Коментари

Грчко-романскиот конфликт ја дескридитира Грција пред светот!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

На почетокот на XX век, Романија влегува во конфликт со Грцаија, поради нападите на грчката вооружена пропаганда врз македонските Власи. Сепак Романија е против автономијата на Македонија, бидејќи таа би ја спречила веројатноста за поделбата на земјата, а со тоа и возможноста за територијални остапки во Добруџа кои Букурешт ги бара од Бугарија. Имајќи ги во предвид само сопствените интереси, а не и на македонските Власи, Македонија за Романците била само монета за поткусурување. По освојувањето на бугарска Добруџа, интересот на Романија за своите Влашки браќа во Македонија, кои беше поделена меѓу Грција, Бугарија и Србија се намали, речиси исчезна.

Македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов во своето дело „Ослободителните борби во Македонија“, опишувајќи го грчко-романскиот конфликт на територијата на Македонија, како и за последиците врз македонскиот народ, ќе напише:

„ …Грчко-романскиот конфликт ја дескридитира Грција пред светот. Со никакви комитски предизвици и насилија, не можеше да се оправда андартскиот поход против мирното влашко население. Малкуте осознаени Власи не располагаа со револуционерни комитети и чети, и не ја имаа изгребено со нож кожата на ниту еден Грк во Македонија и Епир. Тие не го предизвика хеленизмот со ништо друго освен со нивната легитимна желба да имаат богослужба и да учат на романски. И само за тоа “Великата црква” ги опсипа со анатеми и клетви и ги прогонуваше нивните попови и учители небаре беа станале служители на антихристот, а грчката држава им испрати вооружени до заби убијци, за да ги колат… Грчкото општество беше станало во тоа време бесчувствително кон моралните шлаканици, така да не се најдоа во нејзината средина групи и личности кои се огорчени и навредени. Само еден атински весник – “Неон Асти” (22. XI. 1906 година) – излезе со статија, против активностите на грчките чети во Македонија, “кои создаваат во европското јавно мислење неповолна слика за елинизмот”…

Грчката влада, и покрај сите материјални и морални штети од конфликтот, не ја измени својата позиција за влашкото прашање. Таа сега служеше само со оправдување од формален карактер, како што изјавуваше, дека не може да се смета за одговорна за “дејствија што се случуваат на странска територија” и да се занимаваат со дела во врска со јурисдикцијата на Константинополската Патријаршија”, која совршено е автономна” (говор на Претседателот Теутокис во Собранието, 20.12.1906 година).

Во стварност андартското зло и дрзкоста на Грција се должи на тоа што владетелот на “туѓата територија”, наоѓаше добра сметка во анархијата која грчките државни чети ја создаваа во неговата сопствена куќа. Не од чувство на изнемоштено државно достоинство, а под притисок на големите сили и од предпазливост кон Романија, Цариградската влада даваше, од време на време, наредби за “безмилосно гонење” на грчките банди и овие наредби даваа резултати. Андартските чети, кои успеале да се спасат од уништување и да не бидат заробени, брзо го фатија патот за грчката граница. После секој противандартски прилив, настапуваше одлив, но потоа доаѓаа нови. Свежи андартски сили се појавуваа во штотуку очистените месности. Турската влада правеше периодично постапки и во Атина, но ниту еднаш таа не ги притисна цврсто до ѕидот атинските владетели, за да ги вразуми, иако Хилми паша поседуваше точни листи на редовните грчки офицери, водачи на чети, сведоштва на андарти пред судството и писмени документи за традиционалните активности на грчките конзули…“

Во овие андартски вооружени акции на територијата на Македонија, кои започнаа по Илинденското востание, страдаа Македонци и Власи. Соочени со критики во печатот, за да се стави крај на анадртското дивеење во Македонија, европската и балканската дипломатија ќе се раздвижат. Коментирајќи го однесувањето на Турција и големите сили по повод грчката вооружената пропаганда и на другите балкански држави на територијата на Македонија, авторот вели:

„Прекинот на дипломатските односи меѓу Романија и Грција поради крвавите настани, одиграни во пределите на Турција, беа крајно непријатни настани за Турците. Портата вложи големи напори, служејќи се ту со благи ветувања, ту со закани против андартските грчки владици, за да ја убеди Патријаршијата за отстапки во корист на Власите – неизбежен услов за смирување на грчко-романскиот конфликт. Во 1907 година. Парискиот дипломатски пратеник, повереник на Султанот, Мјунар паша, ги посети со посебна мисија Белград и Букурешт, престојува после некое време и во Цариград, минувајќи меѓу Фенер, романската делегација и Илдз. Турскиот дипломат дошол од Париз со двојна задача: да ги помири двете скарани земји и да подготви едно српско-грчко-романско зближување, користејќи ја во тоа време настанатата голема затегнатост на односите меѓу Белград и Софија.

По некакво чудно совпаѓање грчко-романскиот конфликт предизвика незадоволство не само во Турција, но и кај големите сили. Иако водени од различни причини, сите сакаа што поскоро тоа да престане. За западните држави и за Русија овој конфликт увезуваше нов елемент на заплеткување и непријателство во Македонија, која тие искрено сакаа да ја видат смирена. За Русија конфликтот имаше и уште една непријатност. Тој го засилуваше раздорот меѓу малите православни народи. Незадоволството на Берлин и Виена имаше совршено други побуди. Ангажирањето на Романија во тој конфликт ја пренасочуваше во голем степен австро-германската сојузничка од нејзината “стражарска мисија” спрема балканските држави – кон Бугарија, поточно. Се рушеше заедно со тоа и надежта кој се полагаше во 1900-1901 год. за суштинско Грчко-романско зближување. Ете зошто австриската дипломатија го употреби сето свое влијание во Букурешт и Атина, за да се смират скараните пријатели.

