Коментари

ГЕНЕЗАТА НА ЕДНО ЛУДИЛО

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ГЕНЕЗАТА НА ЕДНО ЛУДИЛО

Република Македонија по речиси три децении од референдумското изјаснување за независност во 1991 постана објект на невидена и до лудило бескрупулозна кампања што и го приредоа “демократскиот запад” /Вашингтон и Брисел/ за нејзино обезличување и однародување. И се заради нејзиното уставно име – Република Македонија.

Зачудувачки е, дури до степен на неверојатност (но, за жал се случи) со колкава – дури анимална порив, “длабоката држава” во Вашингтон, на која претседателот Трамп се завешта дека ќе и земе мерка (!), но до сега не успеа и соросоидното раководство на Европската Унија, во прв план комисарите Хан и Могерини,  да не разнебитат, однародат и понижат, ставајки се исцело на страната на една нивна сојузничка (Грција) која и го измисли и наметна проблемот со името на земјата што го /зло/употребуваше за да не уценува и блокира од првиот ден на нашата независност во  1991.

Климаксот и ауткамот од таа сулуда и шизофрена политика на Атина, подржана од Стејт Департментот и ЦИА од една и  соросоидната политика на званичен Брисел од друга страна, го почуствувавме последниве години, а особено последниве неколку месеци со бруталното газење на Уставот нашата земја од домашните продолжени маши на странскиот фактор, во земјата за неговото редефинирање по вкусот на “демократскиот запад”, извршено од платениците во Собранието на РМ – квислионзите на кои истиот тој запад им ја довери задачата и во континуитет ги подржуваше за да го сторат тоа недело против сопствениот народ!

Во сета оваа заврзлама без преседан во светски размери за која не се жалеа ни труд ни средства (некои извори тврдат дека за преименувањето на Македонија, т.е. за потплаќање пратеници, новинари, таканаречени невладини организации и кој знае уште кој што беше на услуга за таа цел) се потрошени повеќе стотици милиони евра и долари, се наметнува едно – според мене многу важно прашање, а тоа е прашањето за генезата на проблемот за името на нашата земја!? Конкретно, прашањето кога се појави и од кои причини тој проблем што доби толкави (во глобални рамки незапамтени) димензии!?

Па да се обидиме да дадеме одговор на ова прашање што си дозволувам да го наречам: ГЕНЕЗА НА ЕДНО ЛУДИЛО!

Факт Бр. 1. Проблемот го измисли грчката политика кон крајот на XX која оптеретена со идејата за реинкарнација на “Мегали Елада” (Голема Грција) и од стравот да не го изгуби брендот “Mаkедонија”, беше споулавена од сознанието дека како непосреден резултат од очигледиот распад на југословенската федерација е голема веројатноста за појава на маѓународен субјект (независна држава) со името Македонија. Токму од тие причини Грција за да парира на процесот за осамостојувањето на Репблика Македонија од конститутивен дел на југословенската федерација во истоимена независна држава, во 1998 година го преименува меѓународниот аеродром во Солун во аеродром “Македонија”. искова монета од 100 драхми со шеснаесеткратното сонце на реверсот (опачината) и го преименува својот дел од Македонија што дотогаш го нарекуваше Северна Грција во “Средна и Јужна Македонија”.

Апсурдноста на овие потези на званична Грција е во фактот што – историски гледано, грците од секогаш гаеле невидена нетрпеливост и одбивност кон се што носело назив “Македонија” и “македонско”. Уште пред 2.000 години Демостен го лансираше таквиот одбивен став на Елините, т.е Атињаните (во тој период држава со име Елада/Грција НЕ ПОСТОИ) кон Македонија и Македонците во неговите “Филипики”, т.е говори против Македонецот Филип II кој бил нивен немилосрден егзекутор. “Како можат тие дивјаци од планините на северот да се сметаат за еднакви на нас гордите Атињани кои создадовме толку многу во философијата, архитектурата….”, колнеше против древните Македонци Демостен. Впрочем, истиот тој тој Филип II бил невиден крволок и сатрап на грците, а само во битката кај Херонеа (338 г. пред нашата ера) буквално масакрирал, со син му Александар Македонски, 35.000 грци!!! Следствено, од ова можеме да заклучиме дека денешна Грција садомазохистички се восхитува и ги присвојува своите атнички кољачи!? Чудно, зарем не!?

