Коментари

ЛАКРДИИТЕ НА “МАЈБАХ” СУДСТВОТО

tren

Martin TrenevskiМ-р Мартин ТРЕНЕВСКИ

ЛАКРДИИТЕ НА “МАЈБАХ” СУДСТВОТО

Нам драгата ни татковина Македонија, судејки по се она што ни го стокмија однадвор (Вашингтон, Брисел…), а што се реализира со невиден жар од домашните властодршци-измеќари, чинам дека слободно може да се нарече “Земја на чудата”. Tолку многу чудесии ни подготвија и ни се случија во текот на годинава што изминува, но и претходните години, што човек глава ке го фркне: од каде да почне и за што побргу да пишува!?

Се одлучив да пишувам и да го пренесам моето мислење за пресудата на поранешниот премиер Никола Груевски и казната од две години затвор затоа што, замислите чудо – невидено: “Влијаел во донесувањето одлука на набавка на блиндирано возило од типот Мерцедес-Мајбах во вредност од близу 600 илјади евра”. На ова образложение со оправдан и разбирлив потсмев реагираа лидерите на неколку наши соседи, пред се претседателот на Србија Александар Вучиќ којшто цинично коментираше:”Па и Ѓинѓиќ набави сличен мерцедес, но ние не му судевме”.

Пресудата на Груевски сосема сигурно ке влезе во аналите на светската судска пракса како невидена глупост, правен преседан и во буквална смисла правна лакрдија, но во моите очи во истата (во пресудата) има неколку димензии на коишто ке се осврнам во оваа прилика.

Пред се, пресудата недвосмислено говори за ниското и приземно цивилизациско ниво на оние што ја донесоа истата, а се разбира и на оние што ја порачаа, во што немам ама баш никаков сомнеж дека е така. Имено, не верувам дека на нашава планета постои земја што нема блиндирано возило пред се за потребите на нејзиниот протокол! Во денешниов турбулентен и со бројни закани и опасности обременен свет блиндираните возила се гаранција за безбедноста на високи странски гости, но и на видни личности од домашната општествена и политичка свера: папа, кралеви, цареви, претседатели, премиери, спикери на парламент и др!

Скоро редовна пракса ширум меѓународната заедница е кога се договара посета на високо ниво на одредена земја, како еден од главните предуслови од протоколот од гостинската страна е за високиот гостин да се обезбеди блиндирано возило, а по нивна оценка и дополнителна придружба од возила (амбулантно возило и сл.), полициски ескорт на мотори и сл. И тука нема компромиси или одстапувања од она што го налага протоколот.

А што да се каже кога за овој наводен “грев” што му се припишува на Груевски, се спореди со праксата во други земји?

Во Белгија, конкретно во Брисел, нивниот протокол располага не со едно, не со две, туку со над сто, и со бројка 100, блиндирани возила што е сосема разбирливо и неоходно. Можеби некој ке запраша: како тоа, зошто? Па од едноставна причина бидејки во Брисел е седиштето на Европската Унија и на НАТО. На НАТО самит кога се одржува во Брисел присуствуваат шеесетина врвни државници – шефови на држави и влади, на земјите членки и земји партнери на Алијансата, на кои задолжително им следува блиндирано возило. Впрочем, Белгија,како земја домаќин е д о л ж н а  да ја гарантира безбедноста на високите гости и тука нема простор за било какви дилеми и тумачења. Слична е праксата кога станува збор и за средби на највисоко ниво на членки на Европската Унија.

На македонските суди(јк)и што му пресудија на Груевски да им разјасниме дека блиндираното возило не е само превозно средство од аеродром до хотел и од хотел до сала за состаноци или некоја друга дестинација на високите гости на кои им е наменето. Блиндираното возило не ретко е и  р а б о т е н  п р о с т о р, т.е еден вид подвижна канцеларија во којшто високите гости ги вршат дел од своите работни обврски – комуницирање со кабинетот, со соработници, или со нивните семејства.

Ќе го споменеме примерот со претседателтите на САД за коишто, по порачка, се изработуваат вонсериски блиндирани возила популарно наречени “Ѕвер” /Beast/ кои се опремени со најсовремени средства за комуникација, сателитска конекција, интернет, телефони и што ти не друго, а се разбира и со мини фрижидер и бар.

Замислите што ќе се случеше доколку екс-премиерот Груевски влијаел (!?) и такви нешта да бидат вградени во службеното возило од типот мерцедес-Мајбах. Судејки по она за што Груевски доби казна од две години затвор, за вакво нешто не му гинеше – бесилка!?

Сепак, мислам дека зад пресудата за некакво си влијание врз тендерот за набавка на блиндирано возило стои лична вендета /освета/ на лицето Зоран Заев и тоа во стилот “Ти ме судеше мене (за случајот Глобал и проневера на осум и пол милиони евра), сега јас ке те судам тебе”. А немајки вистински повод да му суди на Груевски, Зоран Заев го стори тоа преку Мајбах судство што му е под тотална контрола и влијание.

Ако Зоран Заев и овој случај со бесмислената пресуда за набавката на блиндираниот мерцедес од типот Мајбах го смета за реформа во судството,

тогаш не сум сигурен дека ке добие преодна оцена од идниот состав на Европската Комисија што ќе го замени актуелниот соросовски ориентиран состав на ЕК во Брисел.

За на крајот: Груевски не го однесе блиндираното возило Мајкбах дома, туку истото многу интензивно се користи за службени потреби, но и приватно, за развозување на членови на семејствата на актуелните властодршци во Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top