Коментари

Време е Македонија да ја добие својата прва жена Претседател

doom
????????????????????????????????????

doomМакедонска нација

Време е Македонија да ја добие својата прва жена Претседател

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори 2019 година е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај. До овој момент се познати неколку кандидати кои ќе учествуваат на претседателските избори. Меѓу нив се издвојуваат имињата на партиските кандидати, професорите Гордана Силјановска – Давкова, избрана за претседателски кандидат на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, која за неколку часа собра над 16 илјади потписи од граѓаните ширум Македонија, Стево Пендаровски поддржан од владината коалиција СДС и ДУИ, заедно со уште 29 партии и Д-р Блерим Река, поддржан од Движење Беса и Алијанса за Албанците.

Покрај нив, уште неколку независни кандидати, меѓу кои и Филип Петровски, се обидуваат да ги соберат потребните 10 илјади потписи за да учествуваат во претседателската трка.

Од трите претседателски кандидати поддржани од партиите, најсериозен кандидат кој би го наследил Ѓорге Иванов на претседателската столица е професорката Гордана Силјановска – Давкова. За разлика од кандидатот на владеачката коалиција професорот Пендаровски, кој застапува агенди во кои не се почитува ни мислењето на народот, ни Уставот ни законите, професорката Силјановска, како и Претседателот Иванов, се залага за владеењето на правото.

Пендаровски е човекот кој ја нема довербата кај македонскиот народ. Тој веќе еднаш катастрофално ги изгуби петтите претседателски избори во 2014 година. Нерадо му ги паметиме изјавите каде народот ко нарекува стока. Тој е и човекот кој спротивно на националните интереси се залагаше за промена на името и за спроведување на Тиранската платформа.

Сега, без срам и перде, професорот Стево Пендаровски се осмелува повторно да бара поддршка за претседателските избори.

Зарем, Пендаровски мисли дека народот му ги заборавил навредите, потценувањето и неговото антидржавно однесување!? Не, неговите навреди никако неможат да се заборават, така што и покрај големата поддршка од страна на немакедонската владина коалиција, тој на овие избори може да победи само со изборни манипулации.

Одлуката Стево Пендаровски, кој не е омилен меѓу народот, да биде кандидат за претседателските избори на СДСМ и ДУИ, значи дека владеачките партии немаат кадри кој имаат доверба кај народот дека би можеле успешно да ја водат земјата и да ја извлечат од криза. Своето мислење за политиката на сегашната владина коалиција, народот го покажа со бојкот на референдумот.

Всушност, референдумот одржан на 30 септември 2018 година, најдобро говори какво е расположението кај македонскиот народ. Две третини од народот не можат да му простат на владеачката коалиција за промена на името на државата со што направи огромна штета не само по идентитетот на македонскиот народ, туку и во сите сфери на македонската држава.

Сега, на овие претседателски избори се очекува овие две третини да гласаат за професорката Гордана Силјановска–Давкова за да му застанат на патот на антимакедонско здружување, кои откако дојдоа на власт со поддршка на центрите на моќ, камен по камен ја растураат државата на македонскиот народ и нејзините институции.

Арогантниот Стево Пендаровски кој едно време работеше како советник во кабинетот на покојниот претседател Борис Трајковски, кој загина во сеуште за многумина неразјаснета авионска несреќа, во претседателската кампања пред пет години излезе со став за името при што беше дециден дека нема да го менува Уставот. Меѓутоа, денес со негов придонес имаме суштински промени околу името на државата, со што тој го излажа народот.

Стево припаѓа на Заевистите, кои не само што го сменија името на земјата, туку се обидуваат целосно да го редизајнираат идентитетот на македонскиот народ. За таа цел на сатанистите им е потребен престседател како Стево Пендаровски, послушен играч на центрите на моќ, кој ќе ги потпише сите закони, чија цел е целосно бришење на македонскиот народ.

Ако земеме во предвид дека универзитетски професор д-р Блерим Река и сите други независни кандидати немаат шанси во претседателската трка, единствен противкандидат на професор Стево Пендаровски е професорката Гордана Силјановска – Давкова.

Во однос на Преспанската спогодба, професорката Силјановска смета дека е штетен за Македонија и дека македонскиот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи како што кажа на годишната Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ „ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори”.

Таа како жена и иден Претседател може да се спротивстави, не само на Пендаровски, туку и на сите црни сценарија кои што имаат намера да ги дозаврши оваа таканаречена Влада. Силјановска може и треба да стане мајка на целата македонска нација. Време е Македонија да ја добие својата прва жена Претседател!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top