Коментари

И попот и оџата се молеа за загинатите и брзо оздравување на повредените

mane 1

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

И попот и оџата се молеа за загинатите и брзо оздравување на повредените

Да не се повтори, да не се заборави!

На ден 13.02.2019 година, по 16.30 часот, на магистралниот пат Скопје-Тетово-Гостивар се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 15 патници.

Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а останатите осум поради тежината на повредите починаа во клиниките каде биле транспортирани и покрај огромните напори на медицинскиот персонал да се спасат нивните животи.

До сообраќајната несреќа дошло кога автобус на ‘‘Дурмо-турс‘‘ од Гостивар, кој сообраќал од Скопје кон Гостивар, од засега непознати причини излетал од патот и преминал на спротивната коловозна лента, ја пробил заштитната банкина и се превртил под стариот пат Скопје–Тетово во близина на село Ласкарци.

Први на местото на несреќата излегоа жителите на селото Ласкарци кои помагаа во извлекувањето на повредените, а за кратко време било организирано обезбедување на местото на настанот, извлекување и згрижување на повредените, кои беа транспортирани во скопските болници „8 Септември“, „Свети Наум Охридски“, клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и болницата во Тетово.

Гостивар е завиен во црно. Да не се повтори и да не се заборави!

Во средата на 13-ти, во еден кобен миг, по тешката сообраќајна несреќа кај Карпалак, згаснаа животите на 15 лица Македонци, Албанци и Турци, претежно млади лица од Гостивар и околината. Меѓу загинатите се имињата на:

1. Раметула Абдураими, 2. Валдете Хамити, 3. Јовица Трпевски, 4. Арсен Арсовски, 5. Онур Садику, 6. Есат Емрули, 7. Ајдин Исмаили, 8. Бесим Фетаи, 9. Бејза Узеири, 10. Зоран Давидовски, 11. Бобан Аврамовски, 12. Трпана Јаневска, 13. Дејан Ристевски, 14. Павле Костоски и 15. Ферди Касо.

На 13–ти февруари 2019 година не умреа Македонци, Албанци и Турци, туку млади луѓе, кои никогаш повеќе нема да се вратат во своите домови од своите работни места, од посетата на своите деца, од своето школо или факултет во Скопје. Тие наместо дома, заминаа кон своите вечни почивалишта. Македонија уште еднаш беше ранета, Нејзиното срце прокрвари за Гостиварци!

Гостивар и околината не ја заслужи оваа трагедија. Тие се добри луѓе, кои научиле да живеат заедно, да се почитуваат меѓу себе без разлика на етничката и верската припадност. Најдобар пример за нивниот соживот беше 2001 година, кога населението не дозволи конфликтот да се прошири и кај нив.

И во оваа катастрофа во која загинаа 15 Македонци, Албанци и Турци од гостиварско, уште еднаш ја покажа правата слика на Гостиварчани. Тие уште еднаш одржаа лекција во Македонија, ЕУ и САД како луѓето во овој регион се почитуваат.

И попот и оџата се молеа за загинатите и брзо оздравување на повредените.

Денес, за загинатите тагуваат не само нивните родители, жени, сопрузи и деца, за нив не тагува само градот Гостивар и населените места во околината, за нив не тагува само Полог, за нив тагува цела држава. Болката за изгубените животи и желбата да се спасат повредените ги обедини сите и правослвни и муслимани и старо и младо без разлика на етничка, верска или друга припадност.

Сите беа единствени и сплотени при извлекувањето и спасувањето од превртениот автобус и единствени пред болниците кога нудеа секаква потребна помош. Се отворија вратите на скопјани за сите кои дојдоа пред болниците за да ги побараат и најдат своите најблиски.

Жителите на село Ласкарци никогаш нема да го заборават13-ти февруари, како што ни другите никогаш нема да се заборават дека тие беа први кои излегоа на местото на несреќата, кои ги извлекуваа повредените и кои со свои коли ги пренесуваа до болниците оние кои што можеа. Тие при тоа не прашуваа кој е и што е. Едноставно гледаа да го спасат секој човечки живот, да му помогнат на секого кој беше згмечен под превртениот автобус.

Трагедијата што им се случи на Гостиварци ги сплоти сите и на површина се појави долго скриената човештина, хуманизмот за кој постојано се прашуваме каде сме го заборавиле во изминатиот период.

Трагедијата што им се случи на Гостиварци ни покажа дека смртта никогаш не ни најавува кога ќе пристигне и кого ќе земе. Ова сообраќајна несреќа е само уште еден пример дека без разлика на вера и етничка припадност, само со заеднички сили и разбирлив јазик можеме да ги надминеме последиците при разни несреќи и катастрофи.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top