Коментари

КОГА ШАРЛАТАНИ ОДЛУЧУВААТ – СТРАДА ВИСТИНАТА

tren

Martin TrenevskiМартин Треневски

КОГА ШАРЛАТАНИ ОДЛУЧУВААТ – СТРАДА ВИСТИНАТА

Ете драги македонки и македонци, го доживеавме првиот шок (море не само шок, туку вистинско трескање од земја) од таканаречениот Договор за пријателство со Бугарија што ни го приреди македонскиот дел од заедничката Kомисија за препочитување на учебниците по историја!? Имено, според изјавата на шефот на бугарскиот тим историчари, професор Иван Илчев (нашите членови не не удостоија со права информација што воопшто се случувa таа комисија и што се договорил (читај: што распродале), македонскиот тим историчари кои “признале дека царот Самоил бил бугарски владетел”!?
Токму така, нашите силни историччари се одрекоа од една од највеличествените личности во нашата национална историја – царот Самоил и сега треба да очекуваме во нашите учебници да пишува дека – според нашите историчари (замислите какво безобразие и лудост, но пред се неодговорност и непочит пред нашето историско наследство и минато и тоа од оние што се најповикани да го бранат со факти и документи), т.е. одбраната дружина од Зоран Заев таканаречени историчари (во моите очи обични дилетанти и шарлатани) туку така, како на Бит Пазар, да ја распродаваат и да се одрекнуваат од една од нашите најголемите национални светињи – македонскиот цар Самоил.
Сакам да верувам дека можеби некој од членовите на македонскиот тим историчари и држел до историската вистина но бил приморан да проголта (!) oна што им било наложено од Илинденска Бр. 1 и да премолчи став што бил наметнат од актуелната политичка констелација што ја узурпира власта во Македонија!? Оваа претпоставка за инволвираноста и притисоците врз членовите на комисијата ја базирам на фактот што Зоран Заев и неговиот министер за понадвор, пардон за надворешни работи, Никола Димитров во август 2017 година сред Софија положија цвеќе и се поклонија на споменикот на македонскиот цар, бесрамно претставен како ” Самоил цар на Б’лгарија”.
Од друга страна пак ваквото шарлатанство во никој случај не може да го оправда гревот на тие што го сторија ова предавство и така лефтерно ги распродаваат и се откажуваат од нашите древни историски ликови. Слушаме дека фамозната комисија историчари прифатила да се споделуваат со Бугарија како “заеднички вредности” и светите браќа Кирил и Методиј, па Глигор Прличев и кој знае уште што ке ни се случи допрва и какви се не шокови ке доживееме во иднина во стилот на Зоран Заев: “Едно да се каже дека Бугарија била окупатор во Втората светска војна, а сосема друго било да се каже дека фашистичка Бугарија била окупатор на Mакедонија, бидејки, според Заев, оваа, вторава варијанта била понепријатна и поболна за бугарите и не била во духот на Договорот за пријателство!?

Но да се вратиме на предавството на цар Самоил на бугарите од македонските историчари – дилетанти.

Дали тие силни доктори на историски науки, демек специјалисти за периодот од средниот век, воопшто ги прочитале учебниците од еден од најголемите авторитети во светот за средeн век од минатиот век Проф. д-р Григориј Острогорски??? Според актот на ноншалантното прифаќање на бугарската верзија за царот Самоил, не верувам! Или можеби Проф. Острогорски воопшто не е земен во предвид за расправата по ова прашање? Mногу веројатно! Имено, Проф Острогорски, чии учебници за средниот век и Византија се преведени на бројни светски јазици, а во Германија таа материја и денес се изучува од неговите учебници, и во изданието на учебникот: “ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИЈА” од 1947 година, и во изданијата од 1959 и 1969 година к а т е г о р и ч к и тврди дека царот Самоил е од м а к е д о н с к о потекло и дека во науката не постои нити еден доказ за постоењето на две бугарски царства, источно и западно, како што настојува да наметне бугарската историографија, но и многу нагласено бугарската политика!!!Дали ова сознание не им беше достапно и познато на нашите историчари, членови на комисијата за ревизија на учебниците по историја во Република Македонија, не знам!

Ако нашите историчари не го знаат, или пак не го ценат Острогорски (?), кој знае, се е можно, тогаш можеле да ги консултираат делата на Проф. Бранко Панов, Драган Ташковски, но и академик Стјепан Антолјак кои се многу децидни во ставовите за македонското потекло на цар Самоил.

Нашироко позната историска епизода е дека царот Самоил – постапувајки по советот од Ватикан, ј а у з у р п и р а л круната на бугарските цареви, но тоа во никој случај не го прави Бугарин во етничка смисла, ниту пак неговото царство како бугарско, врз основа на што соседите ни од истокот манифестираат иредентизам кон нас (забелешка: Бугарија е членка на НАТО и на Европската унија, што подразбира дека би требала да прифаќа и манифестира европски вредности) а не хистерично да наметнуваат и присвојуваат туѓи, во случајов македонски, историски вредности!). Впрочем бројни цареви и императори на Светото Римско царство биле шпанци, португалци, австријци, баварци и др. но тоа воопшто не значи дека биле по потекло – римјани!!!

на нашите историчари – членови на мешовитата комисија за ревизија на учебниците по историја, би им препорачал да ги искинат факултетските дипломи и докторати по историја и да ги голтне срамот, ако воопшто имаат срам за овој злостор што ни го сторија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top