на книги кои се наоѓаа во македонските православни храмови. Сепак, Грците не успеваат да го уништат македонскиот народ и споменот на неговото име.

Кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски во записите од 1846 година вели: „Славјанското писмо го научив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свештеникот, а неговиот дедо Стоиман свештеник. И јас прекарот си го зедов Маќедонски, … за да се знае оти сме Славјани од Македонија“.

Македонскиот народ кој никогаш не ја заборавил својата црква, по неколку децении од нејзиното укинување, започна борба за обновување на Охридската архиепископија.

Сведоштво за ова ни дава Тодор Кусев, прилепскиот младинец и секретар на Прилепската општина, кој изнесува каков впечаток оставил излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Цариград врз Грците и гркоманите во Битола и Охрид.

Во своето обраќање до редакторот на „Македонија“ од 28 јануари 1867 година, Кусев вели:

„Вашиот весник со самото име го зачуди секого во Македонија до таа мера, што секој трча да види што весник е што го носи името на нашата земја…

Весникот кај Грците и гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат воделе борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија – „Искрата на нашата иднина“. Но и колку да се мачеа да не` сопрат да одиме напред, не можеа да го искоренат чувството сосема Македонците да не бидат Македонци.

Охрид само пред сто години беше престолнина на Патријаршијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на просветување на славјанскиот век, но пак не остана назад, зашто не го изгубил семето на славни свои прадедовци.

Досега тој ги испраќаше по цела Македонија, дури и во соседните земји најопитните учители, но да учат на туѓ јазик и туѓа политика, а денеска не само што не престанува да праќа, туку праќа за просвета на своите еднородни браќа и да ја откриваат заблудата како едно време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство гледаме како тие досегашни грчки учители ја увиделе вистината и го просветуваат народот со голема усрдност и неуморна грижа на нивниот мајчин јазик.

Денеска во Охрид заѕуни народниот глас во деновите на пресветлиот цар Султан нашиот татко, А. Азис. Самите досегашни грчки учители, а особено г-дин Прличев, кој беше крунисан во Атина, проповедуваше во грчки училишта за досегашните наши заблуди. Секоја недела по црквите се пренесуваат трогателни говори за заблудата и досегашната болест под грцизмот и потребата таа сосема да се искорени за да се види бел ден. Но, чунки и многу им пречи владиката и не ги остава да пеат на мајчин јазик и им ги затвора училиштата, што е против редот на високите царски фермани и ги гази сите нивни придобивки, гледајќи со четири очи, според заповедта на Портата да не го испуштат некако од своите раце и овој град, град што ги открива сите нивни мрачни дела по црковното прашање. Сите решија еднодушно, мало и големо, мажи и жени да ги испадат и да ги бараат своите права, зашто има испратени многу жалби во Цариград.

Не само во Охрид, денеска се разбудуваат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старославјански јазик, да не ги оставаат училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место кои по секој начин гледаат да спречат се` што е народно. Насекаде започнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки, туку на мајчин јазик. Мало и големо се весели под големата сенка на нашиот просветител цар С. А. Азис, и се насладуваат на тоа дека си ја осознале својата народност.

(Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје, 1981, стр. 204 – 205)

Набргу потоа, македонското население во Прилеп на 20 јуни 1867 година се одделило од грчката црква и побараа да им се врати од „проклетите фанариоти грабнатата пред еден век народната своја Охридска архиепископија“, а во 1869 година формираа и своја градска општина од 12 члена и еден свештеник.

Оваа борба со „грцизмот“ никогаш не престана. Хронологијата на настаните е огромна, како и штетата по македонскиот народ.

Доказите за извршеното злосторство исто така се бројни, но, Грција никогаш не побара прошка и помирување во духот на христијанството. Се` додека тоа не го направи таа нема да го најде својот мир.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top