Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – IX

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – IX

По деветти пат го повикуваме Јавното Обвинителството да покрене истрага по допрен глас за терористичкиот напад во Диво насеље но очигледно обвинителите се глуви и не реагираат на се побројните повици да дејствуваат.

1. Историската прва посета на еден Римски папа на Македонија сеуште е тема на анализи во нашата земја, а она што со нетрпение го чекавме Светиот отец да го каже во богатата програма во текот на десетчасовната посета на 7ми мај – за придонесот на нашата земја за Христијанството како еден од столбовите на европската култура и цивилизација, Тој го искажа од високо, “во Господа”, на височина од 10.000 метри, т.е. нa пресот со новинарите-известувачи во авионот на летот од Скопје кон Рим.

Во таа прилика Папата констатира дека Македонија е портата преку која Христијанството влезе во Европа бидејки жителите на македонско тло биле првите европејци на кои апостолот Павле им го пренесол христовото учење!

Неговата Светост Папата Францис во таа прилика исто така истакна дека македонскиот народ имa голема културно-историска традиција, но дури неодамна успеа да ја конституира својата државност.

Од срце му благодариме на Светиот отец за признанието што силно одекна меѓу една милијарда и двеста милиони Католици, но и стотиците милиони Православци.

2. На 5ти овој месец се случија претседателски избори и лицето Стево Пендаровски (СП) е петтиот шеф на Македонската држава. За власта, изборите биле “скандинавски”, т.е. слободни, фер и демократски, но сепак бројни се рекациите за неправилости во изборниот процес. И овој пат мешањето на странскиот фактор беше неспорен и очевиден факт, само методите им беа различни. Наместо хистерично полнење на кутии со гласање на секои 2,5 секунди карактеристично за првиот круг на изборите на некои избирачки места, сега се применија многу пософистицирани методи. Во средини каде меѓу жителите доминираат малцинствата, по изјаснувањето на гласачките кутии, гласачите се прибирани во комбиња и други превозни средства и носени на локации каде им се исплаќани пари “franco dlanka”, т.е во готово и на рака, за одработеното!

Од извори во Министерството за финансии дознаваме неофицијално дека, наводно, неколку дена пред вториот круг гласање на скопскиот аеродром се истоварени зелени пластични вреќи со седум и пол милиони евра (или долари, сеедно) за “награда” на гласачите што го подржале кандидатот на Калето, Стево Пендаровски. Толку за скандинавските избори!

3. На 12ти мај во Собранието на Македонија имаше инаугурација на новиот претседател на државата Стево Пендаровски. Во нормални прилики и во нормални држави тоа би било повод за радост и славење, но во нашиве околности, за жал, не е! Сегашната реалност е: Калето ја контролира власта во нашата земја на сите три нивоа и тие си имаат: а) свој (!?) шеф на држава, б) свој (!?) претседател на Собрание и в) ептен нивен претседател на влада! Сега Калето има потполна контрола на власта во некогаш суверена Република Македонија и само фали уште да не усвојат, т.е. да не инкорпорираат кај нив како 51ва сојузна држава на САД и кај ќе ни биде крајот (се мајтапам, се разбира)!

А кога говориме за самиот чин на инагурацијата во Собранието, не знам од каде да почнам!? Уверението од Државната изборна комисија дека е победник на изборите со што стана нов претседател на државата, а што С.П. го потпиша, е д в о ј а з и ч н о, на македонски и албански јазик согласно усвоениот неуставент Закон за јазиците. Понатаму, С.П јавно се обврза (?) дека демек: “ќе се грижи за сите граѓани подеднакво и ќе подадел рака кон сите политички партии…”!? А како мисли тој (СП) да подаде рака (и кој ке му ја прифати раката?), а не најде за сходно ниту да го покани лидерот на најголемата политичка партија во Македонија, сега во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски?

Стево, не знам кој ти го аранжираше протоколот за церемонијата во Собранието, но би требало да знаеш за во иднина: во цивилизирани земји лидерите на власта и на опозицијата седат заедно, еден до друг, или неспосредно во челни позиции за да покажат и да манифестираат пред целиот народ дека и во болка и во радост, кога е во интерес на сите граѓани, тие се на истаеднаква??? Ти Стево и не си морал да ги знаеш овие детали, но секако морале да ги знаат тие што ти ја спремаа церемонијата.

На инагурацијата присуствуваа само четири претседатели на држави и еден премиер од соседството, како и неколку министри и заменици министри. Значи многу скромно претставување што секако само по себе говори за многу малиот респект кон тебе, или кон нашата земја или и двете што секако треба да те замисли Стево! Каде беше Столтенберг Стево? Па нели годинава ке станеме членка на Алијансата? Еден стратегиски партнер прати заменик министер за надворешни работи, друг стратегиски партнер прати министер, но не чув како беше претставено Калето кое, впрочем, те донесе на власт наводно како “консензуален” кандидат?

Од друга страна, високите гости од странство беа “уважени” церемонијата на инагурацијата да ја следат од еден дел од балконот во собраниската сала, небаре се на оперска претстава со убав поглед на сцената, но затоа пак неколкуте кокони и министерчиња од Владата беа седнати во првиот ред во салата, веднаш наспроти СП. Каков протоколарен дилетантизам!

4. Изминативе денови се навршија четири години од инцидентот што го предизвикаа балистички терористи уфрлени од Косово во кумановската населба Диво насење при што загинаа осум македонски полицајци и 14 терористи, од тоа четири “инструктори” од Американската база Бондстил на Косово. Иако официјална верзија за овој терористички акт до сега не чувме, актуелниот македонски министер за полиција даде една изјава (очигледно со цел да ја дефокусира јавноста), според која “инцидентот бил предизвикан за да се скрене вниманието од бомбите” (станува збор за објавувањето на илегално прислушкуваните телефонски разговори).

Не чувме, за жал, никакви коментари, за објавувувањето од страна на Викиликс на декласифицираната кореспонденција помеѓу амбасадата на САД во Скопје и Стејт Департментот во која многу јасно е кажано дека политичката партија СДСМ остварила контакт со косовскиот премиер и воен командант на ОВК Рамуш Харадинај за учество на актери од Косово во кумановските терористички настани!!! Чудно, но на ова сознание не реагираше ни опозицијата која всушност имаше в’раце неоспорлив доказ за соучество на владеачката СДСМ во подготовката и извршувањето на терористички акт во којшто беа убиени дури осум македонски полицајци. Значи, станува збор за соучество на СДСМ во у б и с т в о на осум македонски службени лица што е тежок криминален акт!

Истите денови – 9ти и 10ти мај 2016та година, кога се случи терористичкиот акт во Куманово, лично бев во амбасадата на РМ во Виена пред која група, наводно македонски Албанци, протестираа извикувајки погрдни зборови против претседателот на ДУИ Али Ахмети и против Зоран Заев, што само потврдува дека станува збор за синхронизирана акција.

5. По деветти пат го повикуваме Јавното Обвинителството да покрене истрага по допрен глас за терористичкиот напад во Диво насеље но очигледно обвинителите се глуви и не реагираат на се побројните повици да дејствуваат.

6. Осведочениот пријател на Македонија, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, беше поканет во Вашингтон на средба со Американскиот претседател Доналд Трамп. Очекувам дека неминовно станало збор за заедничко спротивставување на Трамп и Орбан против белосветскиот берзантски шпекулант Џорџ Сорос и ноторната “длабока држава”.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top