Коментари

Камен во грло

Камен во грло

Колумна на Димитар Димовски, Член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ за Курир

Тргнувајќи од изјавата на Заев, која деновиве е актуелна, а во која вели: „Додека дишам и додека сум при здрава памет, нема да се промени Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија“, не останува друго освен да се констатира дека не е при здрава памет. Оти, дише и тоа македонски воздух. Тоа е логиката, нема друго. А, за некој кој не е при здрава памет, законот вели дека е деловно неспособен и не може да врши јавна функција.

Македонија и порано раѓала предавници. Историјата памети такви. Но, ако до сега синоним за најголем македонски велепредавник беше Коте од Руља, приматот веќе го превземаа Зоран Заев, заедно со Никола Димитров и Радмила Шеќеринска. По мрачни ликови од овие, Македонија до сега немала. Ниту ќе има некогаш. Тројцата предводници на капитулацијата, оние кои ја предадоа Македонија целосно. Оние кои во целост и го менуваат описот на државата, ја прекрстуваат, ја унакажуваати ја турнаа во провалијата на обезличувањето и обезкоренувањето. Така ќе останат запаметени. Така ќе учат нашите внуци во учебниците по историја.А сите други досегашни премиери и Претседатели на државата, од осамостувањето па до сега, ќе бидат запеметени како бранители и чувари на Република Македонија.

Очигледно е дека овие тројца никогаш, ама баш никогаш не чувствувале дека припаѓаат овде, дека се Македонци по род. Нивно право и нивна работа. Но, овие предавници, со тоа што го прават, не се откажаа само од нивните поколенија, туку инас не откажуваат од нашите поколенија и од нашите предци. Во наше име ги срушија сите свети работи, ги осквернавија гробовите на моите и вашите дедовци, прадедовци… Национално ги напаствуваа моите и вашите деца, внуци… Ги осакатија моето и вашите македонски семејства. Не прават да бидеме луѓе без корен, без огниште, без свој дом.

Како добар христијанин, треба да речам: „Прости им Боже, не знаат што прават“. Но, неможам да ги изустам овие зборови. Ми стојат како камен во грло. И би лажел ако ги изустам. А, не можам да лажам ниту пред себе, ниту пред Бога. Не ме личи.Не можам да ги изустам, оти не обизличуваат и нас и сѐ што било пред нас и се што доаѓа после нас.

Вината за ова што ни се случува, не можеме да ја бараме во друг. Не можеме со прст да покажуваме кон други. Ние сами сме виновни, кој повеќе, кој помалку, сме направиле грешки. Тоа што можеме и треба да го направиме е да си ги признаеме грешките, да се извиниме и веднаш да застанеме рамо до рамо, во одбрана на нас самите, на нашата чест и нашето постоење.Наша должност, како Македонци по род, како наследници на нашите предци и предци на нашите наследници, е да го спречиме ова лудило.

Организирано или спонтано, на улица или на компјутер, во продавница или во институција, секој од нас треба храбро да каже: „Одете си, предавници! Оставете ја Македонија на Македонците!“. И гласно, на цел глас, да им порачаме дека:„Македонија ќе победи!“ Секој од нас треба да покаже дека не сме дрво без корен, дека во нас тече македонска крв, по родословие или по ген. А генот наш е пркосен, непокорен.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top