Коментари

СИТЕ АФОРИЗМИ И ПРИМИТИВИЗМИ НА МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

Сотир Гроздановски-Македонски

СИТЕ АФОРИЗМИ  И ПРИМИТИВИЗМИ НА МИРОСЛАВ ГРЧЕВ

Познат по дизајнирањето на  македонското  државно знаме и најпознатиот државен  грб со лавот македонски, овој изветреaн  и несалам архитект, со грчки корени, е познат и по своите примитивни афоризми, но најповеќе по потценувањето  и тешките навреди на Македонија и македонскиот народ. Но, каков татко, таков и син, што вели народната изрека,  ниту Димитар Грчев, синот на Мирослав, не е ништо поарен. Неговите ниски удари врз угледот и достоинството на македонскиот народ немаат врска со стварноста, ама имаат врска со неговиот карактер, етички  и морални вредности.

Димитар Грчев го јаде македонскиот леб, а плука по производителите на житото и пекарите кој му го сервираат топлиот леб, секој ден. Иако многу знаат со каква нечесна, бахата и арогантна личност имаме работа, секако треба тоа и да го потврдиме со неговите изјави, кои ги донесуваме за оние кој немаат доволно информации и за синот Димитар и таткото Мирослав Грчеви.

Кога би живееле во држава во која владее правото и правдата, што неможиме да очекуваме од Влада предводена од типови како Зоран Заев, овие отворени и дрски непријатели на се’ што е македонско, одамна би биле или затворени да гнијат негде и согнијат, или би биле протерани од Македонија таму, за која земја и држава работаат.  

Ево што вели и што мисли за македонскиот народ и сепак ги ужива благодетите што му ги пружаат Македонците, но и сите други граѓани, на Република Македонија:

Димитар и Мирослав Грчев. За нив Македонија била
ЌЕНЕФ!

Зарем ова може здрав ум да го измисли и да го изрече и влакно од главата да не му падне?

Пак ќе поновам: каков татко, таков и син. И ако немора секогаш да е така, но во овој случај,  катастрофата е очигледна, бидејќи и синот и таткото се родија болни, недоветни и тешки примитивци.  Господе   прости им ги гревовите, зошто незнаат, навистина, што чинат и како да  се однесуваат, човек би рекол!

Но, целта не ми беше да зборувам за синот на Мирослав Грчев, Димитар, туку за таткото Грчев. Ќе Ви речам зошто!

Прелистувајќи ги македонските весници, овој пат и “ОКО”, случајно ми падна в очи колумната на Мирослав Грчев под наслов: “Денот кога се запали факелот на македонската република”. Тој започнува вака:

“Седам денес, вели Грчев, и со тешко срце пишувам, додека низ телово – како низ ѓевгир – ми протекува уште еден сив и влажен, мамурлив 29-ти ноември, уште еден неодбележан и непразнуван роденден…додавајќи така уште еден годишен нанос тиња врз вистината за потеклото на нашата република, врз сеќавањата за сопственото државно појавување на светската политичка мапа, продлабочувајќи ја така тивко и незабележително, во недоглед, македонската криза на идентитетот. Зашто, државниот идентитет, како и секој идентитет, впрочем, се гради првин од податоците за датумот, местото и околностите на зачнувањето и настанокот на државата, како и описот на нејзините особености во почетокот на нејзиното постоење. Што, се разбира, потоа би требало да се слави и чествува додека државата постои и додека постои континуитетот на нејзините колективни мемории (од кои што е изграден нејзиниот идентитет). Конечно, основното значење на зборот “идентитет” е “истоветно”, па идентитетот така претставува збирка квалитети на секое поединечно нешто да биде исто на себеси, поради што вистината за раѓањето и родителите би морало да биде непроменливо јадро и на македонскиот државен и културен идентитет, или, да скратам: тоа би требало да е вистина со која националниот идентитет би морало секогаш да биде ист.

