Коментари

Колку губи Македонија со бојкотирам?

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Колку губи Македонија со бојкотирам? Премногу-трогателно и жално

Секој еден будала, ненормален, глуп, туп и најмизерен може слободно да дојде во Македонија, да не влече за нос, да си игра мајтап и да управува со жална Македонија. Дозволивме соседите да наметнуваат се и воедно да добијат од пиле млеко, а еден Амбасадор да изиграва цар и да не може никој да му удри една клоца и да го вратеше преку барата. 

Македонците не можат да бидат единствени и немаат слога или национален интерес пред се. 

Од последниот цар Персеј па се до денес, Македонците изиграваат поголеми цареви од сите цареви воопшто и се’ знаат, се им е јасно. Не можеш да разговараш ниту да помислиш да им дадеш примедба или свое мислење. 

Така е и со последниве председателски избори.

Едни пропагираат бојкот, други да се гласа и трето нема. Или – или. Дури и Господ да излезе и да рече нешто, бидете сигурни ќе му се пуштат фејсбуковците и ете ти беља. 

Во моментов опции нема, работата е дотерана до таму и костените се премногу жешки.

Сакате Таљат да биде Претседател на РМ? ќе го имате доколку бојкотирате, или пак Пендарко во завиткана машничка. Тоа е бојкотот. 

Доколку гласате, ќе ја добиете Гордана Силјановска.

До сега од толку мажи и паметни Македонци што им тече мозок од уши поради преголема количина, реално кажано аир не видовме ниту Македонија се обедини, ниту економски зајакна туку се надоле и најдоле. 

БОЈКОТИРАЧИ, ЕДНО ДА ВЕ ЗАПРАШАМ – ДАЛИ ИМАТЕ ГАРАНЦИЈА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЕУ, НАТО И ЦЕЛ СВЕТ ДЕКА СО БОЈКОТОТ АКО Е УСПЕШЕН ДЕКА ЌЕ ИСПАДНЕ ПО ВАШЕ И ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНИЈА? 

Памет во глава и сега само едно е најважно:

1.Да го испратиме Заев заедно со неговата СДС да одат во историјата и да бидат ригорозно казнети.

2.За почеток тоа е возможно само преку изборот на Гордана Силјановска Дафкова за Претседател.

3.Ако бојкотирате, ќе го имаме Таљат како ВД Претседател, а потоа со промена на уставот, избор на Претседател во Сообрание и нов Претседател ќе биде Пендарко.

4.Ако тоа го сакате, тогаш на здравје и тешко на Македонија. 

ДАЈ НИ БОЖЕ РАЗУМ И ЉУБОВ ВО ОВИЕ МОМЕНТИ, СЕГА Е НАЈПОТРЕБНО. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОЦИТЕ КАДЕ И ДА СЕ. АМИН!!! 

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top