Коментари

Политичару, направи нешто во корист на Македонија

9

9Македонска нација

Обидот на Зоран Заев, Премиер на Република Македонија да ги наметне своите погледи кои се туѓи на македонскиот народ, само по себе се наметнуваат прашања:

Дали воопшто вреди да се троши простор за политичар кој го понижува сопствениот народ?

Уште колку време ќе се коментираат неговите идеи и постапки, и дали воопшто вреди да се пишува за човек кој се откажува од својот идентитет и од својот Род?

Нема лесен одговор на овие прашања.

Во ова време, кога Македонија е исправена пред сериозен испит, како што се обидите за надминување на спорот што го има Атина со нашето име и идентитет и влез во НАТО и ЕУ, неговите нестабилни политички потези само можат да направат голема штета на Македонија.

Можеби е наша карактеристика краткото паметење или пак заборавеноста е само начин да се заштитиме од лошите епизоди кои можат да влијаат на нашиот здрав разум, но, секако не смееме да заборавиме дека политичаров е спремен на се само и само да ја задржи позицијата Претседател на Владата на Р. Македонија.

Откако народот во големо мнозинство не прифаќа промена на името и идентитетот на сопствената држава, политичаров секојдневно не убедува дека тоа ќе било добро за иднината на државата. Штетата што и до сега е направена е огромна, а последиците ќе се чуствуваат и во иднина.

Очигледно дека таа инфекција за уништување на сопствената држава толку се проширила во неговото тело и наоѓајќи се во безизлезна состојба, напуштен од својот народ, прави се‘ да ја задоволи Грција не обрнувајќи внимание дали тоа ќе значи крај на нашиот идентитет, туку за него е важно грците да се задоволни. Сето тоа е одлика на слаб, дезориентиран политичар без визија и без национално чувство.

Меѓутоа, ваквите постапки ја ставија неговата иднина и иднината на неговото семејство под знак прашање.

Да беше вистински македонски политичар би водел повеќе сметка за достоинството на државата а помалку за сопствените интереси.

Да беше политичар тој ќе водеше сметка за секој збор, за секоја постапка и како што многу аналитичари го анализираат , ќе имаше чувство за припадност и државност.

Со неговите постапки само покажува дека тој всушност нема чувство на припадност, дека тој не е политичар туку само марионета чии конци ги влече некој друг. Како марионета на сцената се појавува кога мајсторот (зад кулисите) ќе ги повлече конците, но, прогнозата е лоша зошто сега револтот кај Македонскиот народ секојдневно расте, а тоа не тежнее за туѓи интереси.

Времето на лошите политички глумци кои му продаваа магла на сопствениот народ одамна помина. Сега е време на модерни и прагматични политичари, луѓе со визија, луѓе цврсти кои можат да одолеат на балканската ветрометина, без да бараат заветрина кај соседи и странски мешетари и кои можат да најдат излез и кога тој не се гледа.

Сепак, и лошите политички глумци имаат публика и тие неможат да се запостават. И малата искра може да направи пожар, а мрачните сценарија на режисерот да станат реалност. За да не дојде до тоа, чесно ќе биде пред македонската јавност да се признаат сопствените грешки и званично откажување од намерата за разнебитување на државата, кое како Премиер не би смеел да го прави.

Ако може заблудената овца да го најде патот до своето стадо и еден политичар сигурно може да го најде патот до своите вистински сонародници. Само така може да се најде изгубениот душевен мир и почит на својот народ за покажаната храброст. Само така може да се биде светол пример и за другите кои се загубиле во Балканската магла.

Политичару, направи нешто во корист на Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top