Незапамтен и непразнуван

За жал, не е така, зашто упорното државно непразнување на 29 ноември е очигледен симптом на длабоката идентитетска дупка што се продлабочува уште од почетокот на нашата државна независност 1991 година. Дупка, што со помош на тешката државно-партиска идеолошка механизација на ВМРО стана огромна идентитетска јама, видлива и од вселената. Во тој мрачен идентитетски ќенеф, ВМРО повеќе од деценија ги натрупуваше своите историски фалсификати и безумни бладања за тоа кои сме и што сме. Но, за инает на нашиот заборав, на 29 ноември 1943 година – сред најголемата од сите војни! – во босанското Јајце, се одржа Второто заседание на АВНОЈ – Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, на кое ова тело се прогласи за носител на сувереноста на новата југословенска федерација, за врховно законодавно претставничко тело на сите југословенски републики и народи.

Токму во Одлуката број 3 на Второто заседание-за прв пат во историјата на светот!-во еден државно конституционален документ се уредени македонската држава и македонскиот народ како посебен државотворен  национален ентитет,  со што 29 ноември стана роденден и на македонската република и на југословенската федерација! А, ние, и година и пол дена по “ослободувањето” од вмровската партиско-мафијашка окупација, се’ уште во списокот на државните празници славиме дузини на неисториски датуми од настани апсолутно нерелевантни за македонската држава, или настани што никогаш не се ни случиле, додека датумот на нашето државотворно зачнување го оставаме незапаметен и непразнуван, препуштен на есенската гнилеж, да исчезнува од супстанцата на нашиот национален идентитет, во рамнодушното и еднолично роморење на времето??!.”

Ги истресе своите вообичаени мисли “другарот” Мирослав Грчев, присвоени од неговите грчки, бугарски и албански сомисленици и негатори на вистината за македонскиот роденден и вистинскиот идентитет на Македонците!

Зарем треба уште нешто да напише,  овој обичен “Тројански коњ” и грчки шпијун, па да ни биде јасно за кого тој работи? Па зарем се’ уште не ни е јасно од каде и зошто дојде на видело договорот со Грција, па договорот со Бугарија и примената на албанската Тиранска платформа за државотворноста на Албанците во Република Македонија? Па зарем од типови како Зоран Заев со потекло Албанско и како самиот потврдува дека е  “христијанизиран” од Македонците може да се очекува лојалност спрема македонската држава? Затоа не треба да се чудиме, зошто  надворешните фактори избраа и поставија, насилно, на чело на македонските најзначајни и најчувствителни институции личности кои за нивни интереси ќе ја завршат работата, која самите и непосредно не беа во можност да ја докрајчат, а светот да не ги обвини и окарактеризира како агресори, со потврдено минато.

За ова, некој од македонските историчари, до колку има “муда”, би требало “понаучно” да реагира и да ја брани историската вистина за македонскиот идентитет од антиката, па до денес. Да реагира, а не да седи во Македонската академија на науките и уметностите, а особено во Институтот за национална историја на Македонија, како сојузник на Зоран Заев, и бесрамно  да си гледа сеир.

Зарем, вакви недоветни и историски неписмени, а цивилизациски останати во времињата кои одамна ги нема, дури и во најзаостанатите подрачја на земјинава топка, се компетентни да ни зборуваат, јавно, за нашиот роденден?

Зарем не се ваквите толкувања на македонската историја идентични со желбите на  Грците и Бугарите, па дури  и на Албанците, замислете си само и на Албанците, и да ни држат предавања за нашиот национален, македонски идентитет? Не е ли длабоко понижувачки за сите нас, Македонците, и понатака да слушаме и стоечки поднесуваме лаги и непријателски пропаганди кои немаат врска со вистината, а најмалку со здравиот ум и разум?

Тито не ја создаде Македонија, ниту македонската нација. Тоа би сакале Грците, Бугарите, Албанците и некои други соседи да е вистина, но историјата  има и свои принципи: хронологија на историските настани запишани од живи сведоци или и самите учесници во нив. И ако со текот на времињата и  странските интереси оригиналните податоци се фалсификувале и искривувале,  сепак, правите историски документи се’ уште се чуваат, зошто ако се извадат на видело, светската историја би требала одново да се пишува. И покрај се’, како и во секоја работа каде се вработени живи луѓе, тие “строго” доверливи таини излегуваат на виделина и не се повеќе таини. Како во  приказната за царот Трајан и неговите козји уши.

Народи и нации не се создаваат со декрети и желби на поединци. Нив или ги има, или ги нема. Исто така и  времетраењето им се брои со нивното егзистирање во било која форма.

