Коментари

Мисирков сакал да биде професор на скопскиот универзитет во слободна Македонија!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

„Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината” на господинот Крсте, „сепаратизмот” на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј (Гологанов) и „автономштината” на господинот Петар Поп Арсов!“ – се вели во писмото на архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје испратено во 1910 година до Егзархот на Бугарската црква, Г. Г. Јосиф I Цариград

Обновата на Охридската архиепископија одсекогаш била тесно поврзана со борбата за национална афирмација која во минатото ја водел македонскиот народ. Не е случајно што и самиот Крсте Мисирков во своето капитално дело „За македонцките работи“ и посветил централно место, барајќи таа да биде обновена како самостојна македонска црква.

Сепак, најзначајно место во борбата за обновување на Охридската архиепископија има скопскиот митрополит Теодосиј Гологанов. Овој егзархиски митрополит, роден во околината Неврокоп, веднаш по доаѓањето во Скопје почнал со акција за обнова на македонската црква. Веќе во 1891 година тој се отцепил од бугарската Егзархија и по пат на преговори, најпрво со Цариградската патријаршија, а потоа и со Римокатоличката црква со која постигнат договор и само се чекало одобрување на папата. Меѓутоа, здружените верско-национални пропаганди на соседните држави Бугарија, Грција и Србија успеале да го спречат во тоа, и тој со помош на турските власти бил спроведен во Цариград, а потоа испратен во прогонство во Бугарија.

Митрополитот скопски Теодосиј Гологанов никогаш не се откажал од својата намера. Во 1910 година, тој прави уште еден обид да се врати во Скопската епархија со помош на Петар Поп Арсов, што предизвикува паника во митрополијата на бугарската егзархија во Скопје.

Стравот на Егзархијата од Гологанов, Поп Арсов и Крсте Мисирков, кој сака да се врати во слободна Македонија и да стане професор на скопскиот универзитет, може да се види од писмото  на архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје. Тој во своето писмо од 25 јуни 1910 година (Изл. Нр 465) испратено до Неговото Блаженство Егзархот на Бугарската црква, Г. Г. Јосиф I Цариград, го известува за македонските национални пројави во Скопје за кои вели:

„Ваше Блаженство,

Од некое време наваму, како што веќе Ве известив неколку пати, работите во епархијата, а особено тука (во Скопје – б.р.) не одат како што треба. Епархискиот совет, кој, како што Ви е познато, се состои од првенците граѓани, реши да Ви испрати писмо во кое остро ја осудува кандидатурата на поранешниот скопски митрополит Теодосиј, и меѓу другото во протестот, по моја сугестија, пишува: „Револтирани читаме по весниците дека една група безочници сака по секоја цена да го натера населението – гласачите во Скопската епархија да го вратат типичниот инаетчија Теодосиј за митрополит на Скопската епархија. Тоа е истиот оној Теодосиј кој пред 17-18 години сакаше да ја оддели Скопската епархија од Егзархијата и да се прогласи за независен митрополит. За таа цел тогаш тој направи посебен печат во кој ги избриша светите за нас зборови „Бугарска егзархија” и напечати свои крштелни свидетелства, вули и други документи; не ги исполнуваше окружните писма и распоредбите на Егзархијата и друго. Меѓутоа, бидејќи во тоа време немаше такво антибугарско движење меѓу овдешниве ‘Бугари, тоа и помогна на Егзархијата да го оддалечи навреме овој опасен расколник и на тој начин да биде зачувано единството на Бугарската црква во Турција. Сега истиот тој расколник, противно на егзархиските интереси, сака да си ја врати епархијата и да ја продолжи својата нечесна работа, да го разедини нашиот бугарски народ. Ние најостро протестираме против поставувањето на неговата кандидатура за скопски митрополит, бидејќи го навредува бугарското чувство на населението.”

За жал, Ваше Блаженство, ако Епархискиот совет има такви луѓе со здрав разум, не е тоа случај со некои еснафски средини, кои се под влијание на учителот г. Петар Поп Арсов, кој си внушил во главата дека е водач на народот. Тој постојано зборува против Егзархијата и нејзиното началство, вклучувајќи ме и мене, и ги поттикнува еснафите да ја поддржат кандидатурата на митрополитот Теодосиј, зашто тој своевремено пострадал бранејќи ги интересите на Македонците.

Не е излишно да Ве известам уште за нешто за кое претпоставувам дека ќе претставува извесен комплот во сета оваа изборна пропаганда. Од некои членови на Советот разбрав дека Крсте Петков, оној што своевремено тргна со „мисирковштината”, од некој свој роднина што живее тука, во Скопје, побарал да го поврзе со учителот Петар Поп Арсов во врска со собирање на песни за „Крале Марко” во скопската околија, а господинот Поп Арсов бил љубезен веднаш да се согласи. Ова Ви го пишувам, Ваше Блаженство, како едно оправдано сомневање дека тука оживуваат расколничките сили. Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината” на господинот Крсте, „сепаратизмот” на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј и „автономштината” на господинот Петар Поп Арсов!

На мислење сум, Ваше Блаженство, врз основа на протестот од Епархискиот совет /кој, впрочем, да се објави во печатот/ да се отфрли кандидатурата на Неговото Високопреосвештенство г. Теодосиј, со што би се избегнала една опасност од несетени размери за бугарското дело во Македонија.“

Митрополитот Теодосиј Гологанов извршил силно влијание врз младата македонска ителигенција и допринел да се разгори македонското национално чуство кај македонското граѓанство. Меѓутоа, неповолните политички услови за Македонија, имале негативни последициза македонскиот народ. Со поделбата на Македонија после Балканските војни, македонскиот народ оставен без своја држава и црква бил подложен на асимилација од страна на нејзините окупатори Бугарија, Србија и Грција.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981, стр. 468 – 469 )

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top