Коментари

ДИГАЊЕ НА ЗНАМЕТО

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

Во вторникот (12ти фебруари) на платото пред Владата на Република Македонија (за некого веќе е Северна, но за мене НЕ) се случи свеченост: кревањето на знамето на НАТО кое во иднина ќе стои заедно со државното знаме и во некоја подалечна иднина и со знамето на Европската Унија. Но ние Македонците не би биле тоа што сме доколку и овој чин не беше проследен со безброј недоследности и контроверзи!

Најголемата контроверза што слободно може да се интерпретира и како скандал без преседан секако е неприсуството на тој чин на Претседателот на Државата Д-р Ѓорѓи Иванов кој, според Уставот, е и в р х о в е н командант на вооружените сили на РМ. Според кабинетот на претседателот: поканата за присуство на споменатиот настан била доставена по курир и внимавајте: по завршувањето на самата манифестација!? Работава испадна во стилот на онаа народната: ТЕ КАНАМ ЗА ДА НЕ МИ ДОЈДИШ!

Но на настанот се примети и одсуството и на други ВИП персони, како на пример лидерот на коалициониот партнер ДУИ Али Ахмети, поранешниот претседатело Бранко Црвенковски (интересно: Зоран Заев во своето обраќање се заблагодари јавно за неговиот придонес на екс Претседателот Борис Трајковски, а го заобиколи својот сопартиец Црвенковски) . За љубов на вистината на настанот бев поканет од организаторите и јас лично како поранешен вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во НАТО (октомври 2010 – ноември 2014), но одбив да присуствувам со образложение дека јас ја претставував во Алијансата РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и се борев за нејзините интереси и неприфатливо ми е сега да присуствувам на свеченост на некоја друга, нова земја!?

Да се вратиме на “поканата за да не дојде” за Претседателот Д-р Ѓорѓи Иванов!Дали Зоран Заев е свесен што значи поимот протокол, посебно поимот државен протокол?

Очигледно не знае, во спротивно не би одобрил ваква колосална глупост (не се работи за гаф), да не обезбеди сигурно присуство на шефот на државата и врховен командант на вооружените сили. Дали размислувал воопшто дека странските претставници на самиот настан (дипломати, воени аташеа и други) токму тој детал ќе биде главна поента на нивните извештаи до метрополите и какво мнение ќе се создаде со таквата постапка? Дали е тоа некој нов метод на европеизација (во Муртински стил) на Македонија? Вакви финти лицето Зоран Заев би требало да знае, или ако не знае да научи, не поминуваат во Европа, во која тој демек ќе не внесел!? Во Европа, господине премиере шефот на државата и владата – без разлика какви се нивни меѓусебни односи, лични нетрпенија или несогласувања, во името на кохабитацијата, а пред се во интерес на граѓаните и пошироката јавност, седат еден до друг, а не како што ти постапи кон Претседателот Д-р Иванов преку твојот протокол и организаторите на церемонијата пред платото на Владата.

Сличи се правилата и кога станува збор за манифестации од државен карактер на кои се поканети шефот на владата и лидерот на опозицијата! Не е во ред, на пример, кога Претседателот на државата се обраќа пред пратениците премиерот да седи во прв ред, а лидерот на опозицијата таму негде, горе, на балконот во собраниската сала за седници, како што се случи минатиот декември во македонското Собрание!. Додуша оваа забелешка се однесува на протоколот во Собранието или на МНР ако тие го организираа тој настан. Но со оваа забелешка ја наметнувам и идејата од потреба за е д и н с т в е н државен протокол што ке ги опслужува и кабинетот на претседателот на државата, на Собранието и владата, што е пракса во држави со многугодишна, па и многувековна традиција во дипломатијата.

