Коментари

Силјановска ги има сите адути да биде идна мајка на нацијата

1 1a

1 1aСвекрва

Силјановска ги има сите адути да биде идна мајка на нацијата

Во Македонија започна претседателската кампања

По промена на вековното име на македонскиот народ, огнени громови удрија по земјата. Во време кога вообичаено се говори за врнежи и излевање на води, пламени јазици го горат посеаниот зол плевел од Преспанскиот договор. Во земјата каде нема правда за македонскиот народ и владее законот на злото, небесниот оган ја открива вистината за октоподот кој со своите пипци ја задушува државата на македонскиот народ. Сето ова се случува пред претседателската кампања која започна на 1- ви април и председателските избори кои треба да се одржат на 21 април 2019 година.

Ова се шестти претседателски избори во Македонија од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Меѓутоа, ова се првите избори по Преспанската спогодба меѓу Грција и Македонија со која земјата го смени името на Република Македонија.

Во претседателската трка ќе учествуваат професорката Гордана Силјановска, зад која стои партијата ВМРО ДПМНЕ, потоа професорот Стево Пендаровски, како консензуален кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ, и  поранешениот амбасадор Блерим Река, кој ја има поддршката од партиите Алијанса за Албанците и Движење Беса.

Стево Пендаровски веќе учествувал во претседателската трка во 2014 година. Тој бил кандидат на СДСМ и загубил во вториот круг од Ѓорге Иванов.

Инаку, претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој се противи на спогодбата за промена на името, повеќе не можеше да се кандидира поради уставното ограничување од најмногу два претседателски мандати.

Меѓутоа, ако преседателот Иванов не може да му биде противник на Пендаровски, тука е професорката Гордана Силјановска. Исто така и таа се залага за владеење на правото и не ја прифаќа промената на името на Република Македонија. Поради ваквиот став професорката Силјановска зад себе ја има поддршката не само на партијата ВМРО ДПМНЕ, туку и на мнозински македонски народ, кој својот став по однос на името јасно го кажа на референдум одржан мината година во септември.

Во контекс на името, професорката Гордана Силјановска во едно интерју ќе каже дека доколку стане претседателка, поради кршење на националното и меѓународно право „ќе го држи прашањето за името отворено“ и ќе бара извештај од меѓународна група по кој ќе се делува.

Иако, Силјановска ги има сите адути да биде идна мајка на нацијата, постојат индиции дека актуелната власт ќе оди или на полнење на кутиите како што се случуваше на референдумот или пак на неуспешни избори, по што претседателот на Собранието би ја извршувал функцијата на претседател и би ги потпишал Законот за јазиците и спогодбата со Грција за промена на името на државата.

Инаку, според законот, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

Ако се има во предвид дека поранешениот амбасадор Блерим Река, кој ја има поддршката од партиите Алијанса за Албанците и Движење Беса, има најмалку шанси, тогаш се очекува во вториот круг да водат битка  Силјановска и пуленот на Заев, Стево Пендаровски, кој под мотото „животот дојде“, спротивно на вољата на народот, доколку биде избран, би ја запечатил судбината на македонскиот народ и неговата држава.

Затоа е потребно гласачите масовно да излезат на овие претседателски избори. Тие со своето гласање треба да ја делегитимираат авторитарната власт на Зоран Заев.

Овој пат мнозинството кое го бојкотираше референдумот за промена на името, како и оние кои власта ги разочара, треба масовно да излезат и да и дадат поддршка на професорката Гордана Силјановска, за идната мајка на нацијата.  

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top