Коментари

НОБЕЛОВЕЦОТ ОД МУРТИНО

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

НОБЕЛОВЕЦОТ ОД МУРТИНО

Светската метропола Муртино, која во историјата даде многу светли ликови, пред се во политиката (!?), но и во ептен многу други области, деновиве беше почестена со уште една возвишена акција: иницијативата за прогласување на личноста со иницијали ЗЗ (се разбира не станува збор на ЗаЗа Габор), туку за “црпнатиот од нива”, како што самиот се претставуваше ва јавноста, Зоран Заев!?

Треба ли сега сите ние – граѓаните на Република Македонија, да паѓаме во неола (како што би рекле Прилепчани), заради оваа иницијатива? Напротив, оваа иницијатива самата по себе отвора многу сериозни прашања заради несироизноста и необјективноста!

Пред се: Нобеловиот комитет за мир со седиште во Осло, Норвешка, секоја година добива најмалку 350 иницијативи за доделување на високото признание од сите страни на светот за доделуванје на ова највисоко светско признание за мир на лица и организации што реално придонеле за мирот во светот. Скоро три децении долгата налудничава и фашизоидна блокада на Македонија од страна на Грција заради името на нашата земја и наводното решение (Според мене: акт на капитулација на нашата земја) од Нивице не се вклопува во критериумите на Нобеловиот комитет бидејки тие не ја доделуваат награда за политички дешавки.

Но нешто што посебно иритира во оваа заврзлама околу номинацијата на лицето ЗЗ е сознанието КОЈ СТОИ ЗА ИСТАТА, а тоа се некои идивидуи од еден од петпарачките приватни универзитети што се намножија како печурки во нашата татковина. Имено, иницијаторот на оваа лакрдија во функција на ректор на дотичната образовна установа (каде за опредлена тарифа можете за кеш да купите факултетска диплома , магистратура, па и докторат) е професор по некакви си социјални прашања, а сега изиграва експерт за маѓународна политика. Дотичниот дури беше и амбасадор во НАТО каде највисок дострел му беше шверц на парфеми и автомобилски гуми. Но исто така и лажно се претставуваше за некаков си “амбасадор на година во НАТО”. И самиот поминав четири години во тој фамозен НАТО и категорички тврдам дека такво признание едноставно н е п о с т о и! А доколку воопшто би постоело, такво признание би се доделувало на амбасадори од земјите членки, но не на амбасадори од земји партнери каков што моментално е статусот на Република Македонија!

Дотичниот ректор дури се забра со сопствненикот на приватниот универзитет да појдат до Атина за лично да го известат и Грчкиот премиер Ципрас за нивната иницијатива дека, според нив, двајцата премиери на Грција и Македонија се номинирани заедно, рамноправно за светски високото признание за мир. Ректоров, ај што се прошета до Атина, но барем да не не брукаше со настапот што го видовме од фотографијата со Алексис Ципрас: со раскопачана кошула, искривена кравата и распетлано сако – небаре е кафански пејач, а не универзитетски професор, одозгора ректор, а од неодамна дури и академик и член на МАНУ!? Да видиш и да неверуваш!!!

Погоре изнесеното доволно зборува за самиот иницијатор за номинација на лицето ЗЗ за Нобелова награда за мир! Но му се чудам на умот на ЗЗ што детински наивно наседнува на вакви иницијативи!? А не му е прв пат! Па како можеше да наседне и на самопрогласениот “Принц на Црна Гора и Македонија” (таква институција едноставно не постои!!!), кој го прогласи есенва за: “Витез од редот на Св. Ѓорѓи”. Патем за промоторот на тој настан – лажниот “Принц на Монтенегро и Македонија” има многу кривични пријави за неплатени високи сметки за негово луксузирање во скапи хотели, без да плати сметки.

И што да кажам на крајот: Па добро бе луѓе, има ли некој нормален меѓу стотината и повеќе скапо платени специјални советници на премиерот да му укаже да не се брука самиот тој, но да не не брука и сите нас бидејки тој не е приватно лице туку моментално е на многу висока позиција во државата.

Од друга страна не би сакал да поверувам дека ЗЗ е толку многу занесен од функцијата на која го устоличи “длабоката држава” од САД, за да не може критички да приоѓа на вакви иницијативи? Или можеби таквите иницијативи и самиот ги посакува за да си го дополни својот СиВи и да мафта со нив во контекст на важните избори што ни престојуваат во текот на 2019 година!? Впрочем, времето ке покаже што е работата!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top