Коментари

Македонското прашање не е ниту вчерашно, ниту денешно, ниту пак ќе биде решено утре

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

Македонија земја на раздорот.

Македонското прашање не е ниту вчерашно, ниту денешно, ниту пак ќе биде решено утре. Ова прашање зад себе има долго минато и уште долго ќе го привлекува вниманието на меѓународната заедница. Со Македонија и македонското прашање во минатото се занимаваа повеќе познати личности. Меѓу нив еАлександар Валентиновиќ Амфитеатров.

Александар Валентиновиќ Амфитеатров (1862 – 1938) е руски писател-романсиер, политички публицист и патописец. Како автор доста е читан од интелигенцијата. Незадоволен од ситуацијата по Октомвриската револуција, емигрира во Италија 1920. година. Тој е еден од ретките познавачи на Македонија и на Балканот од крајот на XIX и почетокот на ХХ в. Во неговите балкански статии и интервјуа главен предмет му е македонското прашање од државно-политички и културно-национален аспект. Четири пати бил во посета на Македонија  и има издадено четири книги за неа и за Балканот.

Тоа што Србите Бугарите, Грците и другите евроски држави несакаа да го слушнат или видат, Амфитеатров во Македонците гледа посебен словенски ентитет. За посебноста на Македонците тој директно или индиректно спори со бугарските, српските и грчките опоненти. За Македонците ќе напише дека „не се ни Срби, ни Бугари, туку посебен словенски народ, со прост основен јазик.

Амфитеатров уште во 1912 година во своите написи за Македонија ќе запише дека по руската војна, стариот режим на Турција се претвори во „болен човек“, а околу смртниот одар се наоѓаат наследниците и извршителите на тестаментот. Додека Турција е на „умирање“ „нејзините соседи се обидуваат да ја убедат Европа со вистини и лаги, божем националното самоопределување на Македонците надвива во нивна корист а не на соседниот народ. Амфитеатров ќе констатира дека судбината на Македонија зависи единствено од пресретливоста на евроското старателство.    

Неговите запишани зборови како некое пророштво ќе останат и денес. Сведоци сме како со лаги и манипулации нашите соседи и денес работат против македонскиот народ, против ова слободно парче земја и дека сеуште зависиме од пресретливоста на Европа. Тоа што е напишано во 1912 година од страна на Амфитеатров е актиелно и денес.

Доколку направиме парарлела ќе видиме дека пропагандата исто рабати како тогаша така и денес. Во тој период според Амфитеатроф, „Бугарите, во тој однос, ги испреварија сите свои соперници. За да стане Македонија бугарска, требаше да ги побугарат Македонците“, а „Бугарски агент е свештеникот, учителот, комитата, четникот станува тајна влада на земјата и божем нејзина душа“. Денес, еден век потоа оваа пропаганда продолжува со лесното делењето на бугарски пасоши.

Сепак колкави и да биле напорите на соседите да ги асимилираат Македонците во тоа тие никогаш не успеале ниту ќе успеат. Уште тогаш Амфитеатров својот поглед за посебноста на Македонците ќе го објави во „Земјата на раздорот”, каде се вели: „Тоа не се ни Срби, ни Бугари, туку првобитен словенски народ, со едноставен коренит јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каквагоде форма што ќе му предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура. Македонци-Бугари има таму каде што се зацврстила бугарската школа и црква, и Срби има таму каде што писменоста е во рацете на Србите. Со исто удопство тие мoжеле да се претворат, под образовно-религиозно и трговско влијание во Малоруси, Великоруси, Полјаци..

Опишувајќи го односот на Грците кон Македонците во почетокот на XX век, Амфитеатроф ќе напише дека „статистиката за Македонија е збунувачка, тенденциозни, фантастични. Па и покрај тоа, дури и според грчки извори, лесно е да се види дека Елините во македонските вилаети се малцинство. Поради тоа што, за да наметнат мнозинство, Грците морале да прибегнат кон доволно безобѕирно фалсификување, запишувајќи ги како свои сите патријаршисти-славенофили. То ест Словените што не го примиле егзархатот и кои останале верни на константинополскиот патријархат, иако говорат само по словенски. На тој начин Грците го примиле сфаќањето на националноста исто како Турците: вероисповедта е народност. Патријаршист – значи Грк“,

Овој фалсификат продолжува и денес. Безобзирното фалсификување на историските факти продолжува. Грците сеуште не дозволуваат во пописната графа некој да се изјасни како Македонец. Македонците од Егејска Македонија кои се изјаснуваат како Македонци се изложени на репресија. Европа молчи, како што молчат и ОН. За каква правда, за какви човекови права можеме да зборуваме денес. Тие ги нема, резервирани се за посилните, за миленичињата на Европа. При живи наследници, наследството го присвојува некој друг, а земјата на раздорот продолжува да биде опасно жариште, кое може секој момент да не врати во 1912 година.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top