Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИ

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор     

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИ 

1. На север од нашата земја врие. Впрочем, тоа не треба да не изненадува бидејки истото сценарио, што се одвива во соседна Србија беше грда реалност цела измината деценија и кај нас дома! Тоа недвосмислено говори дека ист е и сценаристот на случувањата и во Македонија и во Србија и лесно претпознатлив е истиот “ракопис” на сценариото, како што би рекле историчарите на уметноста. Само што, за разлика од историчарите на уметноста и во македонскиот случај и во српскиот случај не станува збор за уметност, туку за брутално мешање во внатрешните работи на две суверени земји и силеџиско нематнување на туѓа политичка волја и туркање на легално избрани влади!

2.  Двата наши северни соседи – Србија и Косово континуирано и се понагласено ги заоструваат меѓусобните односи и ѕвецкаат со оружје што не ќе да е на арно! Србија нема намера (засега) ни да помисли официјално да го признае Косово и сеуште го смета за своја јужна покраина, а Косово не помислува да попушти додека званичен Беглрад не ја признае неговата независнот.

Статусот на Косово беше многу актуелна тема на почетокот на овој век, а како едно од можните решенија понуди и мојата маленкост како амбасадор на Република Македонија во кралството Шведска (2001-2005). Имено, им предложив на Швеѓаните (Шведското МНР) да размислат, но и да ја промовираат идејата: на Косово да се додели идентичен статус каков што го има архипелагот Оланд, што е составен дел од Финска (Архипелагот Оланд го сочинуваат околу 4.500 острови во Балтичкото море којшто историски одсекогаш бил дел од Шведска, но заради учеството на Шведска во Првата светска војна на страна на Германија, за да биде казнета, Велика Британија издејствувала во Лигата на народите да биде доделен на Финска). Во архипелагот Оланд живеат околу 25 илјади жители од кои помеѓу 80% и 90% се Швеѓани; комлетната управа, образование, медиуми…буквално се е на шведски јазик, само одбраната и дипломатијата се во надлежност на Хелсинки!

Шведите многу благонаклоно ја подржаа оваа идеја! Пишував дописи и известував до Македонското МНР и уследи реакција: делегација на ДУИ предводена од Муса Џафери допатува во посета на Финска, ама попат го посетија и главниот град на Оланд Maриехамп, за да се запознаат лично со она што јас самиот го пишував.

Идејата ми беше: да се задоволат максимално и двете страни, што е врашки тешко – Србите  (бидејки јужната покраина ќе останеше во границиците на Србија), но и Косоварите кои ќе си обезбедија гарантирани максимални права! За жал, идејата не помина бидејки планерите од меѓународната очигледно имале други решенија за проблемот на ум.

3. Во Светата земја Македонија веќе е во тек интензивна кампања за претстојните претседателски иѐбори. Во старите и нормални (!?) демократии изборите се рутинска операција, но нашите се одбележени со бројни “бисери”.

Бисер бр. 1. Каде се чуло и видело странска амбасада до определува консензуален кандидат за претседател? Не знам за таков пример, освен токму кај нас – во Република Македонија;

Бисер бр. 2. Каде се чуло и видело еден од кандидатите за претседател на Република Македонија (кандидат на странска амбасада) да биде лице кое има полициско досие во странска земја за поседување 300 пилули дрога;

Бисер бр. 3. Каде се чуло и видело кандидат (на странска амбасада) за претседател да оди со папка полна со исечоци и агитира против и да омаловажува друг кандидат (исто така на странска амбасада) и да го блати пред странски дипломати, а за да истакне себеси!?

4. На 7ми мај во прва званична посета на Република Македонија пристигнува Папата Франсис, шеф на државата Ватикан и духовен татко на една и половина милијарди Католици ширум светот! Македонија нема во моментот свој амбасадор во Ватикан кој би морал според протоколот да присуствува на  дочекот и активностите на Светиот Оттец за време на неговата посета на земјата!? Што да се рече за нашата дипломатија и нејзиниот непартиски министер без елементарно чуство на одговорност. Бедно

5. Франција и Холандија веќе пресекоа: нема нивна подршка за почеток на преговорите за членство во Европската Унија бидејки “не биле убедени дека сме спремни”. Зарем не можеа овие две уважени членки на ЕУ да покажат барем респект за се она што нашата земја направи и придонесе во овие речиси три децении од стекнувањето на независноста? Зарем дотичните земји не можеа да прифатат делкање на фалинките во нашиот систем во текот на преговорите и зарем сите земји што се зачлениа во ЕУ последните неколку кругови на проширување беа со идеални перформанси, реформи и сл, на пример Кипар и да не наведуваме други???

Се сеќавате на оној многу интересен и оригинален министер за финансии во првиот состав на владата на Ципрас, Јанис Варуфакис? Тој  ваквото однесување (на Франција и Холандија) го нарекуваше”деспотски садизам” 

6. Сосема извесно е дека во јуни  н е м а  да добиеме конкретен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ние можеме да се лутиме колку што сакаме но факт е дека преговорите за членство не се само папирологија, т.е преведување на правната регулатива на Унијата, реформите во земјата и сл.

Нашата земја, за жал е вистинска депонија со ѓубришта на секој чекор, загаден воздух, ненормални учесници-силеџии во сообраќајот, корупција на секој чекор и да не редиме понатаму. Додека тоа не се свати треба да сме свесни: долг е патот до Брисел.

7. Го гледам често на вестите портпаролот на СДС Костадин Костадинов. Тој многу силно ме асоцира на припадник на Хитлеровата младина (Хитлер југенд): укрутен како сталагмит, без трошка емоции (небаре е воштена фигура) и веднаш ми се раѓа помисла: не дај Боже на овој тип да му падне в’раце Калашников!!! Ни настанот (злосторот) во Крајстчрч нема да може да се соредува што може да се деси дома, кај нас!?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top