Коментари

Власта да ги преиспита односите со ЕУ и НАТО

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

На 27 јуни 1992 година Европскиот совет на Европската заедница во Лисабон донесе Декларација за поранешна Југославија, во која прокламира признавање на државноста на Македонија, но “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија”.

При донесувањето на Декларацијата не беше земено во предвид позитивното мислење бр 6 на Бандеровата комисија од 11 јануари 1992 година во кое се препорачува признавање на Македонија од ЕЗ.  

Условот поставен тогаш од страна на заедницата на европските држави кон Македонија заради една своја членка (Грција), беше класична уцена, која трае до денес. Меѓутоа, пратениците на македонскиот народ во Собранието на Македонија не потклекнаа пред притисоците. На 3 јули 1992 година Собранието на Македонија со Декларација ја отфрли Лисабонската декларација на Европскиот совет на Европската заедница.  

Инаку, седницата на Собранието на која се разгледуваше Лисабонската декларација и требаше да се изгради став кон неа започна на 1 јули. Тоа беше бурна, драматична седница, во која македонските парламентарци отворено ја покажаа својата разочараност во принципите на нова Европа, која во однос на Македонија ги примени недоследно и селективно.  

Уште на самиот почеток на осамостојувањето на македонската држава, македонските политичари биле изложени на притисок и подмитувања само да го сменат името Македонија. Сепак, најголемиот дел од македонските политичари имаа доблест да ги одбијат непристојните понуди. Така, во мемоарските записи на мекедонскиот претседател Киро Глигоров “Македонија е сешто имаме“, како што пренесуваат медиумите, стои забележано дека тој ја одбил понудата од Грција за милион долари да се откаже името Македонија, а дека посредник за понудата бил Љубомир Фрчковски.

Глигоров тогаш ги одбил со зборовите „Добро бе луѓе, како си замислувате шефот на оваа држава да прими милон долари за да се откаже од името Македонија. Како ве молам воопшто сте го замислиле тоа?  Тоа е апсурдна работа. 

Киро Глигоров беше македонски претседател, човек со интегритет, кој по осамостојување на земјата не сакаше да се пазари за името Македонија. Денес, тоа не го прави ни сегашниот претседател Ѓорѓи Иванов. 

Серпак, како и за време на Глигоров, и денес постојат луѓе без интегритет, кои се спремни да го сменат името. Некои се истите луѓе кои по осамостојувањето работеа во интерес на Грција, а некои се нови. Заедничко им е отворената торба без дно, која е спремна  да прими разни амфори, златни часовници и т.н., се она што некогаш Глигоров одбил. 

ЕУ, никогаш не ги смени своите ставови кон Македонија. Таа во изминатите повеќе од две и пол децении суптилно работеше, чекор по чекор, кон разнебитување на македонскиот народ и држава. ЕУ и НАТО со разните условувања направија се за да ги парализираат институциите и за државата да не може да се брани.  

На крај, инсталираната марионетска власт во Македонија со помош на центрите на моќ, склучи спогодба со Грција, со која државата го менува името во Северна Република Македонија. Така, македонскиот народ полека се откажува од македонското име и идентитет и тоа треба да го потврди на референдум, како слободно изразена воља.    

Македонија без разлика колку е мала држава, таа мора да го сочува своето достоинство. Ако од XV до средината на XX век Македонците во ропство, го зачувале јазикот и идентитетот, незамисливо е денес, при слободна и независна држава преку референдум да се откаже од името и идентитетот. Исто така, незамисливо е во XXI век ЕУ и НАТО да уценуваат една мала држава да го смени името, ако сака да стане нивна членка. 

Воспоставувањето на неравноправни односи меѓу ЕУ и Македонија кои се темелат врз основа на неоколонијализам, а не врз принципот на равноправни партнери, нема да бидат добри за никого, а најмалку за македонскиот народ.    

Затоа, наместо на 30 спетември да се одржи референдум за да се праша македонскиот народ дали е за членство во ЕУ и НАТО доколку го смени името, најдобро е истиот да се бојкотира, а истовремено европските “торбари“ во власта, спремни да тргуваат со името, треба да си ги преиспитаат односите со ЕУ, која впрочем почна да го менува мислењето за проширување. На крај ќе останат и без име, ем торбите ќе им останат празни.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top