Коментари

Александар Џеповски-Заев цицај крв

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Заев цицај крв

Колку што можеш повеќе, ич да не се срамиш, не биди будала. 

За тоа имаш голема подршка од тие што те наместија да бидеш феудалец. 

Кога народот спие и ти прави атер иако се лутат на тебе и ти извикуваат  ” некултурни пароли “, ти од инат цицај  им ги нивните големи крвни зрнца и нека умрат машки, на спиење. Нивното одбивање на отпор да ти дадат е за осуда и срам. Затоа сме дојдени до ова дереџе и спас нема и не се наѕира. 

Твоето цицање крв е поконкретно со не давање пренос на спортски натпревари, лажни ветувања за подобар живот и поголеми плати, ” историски намалена вработеност ” и сиромаштија до несвест и назад во афрички стил. 

Кога нема некој да рече ДОСТА БЕШЕ, кога нема спонтана реакција кај народот па насобран да ти одлучи во Чаушеску стил, до тогаш само така терај си и народот нека ужива во твоето цицање крв. 

Имаш Заев историска шанса на парадата на гордоста да се појавиш, Јункер и пијандурите да се гордеат со тебе, а Ван Хојте да те прослави на Твитер како негова крвна група. Тогаш остави го народот нека ти скандира силно и гордо Заев цицај крв па дури и да утнат некоја буква. Фактите говорат дека ти си феудалец и се изнацица пари од Македонците, па тие нека си останат со празни раце. Нека им биде утешение грешним оваа парола, затоа што вистината многу боли, а боли кога цицаш крв и не одговараш пред никого. 

Да се надеваме наскоро дека ќе се позајмиш 20 милијарди евра, па после ќе имаш повеќе од 5 милијарди евра иронично кажано повеќе од Груевски за кого не докажа и дека украл 5 евра за сладолед, па за гумите од Мерцедесот 53000 евра кој ти го скапа од возење и уште милиони други финти и фазони кои ги остваруваш во твоја корист … затоа Заев цицај крв, замижи и уживај, никој ништо не ти може. Македонецот спие ли спие. Има една изрека на која сите и ја гледаме вистината – глуп народ, силна држава. До кога, ќе каже некој одозгора.

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top