Коментари

Тоа што Русија не смее да и го прави на САД, не важи и за Вашингтон во Македонија

mane 1

mane 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Во последната деценија американските медиуми паралелно со политиката на САД вршат немилосрдна демонизација на Путин, а по изборот на Трамп за претседател, тие го обвинија него и Русија за недозволено мешање во претседателските избори на САД.

Меѓутоа, тоа што Русија не смее да и го прави на САД, не важи и за Вашингтон во Македдонија.

Убедени дека промената на името и Уставот тешко ќе помине кај македонскиот народ, актуелната марионетска власт и преставниците на меѓународната заедница во земјата преземаат низа активности надвор од законските рамки. Се служат со закани, уцени и т.н.

Американскиот амбасадор Џес Бејли и амбасадорите на земјите членки на ЕУ во текот на месец септември ќе одат по општините на средби со граѓаните на кои со презентирање на придобивките од членството на Македонија во ЕУ и НАТО треба да ги убедат Македонците да излезат на референдум и да гласаат за промена на името и идентитетот.

Тука сме за да работиме заедно и да ја подобриме состојбата во државата. Ова е пораката која евроамбасадорот Самуел Жбогар планира да им ја пренесе на граѓаните во следните неколку недели во пресрет на референдумот.

Наскоро ќе дојдела во посета Ангела Меркел во функција на референдумот закажан за 30-ти септември.

Со цел да има успешен референдум, ЕУ и САД имаат издвоено поголеми суми средства, а ЕУ во својата кампања ќе им ветува и 150 милиони евра помош за општините во Македонија во наредните четири години.

Со европски пари, странските преставници во земјата отворено учествуваат во кампањата, што преставува мешање во внатрешните работи на државата. Но, она што е уште поскандалозно, не е тоа што дома кај нас не сакаат да ни го изговарат македонското име, идентитет и јазик, туку што овие преставници му даваат лажни ветувања на народот, само да си го промени името и идентитетот. Тоа е спротивно од она што САД и ЕУ постојано го говорат за демократија и владеењето на правото.

На почетокот на кампањата, од Бејли се слушаат пораки од типот дека младите треба „да ја зграпчат приликата и да станат иднина на ЕУ и на НАТО. Исто така дека многу битно било да излезат и да гласаат на референдумот и да ја кажат својата демократска одлука… оти како членки на НАТО и ЕУ, земјата ќе ја има слободата, ќе има развој на бизнисот.

Само по себе се наметнува прашањето дали Македонија денес е слободна држава или има поставен губернатор во името на американскиот амбасадор Бејли?

Ако ова се случува во некоја друга земја, некој отворено да го лаже народот, без разлика дали доаѓа од преставници на САД и ЕУ или друга земја, сугурно дека веднаш би бил протеран како непожелна личност во земјата. Но, во нашата земја наместо да се протераат, луѓето кои активно работат против интересите на македонската држава се добродојдени.

Меѓутоа, мора да се истакне дека и покрај заедничкото делување, ни ЕУ, ни НАТО, ниту власта на Заев, не можат на македонскиот народ да му ја продадат приказната, дека ако го сменат името и идентитетот, набргу ќе ги чека ЕУ и НАТО, каде што „тече мед и млеко“.

Соочена со фактот дека народот сака во ЕУ и НАТО, но без да го промени името и Уставот на земјата, актуелната власт со своите странски поддржувачи го насочи своето внимание кон Собранието.Така референдумот сега станува консултативен, а пратениците можат да добијат по 11 илјади евра доколку водат кампања за спроведување на референдумот, без разлика дали се за или против.

Во Собранието е потребно да се обезбедат две третини од пратениците за да може да доде до промена на Уставот и името. Најголем проблем ќе бидат македонските парламентарци, без разлика од која партија припаѓаат, бидејќи еден дел од немакедонските парламентарци промената на името и уставот ќе го прифатат. Тоа значи дека македонските пратеници ќе бидат изложени на огромни притисоци, уцени и закани.

Меѓутоа, сега е време кога македонскиот народ и нивните пратеници во Собранието на Република Македонија треба да станат и да му кажат на САД и ЕУ: Ние сме за ЕУ и НАТО, но не сме за промена на името и уставот.

Доколку САД, ЕУ не‘ почитуваат, доколку го почитуваат меѓународното право и демократија, тогаш нека ја примат државата на македонскиот народ под уставно име, а Македонците со македонски идентитет и со македонски јазик.

Најголемиот дел од македонскиот народ свесен за последиците од овој референдум, без разлика на Бејли, Жбогар и другите европски амбасадори е решен да го бојкотира, бидејќи некои прашања не заслужуваат одговор.

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top