Коментари

Заевистите на владина седница избришаа се што е македонско

1 1a

1 1aСвекрва

Заевистите на владина седница избришаа се што е македонско

Во XII век историчарите пишувале за постоење на Македонци, а денес за владата на Зоран Заев не е пожелно институциите да го носат македонското име.

Согласно преспанскиот договор, Владата на седница донесе одлука за промена на називите на 136 државни установи. Така, Македонска опера и балет е преименувана во Национална опера и балет, Македонска пошта ќе биде Национална пошта, Македонска радиотелевизија ќе биде национална радиотелевизија и т.н. Она што не можеа историчарите да го направат низ вековите, Заевистите со одлука на Влада избришаа се што е македонско.

Бројни се историските документ кои говорат за Македонија и Македонците, кои не само што постојат на овие простори, туку се разликуваат од Србите, Бугарите, Грците и Албанците.

Само за потсетување, непознат унгарски хроничар кој се потпишувал како Аноним (Р. Маgiѕtег) и кој бил нотар на унгарско-хрватски крал  Бела III (1172- 1196), од династијата Арпади, во своето дело „De gestis Hungarorum liber (Gesta Hungarorum)”, пишувајќи за почетоците на владеењето на династијата Арпади во IX век меѓудругото ќе напише:

„ Откако поминаа неколку дена, Зуард и Кадузе (војсководци на Арпад) со сета своја војска ја препловија водата на Дунав и ја зазедоа тврдината Берон (Беронс, Браничево, денешниот Костолац). Потоа отидоа кај тврдината Сердика. Слушајќи го ова, граѓаните Бугари и Македонци (Сives Bulgarorum et Macedonum), многу се исплашија од нивниот изглед. Тогаш сите жители на оваа земја испратија пратеници со многу дарови за да им ја потчинат земјата и да ги дадат своите синови како заложници…“

 [Anonymi (Р. Маgiѕtег) Gesta Hungarorum,Scriptores rerum Hingaricarum tempore ducem regumque stirpis Arpadianae Gestarum. Vоl. I (Edendo ореri praefuit Е. Ѕzentpetery), Виdареstini 1937, р. 91, 92.)]

Иако постојат низ вековите, сплетот на историски околности доведе да Македонците последни ја создаваат својата држава. Меѓутоа, иако македонската територија била окупирана од туѓи војски, Македонците не дозволиле да се асимилираат, ниту пак некогаш сами се избришале од историските документи. Секогаш, тие го држеле својот континуитет повикувајќи се на своите корени од антиката, од времето на Филип и Александар Македонски.

После долги години живот под окупација, Македонците создале сопствена држава на еден дел од својата територија. Меѓутоа, при сопствена држава, од никој не присилени, Заевистите си доволија луксуз без да го прашаат народот да ја ревидираат историјата, да го избришат македонскиот народ, неговиот јазик и култура.   

Дури и кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател на државата Стево Пендаровски, кој треба да го брани Уставот и законите, како и националните интереси на државата, запоставувајќи го сопствениот мнозински македонски народ, во тв емисија меѓудругото ќе каже: „Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите..“

Ако преставниците на македонските власти сами го убедуваат народот дека треба се сменат насловите на институциите и се што е македонско да се избрише и замени со национално, тогаш сосема лигично е Грците како и Бугарите да ја третираат македонската нација како производ на Тито. Односно, спротивно на историските факти, официјално да говорат дека зборот Македонија е грчки збор, а античките Македонци се Грци.

Заевистите со овој чин го бришат не само името, туку го менуваат идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ. Заевистите како да се паднати од небо, како да не се од овој свет. Ако вака продолжат со менувањето на името на секоја македонска институција, на крајот ќе му го сменат и полот и потеклото на македонскиот народ.

Всушност ќе направат дека секој Македонец потекнува од бесполни вонземјани. Со други зборови Заевистите велат дека Македонците не се вклопуваат ниту во еден човечки род, бидејќи се вонземјани.

Меѓутоа, колку и да Заевистите ги трансферираат Македонците во бесполови вонземјани, тоа може да биде само краткотрајна состојба. Набрзо потоа ќе сфатат дека се било залудно, и дека без корени, без минато, нема иднина. Исто така ќе сфатат дека колку и да се брише македонското име тоа не може за стално, за век и веков да се избрише.

Многу освојувачи се обидувале да му го сменат името на Македонецот, но не успеале, бидејќи македонското име е вечно и му припаѓа на македонскиот народ.  

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top