Коментари

Пендаровски е Претседател на една видоизменета држава, во која македонците се граѓани од втор ред

svekrva-nova

svekrva-novaСвекрва

Со давањето на свечената изјава пред Собранието, Стево Пендаровски стана претседател на Република Македонија. Тој стана претседател на македонската држава со ново име кое најголем дел од македонското население не го прифаќа. Дека се работи за претседател на една видоизменета држава, во која македонците се од втор ред, покажува и чинот на самата инаугурација на која претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја започна и ја водеше на албански јазик, согласно Законот за јазици што беше изгласан пред неколку месеци, но не беше потпишан од веќе екс претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Со заминувањето на Ѓорѓе Иванов, си замина последниот претседател на Република Македонија, а на негово место дојде Стево Пендаровски, првиот претседател на Северџанска Македонија. Положувајќи ја заклетвата Пендаровски пред присутните рече дека ќе ги почитува сите граѓани на државата и ќе биде претседател на сите, а не само оние кои го избрале.

Меѓутоа, уште од самиот старт Пендаровски се демантира кога рече дека ќе ги почитува сите и ќе биде претседател на сите. Иако не е пракса, во името на помирувањето, сепак на чинот на инаугурацијата требаше а не беше поканет претседателот на најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, ниту пак противкандидатите на Пендаровски – Блерим Река и Гордана Сиљановска. На овој чин не присуствувал ниту пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На Пендаровски нема да му биде ни најмалку лесно да биде прв претседател со ново име на Република Македонија, име што најголем дел од македонскиот народ не го прифаќа, а со самото тоа не го прифаќа ниту новиот претседател. Каков лидер ќе биде тоа и како ќе ја води земјата напред ако нема поддршка на македонскиот народ.

Кого тој навистина преставува?

Очигледно е дека Стево Пендаровски ја нема довербата на народот, но и во СДС, партијата која застана зад него и го поддржа во претседателската трка. Во неделата на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, иако во Собранието присуствуваа претседателите на четири соседни држави (Албанија, Бугарија, Косово и Србија), не присуствуваше премиерот Зоран Заев.

Само со лажните ветувања „ќе биде“, што ја краси актуелната власт, не се стекнува кредибилитет и дигнитет  пред народот. За да стекне довербата треба нешто посуштинско.

Македонскиот народ тешко дека ќе може да му верува на човек кој рече дека првата работа која ќе ја направи е да ја потпише спогодбата со Грција за промена на името и Законот за употребата на јазиците (читај употребата на албанскиот јазик), кој е предуслов за федерализација и до поделба на земјата.

За да стане вистински лидер, Стево Пендаровски треба како и неговиот претходник Ѓорѓи Иванов да ја отфрли промената на името, да не го потпишува Законот за употреба на јазиците и да ги амнестира сите лица кои учествуваа во настаните на 27 април.

Само така може да настане помирување со опозицијата, помирување меѓу Македонците, но и да биде почитуван од македонскиот народ како татко на нацијата.

Јасно е дека Стево Пендаровски на функцијата претседател дојде со помош на гласовите на македонските Албанци. Преставниците на ДУИ, како коалиционен партнер на СДСМ, во неколку наврати укажуваат дека без нив Стево Пендаровски немаше да биде претседател и дека според нив Али Ахмети е вистински морален претседател на Р Македонија.

Набргу ДУИ ќе ја испорача својата фактура. Но овој пат таа ќе биде мнигу поскапа. Тоа го покажува мапата на Државната изборна комисија, на која во две бои е покажана сликата од гласањето на последните претседателски избори. Каде и зошто Албанците гласале за Стево Пендаровски.

Заев на кратко избега.

Дали Стево ќе ја плати сметката, тешко е да се каже. Најмногу зависи од тоа дали ќе има кичма некој да им каже не на барањата на ДУИ. Но, со оглед на досегашното искуство ниту едниот, ниту другиот имаат кичми и доволно мудрост да се справат со предизвиците кои следуваат. И двајцата се виткаат во зависност од тоа како дува ветерот од страна на меѓународната заедница.

Најново од: Коментари

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

To top