Коментари

Македонскиот народ на 30 септември ќе го бојкотира референдумот


Македонска нација

По осамостојувањето во 1991 година, странскиот фактор индиректно или директно почна да се меша во внатрешните работи на земјата. Во клучните моменти за македонскиот народ, под нивно патронство се носат одлуки кои често се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава.

Враќајќи го времето на назад, доаѓаме до еден од нај еклатантните примери за нивното мешање.

За оние кои заборавиле да ги потсетиме на референдумот од 7 ноември 2004 година, кога граѓаните се изјаснуваа во врска со новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија од страна на СДСМ.

Тогашниот министерот за европски прашања во британскиот Форин офис Денис Мекшејн по состанокот со Бранко Црвенковски побара од македонските граѓани да не излезат да гласаат на референдумот, туку да си останат дома. Тој пред Собранието на Македонија, покажувајќи на часовникот, ќе изјави:

“Секоја земја има мошне едноставен избор: вие или го навивате вашиот часовник напред, или го враќате назад. И ние мислиме дека гласањето на референдумот ќе го врати назад часовникот за Македонија, а тоа не е правецот во кој ние сакаме да одат луѓето. Не враќајте го часовникот назад. Ги разбирам стравовите и грижите, но на 7 ноември останете дома, размислете за тоа што сакате да направите, одлучете какви сигнали може со овој референдум да се пратат. Но потоа да направиме да работи Охрид, да не ја враќаме Македонија назад во насока на нестабилност, назад од нејзината иднина како европска земја”.

Исто така Мекшејн, тогаш изјави дека иако “право е на земјата да си ја организира внатрешната политика”, се надева оти гласачите ќе разбереле дека секој глас даден против Охридскиот договор бил глас против Европа.

Ваквите пораки од надвор, комбинирани со изјавите на тогашнто раководство на СДСМ „дека некои прашања не заслужуваат Одговор“ и заплашување со откази на администрацијата доколу гласаат, се одразија катастрофално по излезноста на денот на референдумот и идниот изглед на Македонија.

Како резултат на ваквото мешање, иако на референдумот од вкупно излезените 454.347 гласачи, мнозинството од 449.324 лица гласаа против новата територијална поделба, референдимот не успеа поради излезноста која беше само 26.58 %. Односно не беше постигнат потребниот процент од 51% излезност.

Неуспешниот референдум ќе се одрази на етничкиот баланс во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево и други места на штета на Македонците. Тоа беше еден дел од фазата за разнебитување на земјата.

Исто така, многумина како да заборавиле дека од осамостојувањето на земјата Македонија имаше многу ветувања од меѓународната заедница, но од тоа ништо не се исполни. Сетете се само на барањата за менување на знамето, химната, името, направете реформи и т.н. па ќе бидете примени во ЕУ и НАТО.

Но по сите направени остапки, Македонија буквално ништо не доби, па дури не беше ни испочитувана пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во корист на Македонија. Земјата и ден денес се наоѓа во чекалната на НАТО и ЕУ, а Македонците во сопствена држава стануваат народ од втор ред.

По повеќе од една декада која е доволна за да се подзаборават болните настани од поновата историја започна нова фаза за конечно докусурување на нашата земја.

Меѓутоа, иако некои тоа го заборавиле и на последните парламентарни избори гласале за СДСМ, што значи предавство, двојазичност и кантонизација на земјата, а сега разнебитување на државата со потпишаниот договор со Грција, тоа не го заборавија поголемиот дел од граѓаните на Македонија.

Заради сето ова Македонскиот народ на 30 септември ќе го бојкотира референдумот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top