Коментари

Човештвото – жртва на претсмртната агонија на неолибералното зло

Страшо Ангеловски

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Човештвото–жртва на претсмртната агонија на неолибералното зло

“Ако на 30 години не си либерал – немаш срце,

Ако на 40, се уште си либерал – немаш мозок“

Винстон Черчил

Со децении наназад човештвото е сведок на перманентниот обид на сопствениците на најкрупниот светски капитал, оние од енергетскиот, воено индустрискиот и банкарскиот комплекс да завладеат со светот и да воспостават нов светски поредок. Да го глобализираат светот заради непречен проток токму на нивните стоки и капитал. Притоа, сметајќи го човештвото за своја сопственост, а неговата судбина за играчка во сопствените раце.

Во средината на минатиот век, се обидоа на најбескрупулозен и најнечовечки начин, финансирајќи ги фашистичките движења, преку најкрвава војна, воено уништувајќи држави и освојувајќи територии, да го покорат светот и да завладеат со човештвото. Но,не успеаја, благодарение на слободарскиот дух на малите народи и на нивниот непокор, но, пред се, на огромната жртва на тогашниот Советски Сојуз и неговите граѓани.

Последниве неколку децении, свесни дека и најмалите народи се спротивставуваат на надворешна, со воена сила, спроведена окупација, до темел  ја променија својата стратегија. Овојпат, тоа е стратегија на “отворени општества“, спроведувана преку крајно левите и левичарски движења и партии, целосно “оперирани“ од чувство за национална, родова и семејна припадност. Спроведувана преку неолиберални активисти за кои неморалноста, хедонизмот и лесните пари се движечка сила, а моралот, традицијата и човечкиот труд како основа за успех, им служат само за потсмев. Па, така, на идеолошките урнатини на левата политичка опција, комунизмот, градат квазисоцијалдемократски партии, кои, свесно или не, одработуваат за најкрупните сопственици на светскиот капитал, што го прикажуваат како легитимна битка, а, всушност, претставува начин на лично богатење врз грбот на обичните, измамени партиски членови, кои се уште веруваат во левата идеологија. Токму затоа, целосно нелегитимен е молкот на вистинските левичари, вистинските социјалдемократи. Додека елитата на неомилионери ја води, а со тоа и ја погани искрената, идеолошки чиста социјалдемократска идеја, вистинските социјалдемократи се тргнати настрана и молчат.

И, доколку го сфатиме општеството како еден жив организам, кој живее и се развива, тогаш повеќе од јасно е дека “отвореното општество“ значи отворен или незаштитен организам. Организам на кој му е ослабен имунолошкиот систем, организам од сите страни нападнат од зарази и отрови, организам кој заради ослабениот имунитет не е во состоба да се брани и заштити и е осуден на бавна и тешка смрт. Ете, тоа е отвореното општество во “отворените“ држави. Отворени “како пупка“, што би рекол еден наш “мислител“.

За среќа, свесни за обидот за зомбирање на човештвото преку бришење на националната, родовата и семејната припадност, а со уништување на традиционалното семејство и традиционалните држави, во светот се појавија суверенистички движења и партии, подготвени да му се спротивстават на ова глобалистичко, неолиберално зло. Тие, полека но сигурно го отстрануваат информативниот мрак, кој преку средствата за глобално информирање,во сопственост на најкрупниот светски капитал, го имаа окупирано светскиот медиумски простор, и го држеа во информативна темница човештвото, посебно, што некому ќе му прозвучи парадоксално, граѓаните на “најразвиените демократии“, САД и државите на Европската Унија. Првиот зрак на вистина беше Џулијан Пол Асанж, австралиски новинар и семрежен активист, основач и уредник на Викиликс.

Свесни за својот пораз, свесни дека се ближи денот кога ќе мора да одговараат за сите злосторства против човештвото, како, на пример, уништувањето на Ирак, преку бомбардирање преземено без одлука на Советот за безбедност при ОН, а со измамата на Тони Блер дека Ирак поседува нуклеарно оружје, во својата предсмртна агонија, влечат потези со кои сакаат целото човештво да го повлечат со себе. Еден од нив е и апсењето на Асанж пред неколку дена. Но, оној најважниот, се уште, е уништувањето на суверени држави. За жал, како база од која треба да се врши ова злосторство, избрана е државата окупирана од Зоран Заев, Република Македонија.

