Коментари

ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ – ПРЕКУ БЕРЛИН

tren

Martin Trenevski

Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ – ПРЕКУ БЕРЛИН

Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, на списокот на странски лобисти од поkрупен политички калибар е и името на германската Сојузна Канцеларка, г-ѓа Ангeла Меркел, која доаѓа во посета на Македонија оваа сабота, и тоан токму на Денот на независноста!

Посетата на г-ѓа Меркел (ако не се лажам таа е прва личност на позицијата сојузен канцелар на Германија што ја посетува Република Македонија од осамостојувањето во 1991 година) сама по себе претставува чест за нашата земја бидејки станува збор за лидер на една од најјаките економии во светот; лидер на земја коосновач на НАТО и дефинитивно една од главните, ако не и најглавна лидерка во Европската Унија. А што е најважно за нас, нејзината земја Германија е најзначаен економски партнер на нашата земја.

Секако го знаеме и поводот за нејзината посета: Г-ѓа Меркел, и покрај нејзината претрпана со активности агенда, доаѓа лично да ја искаже подршката на Германија за референдумот на 30 септември и да лобира за што поголема излезност и порака до граѓаните да го подржат истиот.

Но има една работа во политичките релациии помеѓу Германија и Република Македонија за што сметам дека би било добро да ја потсетиме сојузната канцеларка пред да тргне на пат за Македонија. Станува збор за постапката на поранешниот сојузен министер за надворешни работи на Германија Ханс Дитрих Геншер што и нанесе голема политичка и не само политичка (долгорочна) штета на Република Македонија. Еве за што се работи: Комисијата на Роберт Бадентер (попозната како Бадентерова комисија) во раните деведесети години од минатиот век составена од пет претседатели на пет уставни судови на исто толку членки на Европска Унија (тогаш сеуште се викаше Европска Заедница) со единствена цел: да утврди која од бившите Ју-републики исполнува услови за меѓународно признавање, во својот извештај препорача тоа да бидат Македонија и Словенија! Но по објавувањето на нејзината препорака, Геншер одлета од Бон во Атина и им го понуди на грците следниот политички ,,дил,,: Германија нема да ја почитува препораката на Бадентеровата комисија и намерава да ги признае Словенија и Хрватска и доколку Грција ја подржи Германија во таа намера, таа (Германија) ветува дека таа самата нема да ја признае званично Република Македонија туку тоа ке го стори во пакет со останатите членки на ЕУ.

За жал, така и се стори: Германија ги призна Словенија и Хрватска, заради што претрпе сериозни критики од останатите членки, а Геншер мораше да даде оставка но, за жал, Македонија остана во чекалната на ЕУ за признавање уште неколку години што многу негативно влијаеше во понатамошниот севкупен развој на настаните за нашата земја и посебно на нејзините односи со ЕУ.

Не знам дали г-ѓа Меркел го знае овој многу важен детал за меѓусебните односи меѓу двете земји и би било добро, наместо да ни кажува бајки дека вратите на ЕУ ни се ширум отворени и со евентуално успешниот референдум ке потече мед и млеко за нас од нивна страна, да понуди нешто конкретно како лек за раната што ни ја направи нејзиниот сонародник Геншер.

И Германија, како впрочем за целата ЕУ, регионот на којшто припаѓаме со години го третираше како темен вилает на агресивни народи кои само знаат за кавги меѓу себе, иако за проблемите меѓу народите од Западниот Балкан голема вина имаат подземните (т.е. тајните) служби токму на земји од самата ЕУ. Само за потсетување, германската БНД одигра клучна улога во распадот на поранешната југословенска федерација снабдувајки со оружје и на друг начин некои од поранешните Ју-републики за таа цел.

Германија во меѓувреме свати дека е неодржива, па дури и опасна политиката на игнорирање на Западниот Балкан и ја лансираше идејата за помош на земјите од регионот преку таканаречениот Берлински процес. И се ќе беше убаво доколку се увидеа и доколку добија приоритет во вистинска смисла некои насушни развојни проекти во нашиот регион, што не беше случај!? Како пример само да споменеме: меѓу првите проекти во рамките на Берлинскиот процес беше доделување на 200 милиони евра за автопат што ке ги поврзува Ниш, Приштина и Тирана!? А да прашаме: во што е значењето на тој проект – само Господ знае и се разбира германците кои за истиот дават пари.

Германија беше најиздашна и кон Грција на која и помогна за  стабилизацијата на нејзината економија со 250 милијарди евра!!! А издашна е и кон Бугарија на која минатата година и даде 430 милиони евра неповратни средства само за изградба на втора линија на метрото во Софија.

Што се однесува до нашата земја, од Берлинскиот процес до сега се офајдовме со само 70 милиони евра за довршување на железничката пруга кон Бугарија. Па и за тоа фала им!

Не би сакал да оставам впечаток дека сум неблагодарен, но сметам дека сепак има простор Германија да стори нешто многу повеке на економски и политички план за нас. Доколку г-ѓа Меркел при нејзината посета најави некоја посериозна инвестиција што ќе овозможи отворање на повеке стотици работни места (мерцедес, БМВ и слични се добродојдени) тоа би бил вистинскиот ефект на нејзината посета на којшто сите ќе му аплаудираме и ќе се радуваме. Во спротивно, се сомневам дека таквата посета ќе има некој особено значаен ефект!

Ние граѓаните на Република Македонија сме доволно искусни да не се палиме на посети на големи личности кои ни доаѓаат со празни раце и празни ветувања во стилот: ,, Многу ве сакаме ,,  или ,,могу ве подржуваме ,, .. …

И уште нешто, кога станува збор за интеграциите на Македонија во ЕУ токму од Берлин е лансирана тезата дека, според нив: ,,патот на Македонија во ЕУ води преку Бугарија,,(!?) Ако се прашувам јас, преферирам тој пат да види преку Германија, Холандија, или пак Данска… тие барем не патат од теснобалканскиот шовинизам и иредентизам кон се што е македонско што е својствено на нашиот источен сосед!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top