Коментари

Дали Бејли стои позади прогонот и намера за убиство во затвор на Груевски?

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Дали Бејли стои позади прогонот и намера за  убиство во затвор на Груевски?

Што друго да помисли човек? Ајде вака со ред.

За Заев кој е и што е не треба многу читење, страниците на Војна и Мир не се доволни. 

Бејли не најде ама еднаш за критика да му упати, иако со него (Заев) стануваме поим за Катанга и Тексас. 

Мерцедесот беше проблем за Бејли, ЕУ и НАТО, ама авионот како 30 пати поскап – НЕ?!? 

Но најповеќе боли тоа што Бејли ако имаше и еден грам мозок, требаше да ги стегне СДСМ и да ги праша што се овие гласини во врска со убиството што се уплаши Никола и колку има вистина?

Доколку тоа се одвиваше во Америка, некој ќе платеше со оставка од Партијата на власт, но овде ни една буква и штама. 

Знаеше Бејли и се уште знае добро кој тоа го загадува воздухот во Македонија, но најповеќе знаеше дека тој ќе куртули и ќе им го остави на Македонците да се ќердосаат. 

Па најдобро знае Бејли и тоа кои се убијците на децата и рибарот, мавровските работници и бајонетот на Косовскиот паша наденет со православии дечиња… и илјадници други ” теми контрадикторни ” ситуации. 

Арно ама, Бејли како и во случајот со Груевски, едноставно е со затворена уста. 

Но затоа тој на видео довидување, знаеше 1000 пати да не нарече Северна Македонија и да не исфинтира со неговото демек омилено јадење турли тава, иако сакаше да каже дека во Македонија тој направи турли тава. 

Еден ден ќе се дознае се, ништо не останало тајна. Само народот наш отупе од добротија, простување и атери. 

По мое, одговорот на прашањето дали е Бејли во позадината за сагата на Груевски, одговорот е-ДА!!! 

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top