Како амбасадор на Република Македонија во НАТО имав прилика два пати да го пречекам и да го придружувам Претседателот Д-р Ѓорѓи Иванов при неговите посети во Алијансата. Категорички тврдам дека таков убедлив и одлучен настап за четирите години поминати во НАТО немам чуено од ниту еден друг званичник од Македонија (колку за информација: Али Ахмети трипати во мојот мандат го посети НАТО, но ниту еднаш не не удостои да ја информира за посетата Мисијата на РМ, а камо ли да го покани амбасадорот или друг претставник од Мисијата да присуствува на тие средби). Сите клевети што му се припишуватат на г-дин Иванов дека бил анти-НАТО и глупости во тој стил едноставно НЕ ДРЖАТ. Напротив, како денес се секавам кога г. Иванов му одбруси на поранешниот Ген-Сек на НАТО Андерш фог Размусен, а се однесуваше на непочитувањето на пресудата од Хаг: “Па добро што сте вие (се однесува на НАТО) енџио, здружение на граѓани или нешто трето? Како може да не ја почитувате пресудата од Меѓународниот суд во Хаг???” Размусен буквално не знаеше што да одговори и по десетина секунди пауза, а по подметнувањето на потсетник од една од неговите соработнички, буквално низ заби промрмори: “Ама знаете, кога ке се најде решение за името во рамките на процесот во Обединетите Нации, тогај ке уследи поканата за членство”!

Во неколку прилики напишав и цврсто тврдам дека НАТО има големи гревови кон Македонија и затоа денешната церемонија пред Владата има горчлив вкус. НАТО не најде начин да го валоризира придонесот на Македонија за интервенцијата во регионот во 1999 година кога во Македонија полни три месеци беа стационирани педесетина илјади војска со огромна механизација и оружје, нејзиното учество во воени операции, успешни домашни реформи во одбраната и да не редиме понатаму.

НАТО го кршеше и меѓународното право во однос на Македонија. Според изјавите што ми ги дадоа мене лично двајца директори на правната служба на НАТО, обајцата експерти по меѓународно право од Стејт Департментот, со непризнавањето од страна на НАТО на пресудата од Хаг што се однесуваше на непочитување на Времената спогодба од 1995 од страна на Грција беше прекршено меѓународното право. И самиот факт што Репблика Македонија беше изложена на таков бескрупулозен дрил цела една деценија за самата да се преименува, да го смени сопствениот смени устав и е изложена на брутална денационачозација и промена на нејзиниот етнички состав е пример без преседан не само во НАТО.

Ете заради овие работи што ни ги приреди НАТО во минатото церемонијата пред Владата имаше горчлив вкус!

Патем, оправдувањата на НАТОвци дека немало консензус на самитот во Букурешт 2008 за наш прием во членство како Република Македонија, не држат вода. Уште пред десет години тогашниот канадски министер за одбрана Питер мек Кеј изјави сред Вашингтон:”Време е Алијансата да го промени својот начин да донесување одлуки и тоа да биде во стилот – сите минус еден”. Со други зборови, ако сите (тогај 27 членки) се “за” да се прими во членство Македонија, и покрај единственото – грчкото “не”. За жал, ваквиот став на министерот мек Кеј не помина пред се заради опортунизмот на САД и некои од поголемите членки во Алијансата.

И уште нешто – за на крај, потпретседателот на СДСМ Кирацоски и нејзиниот порт-парол Костадинов ја оптужуваат најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ дека била “антизападна” и “анти НАТО”. Како сведок на случувањата од раните деведесетти години од минатиот век, непосредно по формирањето на Експертската влада, (кога тие двајца беа во пелени или кратки пантолони) ВМРО-ДПМНЕ воспоставуваше контакти и остваруваше соработка со политички партии од западот, а нивната наводно наводно реформирана партија се залагаше за право да остане во она што остана од бившата Југославија.

Државотворната, сега во опозиција ВМРО-ДПМНЕ беше прва политичка партија по осамостојувањето која се заложи за членство во на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но како достоинствена членка, а не вака понижена и обесчестена како што го сторија тоа насила интронизираните на власт актуелни властодршци на Илинденска б.б.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top