Факт бр. 2: Интересно е сознанието дека дури и Источното римско царство – Византија, било “алергично” на името (но и славата) на древна Македонија! Имено, Византија во Х-от и почетокот на ХI-от век, кога веќе била под  силно грчко влијание, па и доминација, била поделена на повеке теми (области). За да го минимизира значењето на земјата Македонија што ги дала императорите Филип II (творецот на првата држава во Европа во државотворна смисла со сите нејзини атрибути – парламент, влада, платена војска…) и Александар Македонски (еден од најголемите освојувачи во историјата), Тема со име “Македонија” била именувана во непосредна близина на Константинопол (Истанбул)  што нема ама баш никаква врска со историската географска територија Македонија, а темите (областите) од вистинската територија Македонија ги именувале како “Tесалоника”!?

Факт бр.3: Најочигледната грчка нетрпеливост кон името Македонија е јасно видлива и по Балканските војни и поделбата на Македонија на мировната конференција во Букурешт 1913 година. Имено, на таа конференција делот од Македонија што и го доделиле големите сили на Грција е наречен Северна Грција, а тој регион бил претставуван во владата во Атина се до 1998 година од “министер за Северна Грција”. Под тоа име регионот Северна Грција опстојува се до 1998 кога и е преименуваан во Средна и Јужна Македонија!!!

По ова изнесеното, се поставува прашањето како е можно ниту еден политичар, па и ниту еден научник/историчар (со многу ретки исклучоци) ширум светот објективно (земајки ги во предвид претходно изнесените сознанија) да не пристапи кон анализата на проблемот со името на земјата и објективно да проговори за апсурдноста на својатањето на брендот Македонија од званична Атина, став што за жал е подржан со две раце од таканаречениот демократски запад.

Факт бр. 4: Зошто тој самонаречен демократски запад не го послуша еден светски човек и авторитет како Др Oто фон Хабзбург кој како можно решение за надминување на проблемот со името на нашата земја укажуваше на примери од постоечката пракса во стилот: Постои Големо војводство Луксембург како независна држава, но и регион Луксамбург како дел од кралството Белгија и никој нормален не прави проблем околу тоа!? Понатаму, Франција го има добиено националното и државно име од германското племе Франки, а (Велика) Британија од француската област Бретања!? И повторно, никој нормален не прави проблем околу тоа. Зарем бројните белосветски правници на таканаречениот демократски запад не правеа разлика помеѓу независна држава Република Македонија, признаена од 140 членки на ООН и  р е г и о н о т  Северна и Јужна Македонија како составен дел од Хеленската држава??? Но според нив, вољата на нивната размазена партнерка во НАТО и ЕУ, Грција, мораше да биде исполнета, а цехот го платија и допрва ке го плаќаат македонците и нивната сега преименувана татковина.

Ова злосторство што ни го приредија западните небаре големи демократии нема и не смее да биде заборавено ниту од оваа, ниту од наредните генерации македонци (и во етничка и во граѓанска смисла на зборот) и приоритет на идната демократска влада на Македонија (која и да е и кога и да е избрана) е да ги исправи овие направди и зло што ни го нанесоа длабоката држава од САД, соросоидната Европска Унија во кооперација со домашните квислинзи предвидени од аболиционираното лице Зоран Заев и амнестираниот Али Ахмети.

Овој умерен оптимизам го засновам на сознанието дека годинава претстојат избори за Европскиот Парламент на коишто е сосема извесно дека соросозмот и накарадниот либерализам ке претрпат невиден пораз и наместо Могерини и Хан (тие се веќе политички мртви и можат само да се мафтаат во регионот Западен Балкан бидејќи никој друг повеке не ги есапи) ќе дојдат рационални подржувачи и промотори на националните држави во составот на ЕУ (како на пример: Унгарија, Полска, Чешка…), но се разбира и вон ЕУ.

Тој тренд енергично го подржува и претседателот на САД Доналд Трамп кој го испрати во Европа својот близок соработник и поранешен советник Стив/ен/ Бенет токму со таква задача што само може да не радува и ни нуди зрак надеж да го исправиме злосторот што ни го приредија сулудата политика на длабоката држава, соросоидите во Брисел и домашните квислинзи заедно..

Забелешка: Фотографијата е превземена од книгата: ИСТОРИЈА НА ВИЗАНТИЈА од проф. др Гееоргиј ОСТРОГОРСКИ, (Карта бр 4, страна 300

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top