Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ -V

tren

Martin TrenevskiМр Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ -V

Почитувани читатели на порталот: mn.mk: во рамките на рубриката “Цртички и отровни стрелички” овој пат се одлучив да ви понудам само една, ама вредна (барем така мислам) цртичка и, според мене, многу отровна стреличка.

А за кого би се однесувала, ако не за кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски (Бога ми, ваков редок спесимент би требало да се клонира!!!).

Дознаваме дека гореименуваниот кандидат за претседател во жарот на трката за номинација за позицијата кандидат за претседател на републиката одел на средби со дипломати од висок ранг со папка в’раце полна со исечоци од весници со кои настојувал да го валка ликот и делото на неговиот најсериозен противкандидат за таа позиција (со полициско досие во Велика Британија за поседување на поголемо количество дрога), самобендисаниот Никола Димитров!?

Редакцијата на порталот mn.mk дознава дека дипломатите-соговорници на Стево Пендаровски со запрепастување реагирале на пројавата на новата дисциплина во дипломатијата – “папка дипломатија”, со која еден кандидат за одредена висока државна позиција лобира за подршка против својот противкандидат со исечоци од весници и други печатени материјали!?

Ваквото однесуванје на Стево Пендаровски за познавачите на приликите во нашата земја не изненадува бидејки станува збор за самобендисан тип без скрупули кога станува збор за задоволување на неговите болни амбиции, иако самиот нуди лимитирани можности и потенцијали.

Можеби токму и заради тоа Калето него го одбра за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ, а не Никола Димитров, за го заокружи сценариото за разнебитување на Македонија по сите основи, и буквално по сите основи!!!

Дури и помошникот на државниот секретар на САД и поранешен Американски амбасадор во Македонија Филип Рикер се забра од преку океанот лично да им даде на знаење на одредени структури во СДСМ кои негодуваа(т) за изборот нив да ги претставува токму лицето Стево Пендаровски, кој е изборот на Вашингтон!.

Во овие околности на ДУИ само му беше дадено на знаење што и како да прават (во спротивно фајлите, или бомбите од прислушкувањето што се однесуваат за поединци од кај нив ќе испливале на виделина).

А на крилото од СДСМ кое се противи на изборот на Стево Пендаровски за клониран, пардон, за консензуален кандидат не им преостанува ништо друго освем и понатаму да жалат и да протестираат што не е почитувана нивната воља, туку преовлада вољата од Вашингтон. Тие уште повеќе ќе жалат по катастрофата што го очекува Стево Пендаровски на 21ви април и конечно на 5ти мај, кога народот ќе го каже својот збор.

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top