Македонска нација
Македонија е наша судбина
Тие кои во минатото беа најголеми противници за НАТО и ЕУ, денес ни кажуваат дека сите кои сме биле за бојкотирање на референдумот не сме и мислеле добро за државава и дека секој Македонец требало да излезе и да гласа на Референдумот и со тоа ќе сме покажеле дека сме биле за ЕУ и НАТО.
Не сум од тие кои гледаат само назад, но неопходно е од време на време да се сврти погледот наназад, да видиш дека не почнува и не завршува се` од тебе.
Благодарение на сите кои се вложија а илјадници го дадоа животот за Македонија, Таа денес е самостојна држава на македонскиот народ.
Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување.
Македонското неединство и поделеност е она за што во колективната историска свест на нашиот народ обично се вели дека е една од главните причини што Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност.
Таквите подметнувања ги форсираат неколку незрели политичари, со поттикнување на незадоволство.
Единството за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за одбрана на виталните национални интереси.
Македонија ќе постои затоа што сите ние кои ја следиме идеологијата на нашите предци и на ВМРО ќе го бојкотираме претстојниот Референдум, затоа што не смееме да дозволиме некои продадени души да ни ја разнебитат Македонија.
Македонија е наша судбина!
Македониј е се што имаме, Ние немаме друга татковина.
Се‘ за Македонија!
Македонија вечна!
АМИН!