Коментари

РЕФЕРЕНДУМ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

Душан Ристевски – Македон
РЕФЕРЕНДУМ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА

Кога нешто не сакаш, кога нешто ти се натура, посебно со притисок, да си го смениш името, да си ја смениш религијата или да веруваш во идеологијата на некој си Хитлер, Мао или Сталин, или пак да му веруваш на лагите на Заев, тогаш нормалната човекова реакција е одбивност, огорченост, лутина, бунтовност и омраза. Ете тој е збирот на чувство што го имам во моментот кон македонските политичари, без разлика на која партија им припаѓаат (оти се виде во последните денови како ДПМНЕ „реагира бедно“, „изјавува нејасно“, „верува во ништо“, „спие во ист кревет не само со СДСМ туку и со албанските партии“. Тотално разочарување за македонските патриоти или националисти кои си ја сакаат својата татковина Македонија. Пребарувам во историјата да најдам која друга нација се самоуништила. Но не најдов, но еве сум сведок како нашата нација се самоубива. Онаа истата нација за која се пролевало крв, се градела, се леела да бидеме она што сме, но еве преку ноќ ќе дојде некој Јуда или Ѓавол со група на ѓаволчиња да се уништи убавото, божественото, светото, да се сече дабот од кој сите ние сме доени и сме го дишеле воздухот на македонштината.

Доволно слушавме празни реторики од политичари, аналитичари, судии и правници – испаднува дека тие се слепи на „матната“ што не понесла од инерцијата што еден политичар, една партија ја создаде, непочитувај ќи ни закон, ни устав, ни желбата на Македонците што постоеле, што постојат и што ќе постојат во Македонија.

Дедо ми често ми кажуваше, дека пред самата поделба на Македонија, конзулчина од Европа се рашетувале низ Македонија, ја мереле и премерувале на кој начин да ја изсецкаат. Неговиот татко го предупредил дека „ова не е за арно…“ Некој ќе рече, ете тогаш немавме држава, немавме влада туку бевме оставени на милост и немилост на алчните соседи кои помогнати од Англија, Франција и Германија како некои волци се нафрлија над Македонија. И еве историјата се повторува, разликата е што имаме држава, имаме влада (божем македонска) и волците повторно се рашетуваат низ Македонија за да ја распарчат уште повеќе, бидејќи сега им се придруже и Америка. Каде што стапнале нивните нозе се направил геноцид и уништување на нации, уништување на животи. Прашање е, што мајка барат во Македонија? Ова, верувајте, не е за добро. До вчера немаа никакви интереси, а сега преку ноќ, сакаат да им „помогнат“ на Македонците да постанат „граѓани“ на некоја измислена Северна. Се мешаат во директниот демократски процес на референдумот, даваат изјави дека референдумот треба и мора да успее, на „новата“ држава ќе и се помогне со пари – лажни ветувања, како што педофилот ја опсипува со награди идната жртва.

Демократијата во западот така функционира, доколку сакаш некого да го потчиниш, направи му се пријател, пијте англиски чај, зборувај со германска (пластична) насмевка, потпиши договор, а потоа закачи му нож во грбот. А тоа потекнува од „лулката на демократијата“ каде се знае само да се лаже и краде.

Зошто да се оди на референдум, кога се знае дека истиот ќе биде „успешен“ како што си го подредил Европа со вазалот Заев и коалициските пратеници кои дебело се платени за продажбата. Зошто луѓето да излегуваат на референдум, да си ги „трошат“ чевлите и енергијата, а зошто и толку пари се трошат за референдум кога се знае резултатот, кога се знае дека се е скроено онака како што наумиле некои „други“ со помош на некои „наши“. Парите ќе можеше да се искористат во изградба на некоја фабрика или да се направат некои патишта.

Доста пати сум слушал повици, Дијаспората да не се меша во избори на влади или сега за референдумот, но да простите, Македонија е моја колку е и ваша. Никогаш не сум гласал за државни избори бидејќи и не живеам таму, не можам да вршам влијание која партија да ја води државата, но за референдумот каде иднината на државата и нацијата се ставени на гилотина, да простите, тоа право никој не може да ми го одземи. Но истиот го бојкотирам не само јас туку сите членови на моето семејство. Божемниот договор, доколку некој ме уверува дека е добар за Македонците, тогаш, зошто Атињаните го подржуваат? Тоа ми кажува дека договорот не е добар – Атињаните никогаш не би потпишале нешто што е добро за нас, на нивна штета. Да бидеме малку паметни.

Референдум, и малоумните го знаат, не е демократски ниту пак легален, а најмалку корисен за доброто на Македонците и Македонија, затоа секој чесен Македонец кој ја сака својата татковина, треба да го бојкотира.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top