Коментари

Дали да го критикуваме Реисот или да го пофалиме?

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Дали да го критикуваме Реисот или да го пофалиме?

Колку и да се навредливи зборовите на Реисот, толку заслужува внимание за самоанализа и самокритика. Една одредена група на луѓе, како најефтини проститутки на улица продаваат име, црква, јазик, идентитет за пусти пари. Ете и Јуда за 40 сребреници го предаде Исус и ништо не создаде освен негово лично самоубиство.

Значи, тоа со еден збор се врвот на СДСМ и нивни верни полтрони. Но најповеќе што боли и се однесуваат како поголеми проститутки од комуњарските се сите оние што се фатиле за рака со нив во име на ЕУ и НАТО.

Молкот на народот и пасивноста на секој еден Македонец кој замижува и не реагира а воедно ербапски се самозадоволува со некое евро од страна не водејќи сметка за националниот и сопствен геноцид од страна на Западот преку институции како ЕУ и НАТО…ги прави ЗБОРОВИТЕ НА РЕИСОТ ТОЧНИ И ОДМЕРЕНИ, ЗА ЖАЛ.

Дали сме див народ? Па гледајте колку сме диви со тоа што на избори ќе добијат кафе, наполитанки,шалче и пенкалце и оп … се фатија на замка, како дивите племиња кои не виделе надворешен свет илјадници години. Ова го чини скапо народот, сега кога сме можеле и можеме се уште трезвено да се организираме и водиме држава а не да мислиме како да дрпаме и кого даизмајтапиме за да му земеме некое евро.

Затоа, нека бидат поука зборовите на Реисот и нека повели во секое време да критикува ама со срце кажано како и последнава критика. Кога МПЦ молчи и се прават поголеми татари од Бугарите, Реисот барем на овој или оној начин нека освестува Македонци без разлика колку тоа боли или не.

ЕДНО ЗНАМ ДЕКА САМО ГОСПОД СЕГА МОЖЕ ДА ЈА ЗАЧУВА МАКЕДОНИЈА. АМИН !!!

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top