Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ-Х

tren

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ-Х

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

1. Македонија доби нова хероина! Таа се вика Тамара Тодевска. Оваа титула Тамара ја освои со едно од најсилните македонски национални оружја – песната!

На 18ти мај во Тел Авив, Израел, се одржа финалната вечер на традиционалниот Евровизиски фестивал на којшто скромната, но вредна експедиција на МРТ, ја предводеше нашата Тамара Тодевска. Иако во кладилниците на нашата претставничка Тамара и на нејзината песна не и предвидуваа висок пласман, таа блесна со космички сјај уште на пробите, а својот триумф го најави веќе на првиот настап, во квалификациите, за што беше и наградена со влез во финалната вечер и тоа како прва во втората квалификациона група. Нешто што до сега го немаме доживеано во настапите на нашите претставници на Евровизискиот фестивал.

Тамара бриљираше на финалната вечер со својот супериорен настап, со својата појава, со  своето достоинствено однесување на сцената, со својот извонреден сопран, со прекрасната песна изведена на англиски јазик што стручното жири на еден БиБиСи, т.е. Англиското жири, го препозна како извонредно остварување и го награди со максималните 12 поени.

Радоста на сите нас ни ја помати небулозниот систем на телефонско гласање “телевотинг” со којшто победата на нашата Тамара буквално и беше украдена од раце! Овој систем на гласање, тотално нереален за вистинско вреднување на песните и изведувачите на Евровисискиот фестивал се надевам ќе биде тема за резгледување и ревизија од надлежните во Евровизијата бидејки е очигледна неговата неправедност и неодрживост. Во моите очи Тамара е морален победник на Евровизискиот фестивал, а тоа го мислат и многу други!!!

Но за мене, над се, е најважно што нашата хероина Тамара успеа со својата песна најдостоинствено да не претстави пред 200 милионската поблика пред малите екрани и да го поврати духот на Македонецот, каде и да е. Тамара ни овозможи да се израдуваме барем малку после сите небиднини што ни ги приредија последниве години бескрупулозната “длабока држава” отаде океанот и соросоидите од Брисел со помош на домашните Квислинзи!

Им порачувам и на едните и на другите: успеавте со вашиот подмолен политички и криминален шнајдерај да ја преустроите Македонија, но никогаш нема да успеете да го скршите духот на Македонецот! Никогаш!!!

2. Во Скопје се расправаше по жалбите на терористите од инцидентот во Диво насеље (9. и 10. мај 2015) во којшто загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи, од тоа четири “инструктори” од Американската воена база Бонстил на Косово. Заробените и веќе осудени терористи, замислите: побараа меѓународна истрага за да се докажала политичката димензија на терористичкиот акт што тие самите го извршија.

Дека станува збор за политички мотивиран акт и јас би се согласил поаѓајќи од сознанијата што излегоа во јавност. Прво, според декласифицираната коресподенција помеѓу амбасадата на САД и Стејт департментот кристално е јасно дека: политичката партија СДСМ непосредно пред Кумановскиот инцидент била во Приштина каде со тамошниот премиер и поранешен командант на УЧК Рамуш Харадинај била договорена целата операција за учество на балисти од Косово (По десетти пат го повикуваме Јавното обвинителство да покрене истрага по допрен глас); Второ, еден од заробените терористи јасно и недвосмислено изјави  дека терористичкиот акт во Куманово е изведен во соработка и со фактори во базата Бондстил на Косово; Трето, истрагата по настанот покажа дека целта на уфрлените терористи била да се дестабилизира цела Македонија со провоцирање инциденти во повеќе градови во земјата; Четврто, самиот Заев пред кумановскиот терористички инцидент се закануваше дека “ќе падне крв доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја предаде власта”…

Се надевам дека актуелниве властодршци нема да попуштат пред уцените и притисоците на нивниот коалиционен партнер (ДУИ), или странски партнери, бидејки еден ден ќе треба и самите да се соочат со правдата и гневот на сопствениот народ.

3. Во Охрид изминатиов викенд продолжила работата на заедничката македонско-грчка комисија за исфрлање на иредентизмот од македонските учебници. Од соопштението за последнава сеанса на комисијата ништо конкретно не чувме, осем баналната констатација дека се работело во “конструктивна атмосвера согласно заклучоците  од Договорот (според мене – капитулацијата) од Нивице)!?”

Можеме само да претпоставиме што се ќе прифатат нашите измеќари во споменатата комисија, ако се суди според искуството од Договорот за пријателство со Бугарија!

4. Македонија не е само транзитна земја за проток на тешки дроги од разни светски дестинации туку, како што покажа случката со независниот пратеник од листата на владеачката СДСМ Павле Богоевски, дрогите се наше секојдневие и се консумираат во највисоките ешалони на власта. Благодарение на тајно снимен телефонски разговор чувме како Павле Богоевски (галамџија од “Шарената револуција)” слободно си порачува половина грам дрога. Но, бидејки власта е фатена со турнати пантолони: нејзин парламентарец тргува со дрога, измислија приказна дека, всушност, станувало збор за порачка за масло од канабис за медицински цели што Павле го порачувал за сестраму, а порачката, наводно, илигално ја снимил таксист којшто го возел Павлета!?

Кутрите таксисти кај нас едвај преживуваат возејки крнтии стари по 15 или 20 години, а не пак да снимаат муштерии кога ги возат, како на пример лидерот на “Шарените” Павле Богоевски, или типови како него. Многу поверојатна е верзијата дека станува збор за илегално снимен разговор од серијата “бомби” што сега слободно се продаваат за ефтини пари на Косово и се пуштаат на интернет – зависно од мигот и личноста којашто треба да биде распната на судот на јавноста!?

Како и да е, институциите нека се занимаваат со трагањето по вистината, но клучно е прашањето дали Павле Богоевски помислува да признае одговорност и да си поднесе оставка на функцијата пратеник бидејки лично тој е главен актер во скандалот.

5 Од Охрид ништо ново: Она што го правеа како авети/духови во ноќните часови, до претседателските избори, со изградбата на 32 метарско минаре, сега се случува јавно, денски и тоа без око да им трепне бидејки (според образложението на власта) тоа било според меѓудржавен договор!? За џабе им се протестите на Охриѓани и надежите дека Заев ќе им помогне. Па токму тој е најодговорен за беззаконието што владее во нашата земја. Фактот што на словенскиот Ерусалим Охрид му се заканува одземање на статусот споменик на светското културното наслетство на листата на УНЕСКО – никому ништо! Пет пари не даваат. А губитници сме сите ние!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top