Коментари

ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ

tren

Martin Trenevski

Мартин Треневски, член на Првата демократска влада на независна Македонија

ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ

Една неодамнешна промоција на книги, што вообичаено би требало да биде културен настан, прерасна во по многу нешта контравезна случка што отвори стари рани и многу прашања! Станува збор за претставувањето на десетте тома избрани дела на Стојан Андов во издание на Матица Македонска. Велам контроверзна од причини што тој настан силно ја брануваше македонската јавност, а еве зошто:

Пред се заради поводот! Имено, дали со промоцијата на десетте тома избрани дела, наводно за да се одбележи неговиот 83ти роденден (вообичаена пракса во светот е да се одбележуваат ”округли” годишнини, на пример 80та, 85та, или 90та… годишнина), или со овој потфат Стојан Андов настојува да потсети на себе и да се глорифицира самиот себе за неговите големи дела (!?) и заслуги (!?) како во минатиот систем, така и во овој, актуелниов!? Донекаде се наметнува впечатокот дека оваа промоција наликува на своевидна “лебедова песна” на Стојан Андов (лебедите пред заминување на оној свет ја пеат својата најубава песна) и обид самиот да се овековечи за на век како небаре Македонски месија кол толку многу направил за Македонија!? А за промцијата да добие што поголема тежина и внимание, самиот Андов многу се погрижил да покани и да обезбеди присуство и обраќање на дел од македонската научна и политика елита.

Контроверзноста на настанот ја предизвика самиот Андов со изнесеното во некои негови книги, а ја поткрепи со лични сознанија и тврдења во стилот рекла-казала еден од промоторите, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов откривајки ја Америка дека конечно и без сомнеж се открија планерите и егекуторите на атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров!? Со име и презиме, според Андов и Гајдов тоа биле Љубомир Фрчкоски и Бранко Црвенковски. Сега Андов и Гајдов веројатно ке си ја поделат наградата што ја распиша во 2000та година поранешниот МВР Павле Трајанов од еден милион германски марки, или во денешен еквивалент од половина милион евра за информација што ке води кон откривање на починителите на атентатот.

Злоупотребата на еден навидум културен настан – промоцијата на книги од перото на Стојан Андов многу силно наликува на персонална вендета (освета) на авторот на десетте тома избрани дела кон Љубомир Фрчкоски во што не сакам да навлегувам (За љубов на вистината, по атентатот извршен на 3ти октомври 1995 година постојано ми беше присутна помислата дека такво нешто најверојатно го извршиле домашни актери, но со странска помош).

Кавгата помеѓу Андов и Фрчкоски е нивна работа што секако создава дополнително грда слика на нашето уште погрдо секојдневие. Но неминовно се наметнува прашањето што со право го поставија некои македонски коментатори: Зошто молчеа до сега??? Атентат, т.е. да атакуваш на животот на претседател на држава е невиден злостор сам по себе. Претседател на држава не е само личност од крв и месо како сите нас! Тоj истовремено е и институција што ја избрал народот за да ја претставува државата и дома и надвор. Не е случајно во САД постои SECRET SERVICE што го сочинуваат врвни специјалци од повеке области за да го обезбедуваат претседателот на САД и неговото семејство 24/7, или сличните служби што го чуваат претседателот на Франција, британскиот суверен и сл. Следствено: зошто молк од Андов и Гајдов цели 23 години од тој настан? Зошто??? Сега наменски проговорија за политичка егзекуција на Фрчкоски??? И дали зад овој обид за егзекуција не стои уште некој друг (можеби и еден или повекемина присутни и на самата промоција на избраните дела на С. Андов?) кому, за мене од непознати причини , сега му смета Љубомир Фрчкоски??? Сакам да поверувам дека времето ке покаже што се стои зад оваа лична пресметка.

Стојан Андов може да промовира уште десет пати по десет книги но тоа не може да го испере од гревот што го направи кога го бојкотираше Референдумот за осамостојување на Македонија што го организравме на 8ми септември 1991 година, кога по совет на претставници на странски служби не се појави и самиот да гласа на тој историски чин и се криеше во јужните предели на Македонија (За ова види многу подетално во книгата на акад. Никола Кљусев “Патот кон македонската независност”, стр. 82 во издание на НАМПРЕС и во мојата книга: “Незаборавник”, стр. 73-77, исто така во издание на НАМПРЕС, каде детално го опишувам овој случај)!

Претпоставувам дека Стојан Андов сега длабоко се кае заради своето однесување и заради бојкотирањето на Референдумот за независност! Гротескно е и однесувањето на Стојан Андов кога наближува тој свет датум – 8ми септември! Редовно не се штеди да дава изјави и интервјуа за тој настан на кошто самиот лично не учестуваше, па дури изиграва актер во монтирана улога на лице кое гласа (наводно за референдумот) се со цел да прикаже дека и тој е еден од учесниците на тој историски чин.

На негова (С.А.) несрека сеуште не има многу сведоци и очевидци што знаеме за гревот на Стојан Андов за кој грев не знам дали пишува самиот во своите десет тома и дали е објективно претставен во неговата Лебедова песна!? Нему објективноста и етичноста не му се својствени! Напротив, и покрај поодминатите години секогаш настојува да е во прв план во јавноста.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top