Имено, пред неколку дена бевме сведоци на гостувањето на една од македонските телевизии со државна концесија, на еден од најактивните ликови во обидот за насилно рушење на легалната и легитимна власт во соседна Србија, тамошниот артист Сергеј Трифуновиќ. Нему,без да има соговорник кој би му спротивставил ставови, му беше дозволено да ја труе македонската јавност со еднострани ставови на шаренореволуционерното неолиберално зло. Зачестените посети на политичари од српската опозиција на државава и вработувањето како советници во владата на Заев на, најблаго речено, сомнителни типови од српската опозиција, само го потврдуваат ова. Тоа ќе рече, свесни за поразот на сите страни, од Русија до САД, од Турција до Унгарија, од Италија до Полска, свесни за поразот на мајските европарламентарни избори, во својата претсмртна агонија, ќе се обидат да уништат се на што ќе наидат на својот пат на злото. Со методи веќе видени во уништувањето на суверената Република Македонија.

Единствен начин да му се зададе последниот удар на ова стоглаво неолиберално  чудовиште, е обединувањето на десницата, на светско, европско и државно рамниште. Обидот на Трамп да ја порази “длабоката држава“ во САД, обидот на суверенистичките партии во Европа да се обединат пред европските избори, обидите на Ердоган, Путин, Орбан… да го сочуваат суверенитетот на сопствените држави, е токму тоа. Ние, овде, во малата Македонија ја имаме истата обврска – да се обединиме околу македонската десница. Околу суверенистичката идеологија на вистинската десница, околу традиционалните вредности на поединецот, семејството и државата. И, да влеземе во битка за секој дел од државата, за секоја институција. И, институциите, една по една, да ги ослободуваме од насилно инсталираната власт.

Свесни дека обединетата десница е вистинската опасност за нив, креаторите на македонското уништување работат токму на нејзино раситнување. Па, така, од доскорешни високи функционери на СДСМ, или поединци алчни за пари, создаваат политички партии и здруженија, кои со лажен “ултрапатриотизам“ треба да внесат недоверба кон веќе постојната десница, да ја напаѓаат што повеќе и да привлечат колку можат повеќе незадоволници кон себе. Сведоци сме на еден куп формирани или во фаза на формирање “патриотски“ партии во последниве две години. Но, свесни дека не можат да привлечат доволен број гласачи, или барем поддржувачи, што се виде во обидот да промовираат свој претседателски кандидат, тие истите, се неуморните пропагатори на тезата за бојкот на претседателските избори, во обид да се ослаби и порази десницата во ова историско време на борба на живот и смрт на неолибералните глобалисти и традиционалните суверенисти, од што ќе зависи и иднината на светот и човештвото. А, Македонија да остане база за уривање суверени влади во регионот.

За овој текст не се битни платените пропагатори, кои дури сеат омраза меѓу довчерашни сопартијци и истомисленици, го сеат семето на недоверба внатре во десницата, затоа што тие се платени за тоа. За овој текст се битни сите кои со својата идеја припаѓаат на десницата, кои го гледаат стоглавото неолиберално чудовиште како закана за нив, за нивните деца, за нивните семејства, за човештвото.

Овој текст е напишан за оние за кои не е битна партијата туку идеологијата, не е битна личноста туку човештвото, не е битен моментот туку иднината. Ова е текст за оние за кои претседателските избори се дел од долгата битка за Македонија и придонес за победата на европската десница. Ова е текст за браќата кои гнијат по затворите, за неправедно осудените, за понижените и обездостоинствените. Ова е текст за ПРАВДАТА која сите заедно треба да ја донесеме во Македонија.

(авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/kolumna-na-angelovski-choveshtvoto-zrtva-na-pretsmrtnata-agonija-na-neoliberalnoto-zlo/

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top