Коментари

Заев го уништи сонот на генерации Македонци

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Со еден потпис Заев го уништи сонот на генерации Македонци, кои под знамето на МРО гинеа за создавање на независна и слободна држава на македонскиот народ. Тој со еден потпис ги сосече корените на Македонецот, кои потекнуваат од древнина.

Без добиен мандат од народот, Зоран Заев, потпиша со Алексис Ципрас, т.н. „историски договор“ на пристаништето на Нивици, од грчката страна на Преспа, со кој Македонија се согласува да се преименува во Република Северна Македонија за севкупна употреба. Со овој чин, со кој се загрозуваат државните и националните интереси на македонскиот народ, чиј идентитет е доведен во прашање, актуелниот македонски премиер Заев ја прекрши заклетвата дека ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија.

Зораз Заев кој како лидер на СДСМ пред избори ветуваше дека додека дише нема да го промени Уставното име, сега потпиша капитулација. Со тоа тој го покажа своето вистинско лице на инсталиран квислинг, лицемер и профитер, кој за лични и туѓи интереси ја продаде сосптвената земја и народ. Она што досега ниту еден македонски политичар не се осудил да го направи, тој го стави потписот за промена на името со таква леснотија, како да потпишал некој договор за своја фирма и за тоа на сметката во Кипар да му легнале повеќе милјарди долари!!!

Невиден срам и огромна штета за македонскиот народ. Со овој потпис Заев се откажа од македонскиот идентитет и историја. Оттука, сосема логично е хунтата на Заев да ја забрани во иднина цела македонска историја како ерес и делата на македонските историчари ќе ги запали како во најцрните денови на црковната инквизиција. Затоа, пред да се случи тоа, пред да забранат и да прогласат за ерес се што е македонско, уште еднаш да се потсетитиме зошто се сака да се избрише македонското име.

Така на пример, Антон Драндар од Велес во 1900 година, за да ја запознае европската јавност со македонското прашање, во текстот „По повод едно движење во Македонија“ ќе напише:

„Ако се фрли еден ретроспективен поглед врз историјата на Македонија се` до најдалечните древни времиња, човек останува вчудовиден од големата улога што оваа мала земја, класична земја раг ехсellеnсе, ја играла во светот. …Од самиoт почеток на историјата, ја гледаме Македонија на чело на нациите. Нејзината репутација е универзална; нејзината слава се шири на четирите страни на светот… Александар Велики, чијашто слава е епска, ги става под своја моќ најголемите царства. Но неговата војска не сее терор, страв и уништување кај варварските народи; напротив, тој им ги донесува светлините и добродетите на цивилизацијата…

Следејќи го текот на историјата, гледаме како со ист сјај свети ѕвездата на Македонија. Таа ја игра главната улога во преродбата на славјанското племе. Така, двајцата браќа издигнати до апостоли, Кирил и Методиј, предмет на сеопшто восхитување на славјанскиот свет, се Македонци, па поради самото постоење на овие двајца апостоли, оваа мала земја станува лулка на славјанското племе на кое му дава своја религија и своја уметност…“

Од ова гледаме дека македонската ѕвезда е премногу сјајна и дека сеуште ги затемнува новите ѕвезди што се појавуваат на небото. Затоа, Зоран Заев треба да ја земе судбината на македонскиот народ и во нивно име да одлучува. Тој треба со овој потпис да ја угаси оваа препознатливата ѕвезда на Македонија. Но, Македонецот не може и не сака некој од адот да дојде и да им го одземе она што вековно е нивно. Тие отсекогаш сакале да бидат господари на сопствената судбина.

Некој очигледно заборавил, дури и оние дојдени од Европа и светот кои саркастично се смееја додека гледаа како проклетата рака на предавникот ја потшуваше капитулацијата на Македонија во Преспа, дека непочитувањето на вољата на народот ќе го предизвика неговиот револт.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top