Коментари

VERY HAPPY TOGETHER (МНОГУ СРЕЌНИ ЗАЕДНО)

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

VERY HAPPY TOGETHER (МНОГУ СРЕЌНИ ЗАЕДНО)

Македонските медиуми објавија на 24 јануари вест, илустрирана и со колор фотографија, дека истиот ден во Давос, Швајцарија, се сретнале старите (!?) но големи пријатели Зоран Заев и, како што го нарекуваат “филантропот и инвеститор” Џорџ Сорос. Според едни мак-медиуми станало збоир за интензивирање на соработката на Македонската влада со Фондацијата отворено општество (што ја основа и финансира Џ. Сорос) за “обезбедување на подобри капацитети за преучилишно образование и поголемо вклучување на граѓани Роми во општествените текови”, но според други медиуми (порталот Либертас)  за “концептот отворено општество еднакво за сите и (внимавајте понатаму) кое останува основен столб врз кој ке се гради новиот лик на Република Македонија”!?         

Македонија, господине Сорос била и останува општество за сите во кое секој нејзин граѓанин, без разлика на пол, етницитет, вероисповест, или возраст ужива еднакви права гарантирани со Уставот, што не е секогаш случај со твојата татковина САД, каде си нејзин натурализиран граѓанин. Впрочем, господине Сорос, кој ти даде тебе право да солиш памет на други земји и да подметнуваш модели  на општествено уредување според твојот вкус, или според вкусот на твоите ментори, во прв план ЦИА!?        

Дека Зоран Заев и Џорџ Сорос се стари познаници не е спорно. Нивното другарување особено е интензивно пред секои избори во нашата земја, особено изминативе десетина години, каде Сорос преку неговата мрежа на инсталации во вид на невладини организации што тој ги финансира, или преку фамозниот Фонд отворено општество пумпа пари во истите за туркање легитимно избрани влади или редефинирање на општества, по американски модел и вкус, се разбира, настојувајки да ги прикаже ефектите од таквите операции како небаре автентични домашни процеси (најсвежи случаи со Македонија и Венецуела).        

Фондот Отворено општество не е ништо друго току само обична алатка на “длабоката држава” во САД, неспорен изум на онаа злосторничка ЦИА со единствена цел да го оцрни и отстрани секој што не им е по ќеиф и што е прерчка за поставување на  “основниот столб врз основа на кој ке се гради новиот општествен лик во земјата, како во случајот Македонија” Впрочем, го видовме тоа со свои очи, но и го почуствувавме и на своја кожа во текот на минатогодишните избори кога Американската амбасада во Скопје без око да и трепне, префрлаше пари од американските даночни обврзници преку ЈуЕсЕјд на организациите финансирани од Сорос за да форсира домашни таканаречени ЕнЏиО, или да урнисува ликови и легално избраната влада што не им беа по воља.        

Но кој е вистинскиот Џорџ Сорос, милијардер, филантроп и инвеститор! Лице што се расфрла со милиони но во строго прецизно определени проекти? Не! Напротив! Да почнеме, на пример, под неговите “силни”. милијарди. Според ФОРБС (глобална медијска компанија специјализирана за бизнис), Џорџ Сорос го дели 190то место со повекемина богаташи, на списокот најбогати луѓе на планетава и тежи осум (8) милијарди долари, а според листата на Гугл на најголеми милионери на светот Сорос е дури на 242то место според големината на неговото богатство што изнесува осум (8) милијарди долари. Ако е така, а сосема сигурно е така, тогаш што требаше да значи информацијата објавена минатата пролет дека филантропот Џорџ Сорос наводно донирал 18 милијарди долари за гобалниот фонд Отворено општество? Дали Сорос ги донирал неговите осум милијарди долари, а некој друг му додал уште 10 милијарди долари (кој би можел да истури толку пари?) Нешто во математикива ќе признаете не штима, зарем не???        

Минатата пролет еден македонски портал пренесе информација, превземена од американски медиуми, а се однесува на работењето на Волстрит, во која се цитираа изјави од професионални брокери според кои “најнеобичен играч на Волстрит бил токму Џорџ Сорос”! За разлика од речиси без исклучок сите брокери кои секојдневно следат понуда и побарувачка на стоки и услуги и раст или пад на цените на стоки и услуги на Волстрит, Џорџ Сорос донесувал одлуки за да инвестира буквално од денес – за утре!? Тоа е донекаде и разбирливо бидејки  д р у г  педантно следи што се случува на Волстрит и му поренесува на Сорос (тој не е луд да се расфрла со милиони без да е сигурен за неговата инвестиција), по што тој купува, или продава акции. Тоа за Сорос се разбира го прави ЦИА, т.е нејзините соработници кои дежураат (а можеби и местат трендови на берзата) на Волстрит. Епилогот се знае: голем дел од профитите од печалбите што Сорос ги остварува на Волстрит одат за финансисрање на активности на фондот Отворено општество, покрај другото и за туркање на легитимно избрани влади, како во случајот на претходната влада на Македонија!      

Но да се вратиме  на средбата во Давос. Не знаеме што точно разговарале и се договориле Зоран Заев и Џорџ Сорос во Давос и тоа сега, пред претседателските и можните парламентарни избори. Секако не за мода, спорт или можеби за жени (Сорос со своите 88 години претпоставувам е престар за такви работи). Но дела милуваат н а м е н с к и  да се гледаат е сосема извесно. Таква средба имаше и на 26 јуни минатата година, за време посетата на Австрија, кога Зоран Заев мимо официјалната програма што му ја подготвија австриските домаќини, се сретна со Џорџ Сорос во неговиот приватен апартман хотелот Риц-Карлтон во којшто се влегува дирекно со страничен лифт! Колку кешираше Сорос во таа прилика за парламентарните и локалните избори не знаеме, но владиното авионче со кое патува Зоран Заев може да понесе прилично многу кеш, и тоа без да поминат преку царински контроли.      

Долуприложената фотографија од Давос можеби ги прави среќни двајцата содружници во разнебитувањето на Македонија и нивни подржувачи, но за другите што не мислат како нив таа фотографија треба да е опомена дека подземната мисија за целосно разнебитување на Македонија не е докрајчена и сосема веројатно следно поглавје ке биде да се освојат по секоја цена и следните претседателски а можеби и вонредно парламентарни избори за досието “Македонија” што ни го зацрта “длабоката држава” и ЦИА  преку Џорџ Сорос да се докомплетира и така да се зацрта, како што е кажано погоре, “новиот лик на Македонија”.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top