Ете, тоа е, во главно, причината што надворешните фактори го избраа  баш Зоран Заев, Албанец Христијанин, да го промени името на македонската држава во “северна Македонија”, а Македонците во “северни Македонци” и  така Грција, Бугарија и Албанија да стекнат легално право над целата македонска територија и целото древно македонско наследство, без право на “северните Македонци” на било какви побарувања или грижа за своите национални малцинства  надвор од Република Македонија.

Па така, во создавањето на СФРЈ како заедничка држава, на повеќе балкански народи, секој од нив со национална свест и државничко минато, неможе да се бараат  идентитетските корени, ниту своите национални, верски и народносни белези и традиции. Зошто? Па затоа што нашите идентитетски корени се многу подлабоки во историското минато од времето на создавањето и траењето на СФРЈ, како наша заедничка држава. Може само да  се разменуваат податоци врзани за минатото и културниот развој на секој еден народ поединечно и меѓусебно запознавање и зближување. И тоа е се’!

Коренот на Македонците е длабоко во историјата, како и корените на сите народи во светот. На некои подлабоки во минатото, како на Македонците, за кои е сведок Библијата, а на некои по плитки. А што се однесува до 29 ноември 1943 година, може да се рече дека тој беше заеднички државен празник на сите придружени народи, а не датум на кои се создаваа нациите и нивните историски белези и траеше дури државата егзистираше. И затоа,  Република Македонија немаше причина, ниту законско и морално право да го узурпира, самоволно, празникот на СФРЈ и  да продолжи понатака да го чествува како свој, македонски, национален празник.

Ние, Македонците, од секогаш сме имале свои празници!  Со влегувањето во СФРЈ, тие не исчезнале од нашата меморија! Останале и после нејзиното брутално растурање. Македонија не беше создадена од Тито, туку   слободен, самоослободен дел од географско-етничката македонска територија, за време на Втората светска војна, дотогаш под српска окупација .

Да појаснам:

Балканските и Првата светска војна  беа  воени судири за дезинтегрирање на Османлиската Империја и елиминирање на големата територија на древната македонска Монархија, со делење парчиња на соседните ново создадени балкански државички: Грција, Бугарија, Србија и Албанија. И не само тоа. Тие беа и заради заштита на  европските интереси на Балканот од Русија и нејзините интереси.

Денешна Република Македонија беше  дел од големата македонска територија “подарен” од големите европски и западни сили на новосоздадената српска држава, а другите делови на Грција,  Бугарија и Албанија. Македонскиот народ во српскиот дел, така наречен “Јужна Србија”, за време на Втората светска војна успеа, со  сопствени сили, да ги истера од својата територија силите на фашистичката коалиција на Германија, Бугарија и Албанија и   им се придружи на другите балкански народи во новосоздадената заедничка држава, СФРЈ: – Социјалистичка федеративна Република Југославија како рамноправна членка со своето државно име, Демократска Република Македонија се’, до  бруталното дезинтегрирање на таа заедничката држава.

Па така, меѓусебното признавање на здружените народи во една заедничка држава каква беше СФРЈ,   не беше, како што Грчев ја сваќа историјата, првосоздавање на Македонската држава како нова и од ништо креирана, како Грција за пример, туку  само продолжување на повеќе вековното нејзино сторнирање и негирање од завојувачите: Римјаните, Турците, Бугарите, Србите …  и т.н.

Знам дека на историчарите им е под нивната “научна” чест да реагираат на небулози, лаги, невистини и провокации кои често излегуваат од заматените умови на монструми како “гркот” Мирослав Грчев, неговиот син Димитар, па Мирјана Најчевска, па Никола Димитров, Зоран Заев и цела редица учесници во така наречената “шарена” револуција, денес на одговорни положаи во владата на квислингот Зоран Заев. Провокатори, изроди, предавници и обични неранимоајковци секогаш било и ќе ги има и во иднина, но тоа не значи, дека Македонците секогаш треба да бидат нивни жртви.

