Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – VI

tren

Martin TrenevskiМ-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – VI

1. Европратеникот и поранешниот висок Југо-дипломат, Словенецот Иво Вајгл, деновиве ни укажа на една грда реалност за која  веќе пишував пред три недели во порталот mn.mk. Имено, според Вајгл, имало “една незгодна работа” кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, а тоа е: дека за неа се зборува во пакет со Албанија!!!

Токму така, многу грда реалност што ја наметна самиот Брисел, односно некои членки во ЕУ кои своите погледи кон состојбите и процесите во нашиов регион, или поточно во поедини земји во регионот, го наметнаа како официјален став на Унијата.

Ставот Македонија да се третира во ист баскет со Албанија е не само необјективен, туку може да се смета  и како навреда за нашата земја. Македонија не е производител и извозник на дроги и криминал за разлика од Албанија, од каде потекнува подземјето кое веке завладеа во повеке европски метрополи!

Од друга страна, во Македонија сепак се случуваат некои позитивни промени (реформи) што секако треба да се препознаат и почитуваат од факторите во Брисел.

Дека третирањето на Македонија со ист аршин со Албанија е баласт што не позиционира да стоиме во место, или да се придвижуваме со чекори од желка укажа еден многу добар британски познавач на приликите во ЕУ кој констатира дека Македонија е “заложник” и “колатерална штета” од ситуацијата во Албанија. Но, за да се корегира оваа невозможна ситуација и да се избориме да не вреднуваат според постигнатото (merits not words) треба и самите да сториме нешто.

За жал, нашиот министер за надворешни работи е преокупиран со забави во диско-клубови и очигледно тоа не му е приоритет. 

2. На линија на претходната цртичка е и иницијативата на група пратеници во Парламентот на Холандија кои го изгласаа барањето за враќање на визите со Албанија, поради „зголемениот албански криминал“, како што е наведено во барањето. Според тиранската телевизија Топ-чанел, оваа одлука и дава право на Владата на Холандија да се обрати до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визниот режим за албанските граѓани го има Европска Унија.

Во барање на пратениците за укинување на визите за албанските граѓани е наведено дека тоа е неопходно поради видно зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија и дека албанските криминални организации ја злоупотребувале можноста да патуваат без визи низ Европа и да ја шират нивната мрежа на прекуграничниот криминал. Според прaксата во ЕУ, Владата на Холандија треба да поднесе барање до Европската комисија за започнување на процедурата за итно укинување на визната либерализација за Албанија. Исто така, се тврди дека наводно, голем број Албанци кои пристигнувале во Холандија како турсти се вклучувале во трговија со дроги и шверц на луѓе кон Велка Британија.

3. Од Бугарија ништо ново! Повторно присвојување на нашата историја и значајни личности и настани од нашето славно минато. Дознаваме дека неодамна во Софија била одржана дебата (небаре немаат други проблеми за да се занимаваат) на тема:”Чиј е Гоце Делчев?! Уште за оценките за Илинден 1903., 115 години подоцна”, на којашто било едногласно заклучено дека Гоце и Илинден им припаѓале на бугарската историја!?

Улога на воведничар во публикацијата издадена по тој повод бил поранешниот претседател Парванов кој предупредил (!) дека “Во Скопје не можеле премногу долго да градат идентитет врз лажна историја”, додавајки при тоа дека “како што Македонците покажаа разбирање за грчката историја, така треба да постапат и во однос на заедничкото минато со Бугарија”.

Еурека! Каде лежел зајакот!!! Значи, конечно, Парванов ни ја откри болката на бугарската историографија и политика: aко сме можеле да “покажеме разбирање” за грчката историја, така сме требале да постапиме и, според него, некакво заедничко минато со Бугарија. Како прво, диктатот што ни го наметна грчката страна а се содржи во актот на капитулација потпишан во с. Нивице беше прифатен и верифициран со потписот на еден шарлатан (Никола Димитров) со полициско досие во ЈуКеј (Велика Британија), персона без елементарно чуство за национална припадност. Тој акт од Нивице во никој случај не е нешто што е општо прифатено од македонскиот народ и еден ден секако ке биде предмет на ревизија.

Од друга страна, не знам за какво “заедничко минато со Бугарија” блада Парванов! Не спорам дека во минатото постоеле одредени влијанија, па дури и мешање од бугарска страна во нашите домашни случувања, но таквите дејанија да се квалификуваат како заедничко минато е вистинско безумие кое историчарот пок. Драган Ташковски со право го нарекуваше “културен паразитизам”.

Патем, и самите ние им даваме повод на Бугарите како стрвинари да се нафрлаат на нашето славно минато, кога на чело на македонскиот дел од мешовитата меѓувладина комисија за историјата е (според тврдењето на истражувачкиот новинар Блаже Миневски) “авторитетот” Драги Георгиев кој има напишано – замислите: дури САМО ЕДЕН авторски труд!!! Гротескно, зарем не!?

4. Минатиов викенд патот ме водеше кон скопската општина Чаир, а натаму возев по споредниот пат  покрај покрај касарната Илинден. Не дека и порано не сум поминувал покрај касарната и не дека не сум знаел што се има таму, но овој пат навистина се згрозив од сликата што ја видов: покрај коловозот импровизиран канал по кој течат фекалии, купишта секаков отпад на секој чекор, импровизирани тезги на распаднати приколки каде се нуди се и сешто, а старци со вреќа-две пред врата нудат компири или патлиџани!? Но врвот на шокот секако беше небаре урбаната општина Чаир низ која прокрстарив по неколку улици и што да видиш: претрпани со ѓубре контејнери, опкружени со ридови секаков отпад, непрепознатливо зеленило покриено со пластични кеси и хартии, и, и, и……

Не ме чуди што е прогласена епидемија на морбили во земјата, но со овие грди реалности просто не ми се верува како во градов што пледира да е европска метропола до сега не се појавила колера.

Градските татковци најверојатно ќе се правдаат дека (не)хигиената во Чаир (и не само во Чаир) е проблем на самата општина Чаир!? Но господо градски татковци, Чаир е дел од Скопје и вие не можете да бегате од вашиот дел од одговорноста за (не)чистотијата во главниот град во целина!!!

Зарем воопшто помислувате дека Европската Унија ќе ви/ни даде датум за почеток на преговори за членство со нечистотиите на сите страни? Почнете да го чистите сметот, работете нешто за што сте платени, а не само да мислите на тендери и профит!

5. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи беше иницијаторка на средбата на колеги градоначалници-Албанци од Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија. Во нормални околности, на пример во земјите од Бенелукс, вакви средби би биле нормална и полезна работа, но во околностите какви што се во регионов, иницијативата неодминливо асоцира на поентирање на онаа сулуда идеја за некаква си голема Албанија!? Градоначалничката Арифи важи за интелектуалка, универзитетски професор и редно е конечно да се ангажира за решавање на барем некој од бројните проблеми со коишто се соочуваат житетите на општина Тетово, во прв план (не)хигиената во градот што е под секое ниво!

Претпоставувам дека токму (не)хигиената во Тетово не беше искуството што Теута Арифи го сподели со градоначалниците на албанските општини во регионов!?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top