Коментари

Кој тоа ” собира ” пари од дијаспората во свој џеб?

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Кој тоа ” собира ” пари од дијаспората во свој џеб?

Тоа се истите луѓе што последниве 30 години го прават истото. 

Јас лично можам да зборам за Австралија, затоа што живеам во Сиднеј, гледам, анализирам и кажувам само вистина. 

Истите луѓе, кои ги испокрадоа црквите, го сатанизираа Владиката Петар, па здружени со екуменистите ватиканисти како владиците Наум, Пимен и Тимотеј се надмудруваат кој од кого повеќе да ограби од ветените колачи, преку еден цивилен “владика” подржан од грците и ГПЦ, како и неизбежната учителка поетеса што не знае песничка да состави…е тоа е таа багра што не дава Македонецот да диши и уништува се’ Македонско, само за интерес на својот ненаситен џеб. 

Истата багра собра пола милион долари  за фамилиите на паднатите борци во 2001 и направија еден видео за мали деца, приказки и морбидни лаги, им дадоа само по 100 до 150 марки на неколку фамилии што им беа статисти  и се знае…490 илјадарки завршија во нивни џебови. 

Ова е причината што Македонците гледаат и не сакаат приватните џебови на овие мизерни индивидуалци да ги полни иако сакаат да помогнат од се срце во Македонија и за Македонците. 

Последново со собирање пари од учителката е капак на нивната мизерија. Таа е позната по собирање на фондови, како и исплата на Македонските учители по најминимална плата, додека кајмакот го собира лично таа. Ете ова се тие заевисти, ѓаволска секта во црквата и ненаситни профитери кои собираат пари, се преставуваат како законски регистрирани тела, организации, цркви со тапија поголеми од самиот Господ, да собирает и да пикнат пари наменети за Македонија едноставно кај самите себе. Неколкумина се, ама ајде де, трагедија македонска. 

Затоа драги Македонци, треба промени од корен. Ќе дојдете пак на моето кога реков многу одамна  а тоа е без некој јавно да се заколне да се сноси одговорност за најмало париче и дека нема да тера судски процеси доколку се покаже со прст, нема да има мир и нема да одиме напред, ќе тапкаме во место.

БОЖЕ ПОМОГНИ И ЧУВАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА. 

АМИН !!! 

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top