Не помала беше непријатноста која грчко-романскиот конфликт ја направи и во Белград. Во очите на Србите оваа кавга предизвикуваше ослабување на целиот блок на противбугарските сили во Македонија и на Балканот, воопшто. Најелоквентно за српското мислење за конфликтот зборуваат изјавите на српскиот ополномошен министер во Букурешт, познатиот за нас генерален конзул во Скопје, Михаило Ристич пред уредници на букурешкиот весник L’Orient Europeen (3 јуни 1907 година). Овие изјави на “српски дипломат” пренесена во повеќе Букурешки весници, направија впечаток и беа доста обемно коментирани и во софискиот печат…. Еве што велеше во заклучок српскиот дипломат:

“Србија е решена да ризикува сè, но нема да ги остава Бугарите сами да располагаат во Македонија. Најрационално и можно решение за македонското прашање е да се согласат Романците со Грците. Останатото само ќе дојде. Србите се душа и тело за еден грчко-романски -српски сојуз, во кој Бугарите ќе бидат принудени да се повлечат од своите претензии “.

И можеа ли Србите и Австро-германците да имат друг поглед кон грчко-романскиот конфликт при влијанието што тој имал врз односите меѓу Букурешт и Софија? Андартските злосторствата само ги засилија постоечките од порано меѓусебни симпатии меѓу (македонските н.з) и влашките националисти во Македонија и ги поттикнаа некако автоматски кон пријателство слободните Бугари и Романци. Во Букурешт престанаа да изразуваат сомневање, односно за нивните освојувачки мудрувања на Кнежевството спрема Северна Добруџа, а во Софија беа избришани од паметта лошите спомени за против-бугарскиот поход од 1900 година во Романија. Среде создадената во печатот на двете страни пријателска атмосфера, наставници, ученици, јунаци и други разменија посети и најсредечни изјави, при демонстрираната благонаклоност на официалните кругови.

Тоа беа, се разбира, само преодни расположенија, елиминирани од општото незадоволство на Романија и Бугари кон андартскиот вандализам во Македонија. Бугарските симпатии спрема влашкото национално движење беа така простодушно искрени што никој Бугарин од Кнежевството … не се бунеше на плановите за против-бугарскиот надомест, со кои романските влади ја поврзуваа својата акција во корист на македонските Власи. Надворешната политика на Романија продолжуваше да се движи цврсто во орбитата на Тројниот сојуз, без секоја помисла за заедничка дејност со Кнежевството за македонското прашање и дури во однос на Грција. Сепак, Романско –бугарските пријателски манифестации беа доволни за да ја изиграат улогата на страшило не само во Цариград и Белград, но и во други метрополи.

Романско-бугарските односи го задржаа нивниот пријателски карактер до есента 1912 година – до балканската војна против Турција. По првите бугарски победи, Романија почна да зборува за територијални надоместоци, а следната година навлезе со војска во Бугарија за да го завземе посакуваното парче бугарска земја и да ја принуди Бугарија да се предаде. Така таа ја исполни својата стражарска и миротворна мисија, за која се подготвувала со десетици години….

Разните пријателски влијанија и помирувачки посредништва во Букурешт и Атина, засилени по избувнувањето на противогрчкото движење и во Бугарија, не дадоа трајни позитивни резултати. Навистина, романската влада го ублажи драконскиот режим спрема грчките поданици, по кое дојде и формалното откажување на взаемните репресивни мерки. Либералниот кабинет на Стурдза кој, после селските немири ја смени конзервативната влада на Кантакузен, го направи овој гест наспроти протестите на опозицискиот печат, очекувајќи дека Фенер и Атина ќе променат радикално своето мислење за влашкото прашање. Овие очекувања, сепак, не се потврдени.

Патријаршијата сѐ уште тврдоглаво одбиваше да ги признае Власите за одделна народност, со свои црковно-училишни права, а андартскиот терор над Власите не запре. Од друга страна, убивањето на Власи и влашките стада продолжило со уште поголема жестокост во текот на 1906, 1907 и 1908 (до младотурскиот државен удар), толку повеќе, што на крајот на 1906 година, се појавија на сцената и влашките чети.

Уште во 1905 година македонските Власи побараа против андартските напади заштитата од Внатрешната организација (Македонската револуционерна организација – н.з.). Оделни Власи пристапија во (македонските – н.з.) чети, а потоа беа составени неколку чисто влашки чети, кои извршија некои контра-напади: во патриаршискиот манастир Калипетра (берско)…; во с. Гопеш (Битолско)…  и сл. Во месец мај 1908 година битолскиот валија соопштува официјално и за борбата на војската со 7 члената влашка чета на војводата Алексо Коста од с. Гопеш. Четири од четниците паднале убиени, кои оставиле 5 пушки, 4 бомби и еден печат со надпис “Револуционерен комитет на влашкиот народ”.

Дипломатските односи меѓу Романија и Грција се воспоставија едвај во 1911 година, за време на Малдотурскиот режим, кога во Македонија и во Епир веќе немаше андартски чети и андартски терор над Власите.

Грко-романскиот конфликт од 1905-1911 беше само еден помал инцидент во животот на двете држави. По освојувањето на бугарска Добруџа, интересот на Романија за своите Влашки браќа, кои паднаа под Грција, се намали, речиси исчезна …“ – пишува Христо Силјанов во своето дело „Ослободителните борби во Македонија“.

(крај)

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top