За сегашната македонска држава, многу крв е пролеана, но и покрај тоа, непријателите никогаш не спиеле. Секогаш со едната рака давале, но со другата ни забодувале нож во плеќите. Затоа, сега е времето заедно и  сплотени,  да  сија браниме и  одбраниме нашата Татковина и самите себеси, од исчезнување. Сите се створени од месо и крв, па “кој воли, нека изволи”. Македонецот е навикнат на крварење, но и на победување, во секоја битка.

Ескалацијата на примитивизмот во Македонија го постигна својот највисок дострел и треба да се реагира, да се реагира, зошто нема повеќе што  да се изгуби. Ќе се изгубат од лицето на македонската земја само изродите и предавниците.

И ако “стратешката” цел ни е НАТО и ЕУ, обезличувањето на македонската држава и нашиот национален идентитет не смеат да бидат цената која треба да ја платиме. Нашите претци не се бореле за ново ропство. Тоа би требало на сите да ни е јасно!

Погледаите само што прави францускот народ за прашања кои можат преку ноќ во институциите на власта да се решат. А замислете си само, драги мои, што би се случило да им се продава државата и националниот идентитет? Да им се продава и идолот, Наполен Бонапарта, заедно со неговиот придонес  во развојот на  француската и светската цивилизација?

А ние, браќа и сестри, како дрогирани поминуваме покрај шаторите и импровизираните говорни трибини, од каде најхрабрите македонски родољуби испраќаат пораки до пратениците во македонското Собрание да не му веруваат на предавникот Зоран Заев, и  потоа си заминуваме, како ништо да несме виделе и ништо не сме слушнале!

Ако грешам, нека изгорам!  – како што вели покојниот Македонец и еден од најпознатите родољуби, Пепи Бавтировски, во своите прекрасни македонски песни.

За жал, се’ уште и после толку векови како   Македонци во Македонија и со сознанија за  настани поврзани со нашите животи и животите на нашите претци, Македонци,   дозволуваме криминалци и неранимајковци да не учат за роденденот на македонската држава. Роденденот, на најстарата европска држава запишана и во Библијата, книгата над книгите, со нејзиното исконско име Македонија. Не како Грција, не како Бугарија, не како Албанија, Србија или било која друга држава со плитки корени, освен Израел. 

Вие, кои се’ уште незнаете што прават тие браќа и сестри пред македонското Собрание по дожд, снег и горештина, ќе ви кажам јас: Тие се македонски херои кои се борат да ја сочуваат Македонија за себе и за сите нас кои не сме со нив. Се борат за својата слобода и слободата на сите нас дома и надвор по светот, секој со својата тажна или радосна животна прикаска. Тие, со своите дела ја збогатуваат нашата, македонска историја и за нив ќе зборуваат и ќе ги чествуваат генераците кои ќе дојдат после нас. Тие,  најсовесните и нај храбрите Македонки и Македонци протестираат   пред Собранието на Македонија, зошто таму се решава судбината на македонската држава, но и нашата судбина. И вашата, кои седите дома и спиете во своите топли домови без гајле дали утре ќе бидете она што сте биле денес. Дали вашата татковина ќе се вика Македонија или некоја измислена “северна Македонија”. Или уште полошо од тоа, како во егејскиот дел на Македонија,  пред не’ долго минато, полицијата и шпијуните на Заев да ве прислушкуваат дали зборувате македонски со своите деца, или пеете свои македонски песни… зошто ќе биде забранет и од Грците, и од Бугарите, и од Албанците… !

Драги мои, излезете од своите топли домови и придружете им се на оние наши браќа и сестри  кои со месеци упорно се борат за сите нас кои од било кои причини до сега не бевме со нив. Излезете сите заедно еднаш за секогаш да се ослободиме од изроди и предавници од типот на заевци, грчевци, најчевци, калајџиевци, фрчковци, димитровци, шеќерински и многу други за кои немам доволно простор да ги споменам, за да останат за секогаш во црниот дел од нашата историја, која неможе никој да ја продаде и избрише од нашата меморија.

И за крај, една порака до Мирослав и Димитар Грчев: 

Престанете, еднаш за секогаш, да го блатите македонскиот народ и нашата Татковина, зошто тоа не го заслужуваме од кретени како вас. Чувајте си ги своите грчки корени и оставете ги нашите! Зошто: Какви сме, такви сме, полоши од вас за сигурно не сме! 

Секогаш, Ваш Сотир

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top