Коментари

Човечето кое љубеше да целива и мете!

Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ

КОЛУМНА НА ЦВЕТАНОВСКИ: Човечето кое љубеше да целива и мете!

Како Македонците ќе го паметат Заев? Најверојатно, како она црпнатото човече кое многу милуваше да целива се’ и сешто, башка да мете. По убаво сигурно нема да биде запаметен, а во моментов, целивките му се хит. И оние успешните, на страна неуспешните му. Оти, Зоки, обожува да целива, бацува, гушка и национални вредности да дарува… Ама многу. Велат дека при поздравување, странските државници протоколот ги предупредувал да внимаваат со целувачот од Балканот. Да не се заборави Зоки, па да не претера во целивките му. Не им било лесно на фацките од „меџународна…“

Упатените велат и дека муртинецот орно вежбал – прво на Бихаќка, а сега на Илинденска. По цел ден се праксирал и нон-стоп ги целивал тие околу него. Омилени му биле Роко, Кочо и Петрит. Рада, за негова жал, не била по целивките, ама ич, а Бујо при секој обид му се заканувал со орле. Најалергични на Зокиевите целивки, пак, биле Рената и Нино од Димитрови. Затоа, Рени се спремала да се врати на факс, а Нино се подготвувал за штрафта во Америките, во Институт да си работи, оти тука сработил и потпишал се’ што му побарале.

Оние, секојдневно и најчесто целуваните, пак, си имале и психички трауми, но според нивната животна филозофија – целта ги оправдувала средствата и целивките, па заглавени во сопствениот макијавелизам, трпеле, ќутеле и си се забришувале. Пустите, велат, од време на време, оделе и на психијатар, кај тие најскапите, нели, затоа што биле полни ко бродови, а заради уште поголема пополнетост на пловилата им семејни, трпеле и целивки и менување имиња, устави, истории. Кога ќе размислеле, целивките и нежноста на Зоки биле и најмалиот им проблем.

А црпнатото чедо, тоа да ти било во силен траор. Неописива тага го обзела целувачот антимакедонски, оти во вторникот доживеал фијаско, страшен неуспех, абе кијамет целувачки го фатил.

Зоки, велат, се’ уште не можел да се соземе од вторничкиот таксират, кога Папата јавно ја одби неговата целивка на раката му понтифска. „Премерот“ ни, не можел да се помири со фактот што целата нација на која и го смени името видела, иако и од ридот утешни пораки на охрабрување му испраќале. Дури и Џес му се јавил од новата мисија за уништување на некоја нација, на која бил испратен по последната му успешна во некогашната Македонија.

Бадијала, никој Зокија не можел да го смири. Липал, шмркал, солзи ронел по цел ден во кабинетот Грујов, скриен од сите. Мака му било. Неуспешни биле и обидите на свитата да му се каже дека Папата не дозволувал политичари да му бацуваат раце, оти биле корумпирани, џабе. И тој им ја објаснувал маката своја, ама како секогаш кога е изнервиран на изворен струмички, па никој не го разбирал…

Единствена утеха, црпнатото чедо наоѓало во омиленото му пенкало, кое на времето му го здипли на Столтенберг и јавно го утепа од целивки. Погледот на овој скапоцен за него предмет и новата целивка врз веќе одамна од бакнежи излижаното стило го враќало душевниот мир кај ликот напатен, толку одамна црпнат од нивата.

За да не мисли на невозвратената љубов од Папата, Зоки си се фатил за метла. Со голем елан, поранешниот директор на струмички Комуналец, по цел ден метел по кабинетот, велат, дури и мермерот го излижал. Метлата, башка што му личела на ставата, му била одличен дефокус од неуспешната целивка, но и од дополнителната траума од срамот што трчкал – не по црвениот тепих, туку по асфалтот аеродромски, додека душманот му Ѓоле и Франиск си оделе по ред-карпенто.

Истата таа метла, му ја препорачале од истиот оној рид, кој им го даде и рецептот за поделба на народот му неподобен на „гласачи“ и „бојкотирачи“, како единствен иљач за Стеки да стане прецедник, со цел да се „скине“ од потшишување непотпишани закони. Башка, Зоки знае дека рецептот беше повеќе од успешен, така што орно ја фатил метлата и сега метел ли метел. На страна занимацијата и дигресијата од маката целувачка, измислиле и нова забава за рајата, демек катарза доживуваат владина, па еве се прочистувале од гревовите им напластени, што ли не… Им текнало. Еурека! Ајде ќе лажеме дека „чистиме“ во влада, локална самоуправа, партија. Уууу, добра идеја. Абе ајде…

Сепак, Зоки, џабе ти операција метла, чистка ли, што и лага да е. По сите гревови што и’ ги сторивте на оваа напатена нација, не постои средство за чистење кое по сите национални гнасотилаци ќе ве „опере“ кај народот. На Илинденска, пак, обидете се подобро со „Операција дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, како што планиравте и со метлата. Но, за ваше добро, настапете со „помеки“ средства, колку само да ги заплашите и избркате штетниците…

Чуда ќе излезат и исползат од таму, гарант, тешко дека нешто и ќе остане во влада, освен можеби персоналот, обезбедувањето и техничките служби…

„У ствари“, за ваше добро, баталете „Операција Чистка“, не замајувајте јавност, седете си и не работете ништо ко и секогаш. И за чистење треба талент, башка работа, а тоа не ви лежи, ниту стои де.

Изборите, макар редовни, се 2020-та. Ќе издржи овој народ уште една година, што не издржал, а на толку маки, една година е ништо, трошка, капка ли. Сетете се само на историјата која толку орно се обидувате да ја избришете. Ни севернава глупоштија нема да ви помине. Да, се’ си има рок на траење.

Еден колега се шегуваше со вас и ви напиша дека сте во паника – дали постои живот после власта? Истото прашање си го поставува јагнето за периодот по Бајрам, нели, а проблемот е што за вас, по власта постои не живот туку живуркање и „борба“ за периодот во кој и само во кој вистински живеете и за кој живеете. Владеете де, затоа што затоа и сте створени, според вашите урбани комуњарски легенди, нели.

Епа, лапајте тендери, црпете фондови за иновации со неинвентивни идиотштини, влегувајте во марихуана и други бонбона бизниси и подготвувајте се за 4 години живуркање, чеда опортунистички. Имате година дена за да ги „наполните“ батериите  и да ја доопељешите државата за да имае сила за нова „борба“ за живот, т.е. за власт. Барем, правете го тоа со усул, не вака..

https://denesen.mk/kolumna-na-cvetanovski-chovecheto-koe-ljubeshe-da-celiva-i-mete/

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top